Море чоек како не се разбираш незнам. Незнам ни зш не ми вервевеше мене ко ти велев дека 102.99 % аир ќе видиме и од него. Дека и државава ќе видит аир од чоек како Амди Бајрам. Како ам. Е сега му требеле 22 мандати како пратеник за некоја уба идеја. Му требеле ама немојт да речит никој шо го мразит дека е пратеник од 1893 година, а ништо од него паметно не излегло. Ете по негова иницијатива ќе се прајт споменик за ромската кралица Есма.

А не е прва иницијатива од  ромскиот Ајнштајн. На пример имаше предлог за усвојување на правилник како се напиквит среден прст в задник наменет за членој на СДСМ. И еве сега тој е со нив и ќе му озвможет спроведвење на ова иницијатива, ама ќе се менит насловот во “Како ми го пикет сега прстот во моето газе“. И ќе излезит бестселер преку неговата автобиографија.

А зш Ајштајн? Абе цела фамилија му е со високо АјКју не сакам да ти одземам време да набројвам. Дал е мал раритет дека син му стана градоначалник ко ги имаше сите 5-ки во петто одделение. Е како кој син. Онај шо го тепаа во 24 …уствари 0 и 10 часот, у нула 10 минути по 24 часот….значи у 24 0 и 10 аааа не не вака…..после 24 и 10 минути поминуење…е тогаш…тогаш му го тепаа малиот шо беше градоначалник.

Важно од чоеков лично јас и неговата фамилија сме превоодушевени. А уште појќе сум препоептемнајмногу воодушевен од градоначалникот на Штип Бочвароски. Па па па па па….работење манов ова не е видено. Ејјј море чоекот за само, за само една година, за толку кратко време, чоекот напрајл 1000 метри локални патишта патиштосани и 1400 метри пат го наредил со тампон. Чак Норис лајна да јајт.

Јас пак чуди се зш сиве жени шетет по улициве крвави ко дебрчанки, а то маестро Бале градоначалникот собрал све шо се тампони и за да ги тампонират цели 1400 или со зборој илјадаичетрстони метри од патиштана. Бо бо бо….абе овај подвиг во услови на севернава држава е равен на градење на 50 спратен хотел во Дубаи. Да му се прднам така.

А и да му се прднам на тие шо јадет и трици и зоб и слама и разни житарици дека наводно Хорхе требело да прогласит вонредна воена состојба и дека наводно под притисок од запад не прогласил. Јасно и гласно рече нашиот прв твистер: “Еве нека се јават кој реагирал и кој рекол да не прогласам воено состојба. “ Шо би се рекло во превод  тој сакаше да прогласит ама не знаеше како.

Мада јас мислам дека имаше оправдана причина, а требаше да прогласит, ама како ко возилата беа со стари гуми. Ова цела ситуација да беше сега кога Шеќерка е министерка и набави нови гуми за возилата ќе мојше да прогласит. Зш тогаш кај ќе одеа  армиските возила со издупени и истушени гуми.

А дека ова е ептем да не речам преептемнајпопреголем настан доказ е и присуството на министерката. И не е тоа свееееее, ако се јавите…..уф грешка. И не е тоа свееее….сега следвит и нова нарачка за нови чизми за припадниците на армијата. Да да да . И пак тоа не е е……следвит нарачка на нова униформааааааа. Ако се јавите во следните 10 ….пак залетав.

Ко го слушна ова, ко го виде ова Ким Јонг-ун збесна, искрши све дома, му идаше да ја продајт цела Северна Кореја и све отера у 600-то мајчини излезе на тераса и рикна ко ранет лав со зборојте: “Makedonirhiasuri 마케도니아는승리하지못함“….и падна во очај. И да знајш господине. Во право си. Двете држави све северни ама Македонија е поголема од вас.

Ауууу пак се забрбав. Ми останаа нецели 10 минути да се истуширам, депилирам, да му и се јавам на Зоне, да видам дал го применвит  новиот проект од Амдија “Како ми го пикет сега прстот во моето газе“ и да се залепам пред телевизор. Сакам да ја гледам новава епизода од “Ѕвездите на Гранд“. Ми рекоа сме имале наш претставник…не да пеел растурал. Све знаел да пејт. Сите жанрој. Да бе…некој Александар Василевски – Минџа. Ако е така знам дека и на евровизија ќе го пратиме. Гооооо Минџа Гоооооо…

ЏИМИ

 

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите