Абе цела недела си гледав А1 на Сител и Канал 5 и си шупев. Само неможам да се одлучам која А1 ми е поуба. Она на Саваш или она на Сулејман. Како и да е од двете, посебно она од Саваша шибат со вести за убајната ни, на нашата ни, држава ни. Зато си бев релаксиран. Прво неделата прекрасна ми напраја Чинго и Сарачини. Не опаметија нас зељкариве, дробискојнава народецов прост.
Да се штедит струја или чаре. Ако не штедиме заедно со си локалните самоуправи ќе не рестриктирале. Убо. Па и требит да не освестет нас расипнициве. Шо е ова? Ако е за потреба на брача Срби ќе штедиме и то како. И јас одма се зафатив со постапките за рестрикција и не блени така требит и ти да почниш. Убо викат она реклама: “Покривајте ги садовите со капак, за да го намалите времето потребно за готвење“. Аферим. Кажано јасно и гласно. Зш ние копуциве ова не го знајме. Јас не само шо сега го користам капакот туку само него го користам без тенџере. Ојме по градов и навечер еден во еден се маваме ко муви в џам. А оние 33,33%??? За нив незнам, а за кубурот знам. Мирен.
Како и да е требит да се свестиме да се штедит малку. Не бе малку. Ептем требит. Шо си се разгаштил овде бре со терморот на цели 2 и само со 3 ќебиња покријан. Кај ти е четвртото? Јас сум за то и да се укинит депилацијата со струја. И со топол восок. Шо потреба де да се депилирет жениве. Или ладен восок или нека шетет ко Јане Сандански, меѓу ноѕе. Како ам. То шо платив 13 и пол иљади денари за струја не е од то шо ценава на струјава е до небеса, туку недомаќинско користење на грејните тела. Посебно пластичнине шишиња со вода. Зш јас, а сигурно и вие, ја палите печкана во дневна, а ојте да се стоплите во подрумон. Ние самите си прајме да плаќаме многу. Не Чинго и Ваљон. Ние самите си напрајвме една сметка за струја да ние како една машина за перење. Еднуш шо се купвит. Како и да е. Ти…..мирен со кубурот.
Како шо почна неделава така и продолжи. Со радост. За денот не вљубените се сретнаја Коле и Меркелица. Пуста та, да не пукнит ептем е искрена. Јасно и гласно кажа:“… Најн проблеминзи со имен решензи, стапен НАТО…..“ Незнам на кого ова не му е јасно. Си кажа жената дека пресудата од Хаг ни е за покрај хемороидите и крај. Многу убо било шо била во наша полза ама и ни плесна дека е многу многу поефикасна од “перфекс“.
И на Хорхе му е ова јасно и зато напиша писмо да ги просветлит оние шо ќе кревет раце во Америка. И тие се здрвија. Разбрав дека од ко го прочитале писмото ни јаделе ни пијале туку смо на нас мислеле и на кој начин да кренат раце за нас, на кој начин да напрает од банана држава. А тие се оние истите шо креваа раце и во Букурешт. Како и да е. Дур чекаме да кренет тие раце нас никако не ни е јасно дека ќе морат ние да крениме ноѕе. Мирен со кубурот.
Она шо е зезнато во ситуацијава, ај ние како народ шо сме тутурутки, туку и незнајш шо овие од партииве мислат за НАТО т.е. за името. ДПМНЕ е јасен дека е за името арно ама не се сами. ДУИ не се замарет многу ни со име ни со НАТО ами се за власт. Ако дојт НАТО арно дошол. Ако требит да сме гремлини, а борецот за права Али Амети да е на власт, нека сме. А СДС се најфакмани. Чекет прес конференција на некој од запад и овие од истоков се распуквет ко него. Како и да е. Мирен со кубурот.
Ако и пак тие не се просфетле со писмото на Хорхета јас ептем се просветлив со парламентон наш. Гледав и понеделникот и вторникот само незнам на која А1 беше, важно пратеницине, шо НИЕ ги плаќаме, ме продуховија. Луѓе за пример. Се вжешти атмосферата, кој бил за Северна Кореја кој за Бугарија и прво ме просветли ептем пријателскиот разговор меѓу Бендевска од СДСМ и поптреседателката на парламентот Светлана Јакимовска. Во нивната дискусија немаше појќе од 80 децибели.
Ептем ….пример…ме бендиса и настапот на пратеникот од дијаспората, појќе е спора ко ќе се однесвит за напредоков на држава отколку дија, Павле Саздов. Овај чоек аку дојде во власт со неколкунаесет гласа се дрзна да решават за прашањата во Македонија и уште жив Тито Петкоски тој побара едно минутно молчење за него. Не оти Тито ми е внук од брат пак се насекирав, ама пак нејќам Павле ни золва да ми е. Мирен со кубурот.
Се расприкажвав јас, а еве ќе ми почнит најрелаксирачката емисија на светот. Е ова не е на А1 туку на сервисот на граѓаните во НСРМ, наречен МРТВ. Најмогу ме бендисвет ко ќе се јавет кутрине оние од дијаспорана да плачет за мајка Македонија и покрај роднините ко ќе го поздравет и кучено шо го остајле пред 30 години и мислет дека е уште живо. Да им побараш еден долар за помош за некој не те рецкет, а овај повик ако е 49,98 денари без ДДВ.
Одам да гледам иселенички џубокс во кој се појќе и појќе имаме шо ни се јавувет иселеници. И уште ќе имаме. Можда и јас некош ќе му се јавам на Орце од таму. Зш ова кубуров…..не дека ми требит….ами како закочен да ми е, зарѓан. А вашиот?
[email protected]