Море мајката. Ова ни било ни ќе бидит. Абе сеј си мирен ко шо седеше години и шо кој онако менвиш нешто на кој го навикна светов. Посебно нас НСРМ-овците. Дан ни беше лошо шо кој стигна не расчалвеше?А? И сега после толку чалење од нигде никаде победвиш репрезентација која на FIFA листата е 78, а ти мочко 139 – ти позади Палестина. Абе сеј си мирен и нас мирна ќе ни беше глата.
И ај шо ја победивме Црна Гора туку се дрзнавме со 4:1 да ја распарчиме. Ај то. Дрзвење мочковциве за пет минути 3 гола. Ц ц ц ц ц. Алооооо. Е како шо. Прво цела недела ја потрошивме да докажиме дека е вистина. Никој не не есапеше и не вервеше.
Ајде вакви снимки такви снимки изјави, па жими мајка, ако лажам стрина ми Ефтимица да ја фатит пролив на раскрсница, па ако лажам Мики од Штип да дајт Господ на родителска да ….абе шо не. Па праќај ги сите снимени материјали до комисија за утврдвење на веродостојност. Едвај поверваја дека не е 8-мо светско чудо. Па го зедоа Ацета Трајковски да го проверет во суратон дан е Роналдо препраен во него, па кожата од лицето му ја дереја, ова она. Ќути. И ај ко докажавме дека навистина победивме – јас уште не вервам- ја ти ги на врата сега Јозев Блатер, Мишел Платини и кој не друг, директ кај Катица да пријавет уште еден случај. Абе не туку ми менвите навики и историја, аман.
И види сега заебанција. Важни луѓе ни идет во НСРМ, а малку мене ме фаќат страв како ќе ги обезбедвиме. Мислам како ќе ја напрајме безбедноста на високо ниво кога овај новиов министер на МВР им ги зеде пренесените надлежности на другите. Јас не се разбирам дал е така ама чим викет морат да е.
Мада тој сам се заеба. Сега ќе требит да ојт кај сите лично да си ги земит. Ам пустиов ако беа пренесени зш не им рече да му ги вратет сами? Не така? Зш вака оди кај овај земи, носи, одај кај другиот земи носи, ам море бик да си ќе ти паднет мадињата од пешачење и носење. А доказ дека сум во право, аку не се разбирам, е то шо от ко дојде до пола, сфати дека му паднаа мадињата и одма рече дека на голем дел ќе им се вратат. Надлежностите. Ама види заебанција. Замисли ако на сите им ги имат земено сега прајт нати го дај ми го…и шо напрај? Е шо напрај….дисаѓи напрај.
Вакви работи мислам дека ние како ептем сериозна држава, како лидер во регионот во секој сегмент на бедотијата не смејме да си дозволиме. Зш види станавме во уште една работа лидер не во регионот туку во светот.
Кажи ми ти бутурен еден која држава добила седум извештаји за да добиет пред одма до, само малки и предлог за предлог дали ќе се предложит да се добиет пред препорака со која ќе се добиет мождапред препорака за препорака која ќе овозможит да добиеме препорака за да предвлезиме во ходникот шо е кај клозетон, пред собана за препрепораки за можен предвлез во предЕУ? А?
Ај шо сме сериозна популација ами сме и многу образована, поткована за економски бум и политичка стабилност со подобрени меѓунационални односи како и намалување на меѓупартиски колења во меѓунашите осноси. Од вишок образовани мозоци шо имаме све појќе и појќе праќаме млади луѓе во западниот свет прво нив да ги средиме зш нив им горит под нозе па после кај нас ќе средвиме некој ситници.
А како да не сме образовани кога уште од мали децата ги земвиме под ноѕе да ги изнаобразоваме. Еве последнава анкета во Скопје во Аеродром спроведена во основно школо….дали сте задоволни од работата на градоначалникот на Аеродром, сметате ли дека има корупција во општината, каква е вашата оценка за оваа единица на локална самоуправа споредено со останатите ? Ова беа прашањата за основците. Сега се спремат анкета во градинките……дали председателот на вашиот куќен совет е ефектививен со активностите за спречување на вашите татковци да мочет во ходниците од подрумите? Како ам.
И на крај збеснав се изнервирав. Ептем претераа овие навивачиве од Охрид “Рибари“. Се изнаљутија зш саботата службено лице прегрубо интервенирало на 13 – годишно дете и ја напуштија салата, па сега ќе имале бојкот ова, она. Абре деца немојте така со пребрзани реакции. Прекумерната сила е забранета за применување над терористи, а не над малолетници шо навивет. Аманте и вие бре деца.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив