Абре ќе пукаме бре. Ќе грабиме, ќе силуваме слушајме ти мене. Сеља ќе го најдиме ќе го наќофтаме. Све ќе прајме и до октомври ни влакно од глата немат да ни фалит. Абе излегвам од дома и одма ќе мочам на плоштад. Одам в банка ем ги терам сите у 600 ем ќе искинам документите од кредитине.

Ме нервират Шуле? Ќе го искршам бетер од Сеља ќе го напрам. Ќе земам и теле ќе го шетам низ градов како кученце санќим Битола сум. Шо? Струја да платам? Боже пази. И то не ко Весна во Вардар, в езеро од Канео со си сметки ќе ја турнам колана и не мислам да гњурам да ги земам сметките за да ги платам. Не да ангажират ЕВН холивудски глумци како Вучича шо сакат нека прајт немат да ме натерат да плаќам.

Ќе му одам на Жерновски…..како да не…ќе му наредам да дојт не во Охрид, в дневна и да ми се напучит да му акнам не шамар , клоца в нос. Така ами како. И после му ѕвонам на Мицета, не глушецон, онај од ДПМНЕ, не не реков ВМРО, реков ДПМНЕ. ВМРО е нешто друго, нешто шо мислит за државава, за народот свој да не го разнебидит, да не го лажит, а ДПМНЕ е. Ај да не губам време на глупости. И му ѕвонам и нормално си барам амнестија. Ако не дајт ојде јабана референдумот.

З`ш мене ништо поважно не ми од референдумот….мада и да им плачам мајката на сите во државава, да сум амнестиран каубоец.

Е како кој. Хорхе ќе ми ја потпишит амнестијата. Како да не…не ќе ја потпишел. Не бре не, тој не мислит шо да потпишит, а шо не, туку друг му кажвит. Како ? Море ојден еден не вели така за председател на држава срамота е. Не е ни мутав нити задња рупа на свиралу. Прва рупа је. Туку немат време чоекот зш учит твист зш чеокот еднаш си дозволи Боцески да го шинит, ааааааа немат појќе. Цврц.

А шо те стегна сега? Зш да не го вервам него дека ни мислит арно? Ар седи тука ти. Јас незнам дал го гледаш. Па си отвори приватна програма и нудит решенија за НСРМ како производине шо се нудат и нон стоп е на телевизија . Да бе. Како незнајш како е то? Абре она кај шо викет дека ако не го купиш ова ќе те фатит пролиф, ако не го купиш ова змишча ќе ти шетет по куќи, а пак ак не се намачкаш со ова ќе ти се исушит коленото и мојт да ти се откачит писката.

Е тука почна да работит Мицале. Абре вработен е како лајф јусер гајд. Ни кажвит како да живејме и шо ни фалит. Јас го снимив и секое сабајле си го гледам и од тогаш не употребвам ни андидепресиви ни седативи, а за афродизијак да не прајме муабет.

Си излегвит чоекот ги местит рацене ко пајажина да прајт и почвит да кажвит дека Зајко ја сјеба држава, дека прајт криминал, дека е издајца, како станвам и се думам и за леб пари кај ќе најдам, како….абре све кажвит. Зш јас појма немав досега дека држава ни ојде јабана. Тој ми ги отвори очиве. И на крај велит дека требит да му вервиме. И искрено јас му вервам дека ќе ја опрајт работата.

Зш тој беше со другарчињата ко ја досјебаа ионака сјебената НСРМ и тој со нив се посра така да немојт да не знајт у ком грму лежи зец. Не Зајко, зец, ова е поговорка. Зш види вака логички, кој поубо мојт да се забришит ко сам се покакал. Кој поубо мојт да опрајт од онај шо заебал. Јасно. Само не е дојден до она да почнит да ни кажвит: вдиши издиши, вдиши издиши. Не оти лично мене ми требит то. Ние дишиме инстиктивно, ама ај да му го напрам ќејфот да мислит дека навистина без него не мојме да дишиме.

Го виде како и помогна на она бабана? Е како која. Она шо немојше да ојт ради коленото, а сега држит часој по јога, стана олимписки атлетичар…..како ам Мицко и помогна. И го препорача онај мрсуљон од полжав. И ја спаси. Зато викам дека ќе опрајт све Мицика. Дури ако нарачаме во првиве 15 минути спас не само оваа шо ќе ја опрајт туку и уште една ќе ни пратит.

Само едно ме мачит мене. Дал ќе се дрзнит да ја оправат државава сам или ќе го почекат Колета после два тринаесет години заедно да ја оправет.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите