Море море јак политичар. Море јак пратеник. Па па па. Абре хитно Амди за евро пратеник. Море шо евро, свето пратеник. Или меуѓнароден член во комисија за спроведвење на избори на месечина и после председател на комисијата на ПИКСИ. Не не глушец туку Планетарна Изборна Комисија за Спроведвење на Избори.
Абреее…..Амдиии – Пиксиии, Амдиии – Пиксиии, Амдиии – Пиксиии…..тииииии како ќе скандирам , тиииии ќе си ги напрам рацеве како лопати за закопвење темели.
Абе факман, абе џек чоечиште. Фрштит од интелегенција. Светит. Жарит. Е вакви пратеници нас ни требет. И све дур НСРМ имат вакви пратеници не требит да се плашит од својата иднина нити пак да се гнасит од својте пратеници. Ама им го плесна убо им рече. Немат ни под точка разно да ги гласал оние министри на следните избори шо ќе се одржеле на 11 Октомври.
Абре за ова требит интелегенција, храброст, море мадиња да се имат, да се имат гас да се имат и не само да имаш гас туку како него да го вртиш и да го нишаниш кун секој шо ќе дојт на власт убо да ти го погодит , не само напучисе. Не така? Ам како.
Мада и јас му се придружвам нему. Не да го пучам мојов. Туку ако е тој факман, јас сум пофакман од него. Најфакман. Не само оние шо не ги гласам, абреее алооо јас никого не го гласам, на 11 септември. А да не прајме муабет за изборите на 11 Номеври. Тогаш имат да го искинам ливчето пред камери. Газов ќе си го избришам. Море јас и Амди сме …..шо бе сме. Од нас све зависит во државава посебно од Амдија.
Или вака бе. Фрлам нараквици за предизвик. Гласам само за тие шо ќе имет министерски мандат 24 сати. Мојт? Ак не мојт не гласам. Абре ко мојше Италија за 3 недели 3 влади да менит зш ние да не ги менвиме на 24 сати министрите? Па веќе имаме искуство со такви работи. Шо?
Чек чек чек не трчај ко прле пред магаре. Не се нервирај. Ај едно просто прашање. Шо е појќе еден министер, ко овај шо беше, појќе од еден тампон за менструација? Зш тампонот да се фрлал на 24 сати, а министерот да е со мандат појќе од 24? Е ај де кажи. Најди против аргументи зш да немаме министри – тампони. Шо разлика имат меѓу тампон и министер а? Фрлаш и едното и другото за еден ден. Е додуша имат разлика ама мала. Тампонот спречвит крв , а додуша некој од другиве поттиквет крв.
Тактика бре. Немат тука трт мрт. Амди си имат тактика и јас си имат тактика. Шо сум подолу јас од него. И Зајко си имат тактита. Шо е пак тој подолу од ПИКСИ-ја? Можда чоекот осети дека немојт некако на минитинзите, кои се држеа пред контра митинзите, да продрит до возрасните, ете чоекот стегна гас, ах пусти овај македонски гас, го стегна и одржа реч пред првачињата. Ам сега ак не го разбирет големите можда ќе го разберат малите. Ак не го менит Колета за 3 месеци ќе го менит за 13 години ко ќе пораснет оние на кој им се обрати. И така бре требит. Така се прајт од корен свое гласачко тело. Да почниш да ги учиш од мали ноѕе да го прает најубо она шо ќе требит да го прает ко ќе станет политичари. Убо да какет. И не само да какет. Ами како да се бришет за да не остает траги од гомцата шо ги напрајле.
Добро одбрана стратегија. Да не речам Заев реагираш како зајко. Брзо. Зш ако вервиме дека од пред 10 години сме имале 45 000 ученици помалку не ќе имаше чоекот на кого да му држит говор. Е како зш. Све шо е здраво здувна во странство. Не не . Не се секирај за Каракамишева. Токму Зајко ја спречи емиграцијата од НСМР.
Прво на децата им го зеде бетселерот од Каракамишева “ Бег на запад заради невозвратена љубов“. Дан не им вратит некој љубов во иднина и дан ја драпнет и тие како вторачиња. И одма им го даде неговиoт усер гајд за останвење во НСРМ со наслов “Остати у отаџбину с чашчу“.
Де бре не се смеј. Тој каде каде поубо зборвит од Бети српски. Го слушав ко кажа на еден новинар од Србија: “….тако да чемо се борити чемо се за нашиму частиx, части наших деци, да остану оних овде и да живе са чашчу“.
Знајш шо? Ќе престанам да го викам Зајко.Од сега ќе си го викам Робин Худ. Уште да сменит, да почнит да крадит од богатите да дават на сиромасите. И да облечит хулахопки. Па шо…му личат.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите