Ахххх лелеее …..солзиии сами капат простимииииии….. не капат….гргет….шибет. Состо бе Ники , мило Ники вака ти прави на Скопја? Состо ти нас Сверно кладе и оставка даде? Ах бре кир киросан. Нас ни го закачи северна, а ти ќе ојш на запад? Ар зш сираци на балкнаов не остај? Ај за Сулејмана таман се помирив шо не остај кој сакат и како сакат да не онадит сега и ти исто?

Абе Ники…кој сега баци Соки? Кој нему прави муа муа муа? Кој него гали? Абре Ники аделфос моја. Соки мена име ти реце дадис вила Грцко. И сега на Зајко кој ќе го пуштит на летовање? Чоекот ем ајвар праеше на референдум ем, ем мена име и сега на кого да му ги дајт 10-тина тегли ајвар шо ти ги вети? Абре каков Ципрас каков бакрач. И да му дајт вила тој не знајт да се бацвит. А пак овај нашиов душа негова да се лигајт. О состо ли бе Ники да пусто не останало. Кој сега гали Зоки? Грујо?

О состо ли сите насекира нас. Та ти та тако ѝ на Жугичка секираше. Та како чоекот не кладе кондом во 72–ра година та Јеленче не ќе се родеше 73-та , и немаше во 2018 да тресеше зелени. Кутрото во шо ја фрлија. Ради 5 минути нивни ќејф мене 5-6 години глава ми пукат, пролиф ме фаќат та повраќам ко близнаци да носам.

Абре момето се разочарало од Елизабета и то врло веома јептем много за гласањето. Јело мори моме избезумено…а јас шо да речам ти ко бараше куршуми  за македонци да се употребат? Пол кило Дијазепам и 250 грама Линекс не ме смирија од твоето просеравање тогаш.  Оооо да.Се корегира….рече гумени куршуми биле. Ам бивша директорке шо ак се гумени, не се бомбони, куршуми се. И шо тие гумените прфут дан тресат или бубуљици дан лечат. Или можда лапсус дан напрај. Дан мислеше на тампони? Зато кондом бре брате на време и свиркај си. А не вака сега се исприштев од нервоза. Ами Јело земај сега то гумените та куршиме та бомбони та тампони и мавај силно по Бетка.

Море и мене да ми влезиш со нив, не со тампони, посебно не со користени, шо одбрав во ова држава да живеам. Можда наместо неколку 1000 кондоми да се трошат можеше тате да клајт во времето еден та да не се родев маки да не гледав. Е како ли како да живеам јас во држава кога толку превирања се дешавет, а тој ни збор да кажит. Ни збор ни одгор. Па шо ако немат за потпишвење.

Можеше пусто Хорхе ако не друго да излезит, та свое мислење да кажит, та тенка кошула недовезена да довезит, та да кажит како светот го разбират, та на англиски мисла да светнит…..да степнит со Боцески чекор два…oh….aleajacta est…така ко татко на нацијата под свои крила да не задскриет….ох…како ли тоа да го направит кога домазет беше тој аџамија…кога слика имат тон не….уф …пуста море пуста да би пуста душа негова под кирија даена останала шо тој чекат зборој в уста да му пикнит некој та тој да исплукат….да кажит….нешто да кажит та да не се посерит….оооооо Арматолосооооо и председатолос дека ју ест ?

Ама нему е тука поетон шо му ги пишеше песните. Не дека не е тука туку нетука е зш се спремат за најновит проект “Решетка се од корен корнеше“. Јас се подумав да му ѕвонам да го поучам ама ми се јави телфонска секретарка и ми рече : “Во моментов немојте да го добиете пилотот зш вртит со авионот над аеродром сакат да го избегнит проектот шо го рековте во предходната реченица. Барајте ја Горде“.

И вртам на Горде пак то пусто одма ми се јави ама не оти ја слушав шо зборвит. Та викат, јас викам. Јас алооооо, та од таму алооо кажви, певај, признај шо сакаш. Галама беше. Од некој камиони. Па едвај разбрав дека со Милета биле негде на Пресека. Тој че превртвел камиони, а та со кафено лајче песок. Е сега ќе фрлат до кога ќе фрлат. Како да кренит кутрото толка лопата. Уште малку и ќе дофрлат. Ќе и помогнит и Миле и Коле и уште многу нивни другари.

Ај бегај касно е да си легнам со време. Дан дојт Мицко како е тргнат со исклучвење, мојт и струјава и компјутеров и телевизоров та да останит кошула не….колумна де недонапишана. Мада убо ќе напрајт со исклучвењево. Ќе заштедит и струја а посебно нервите на македонците. Само едно да пуштит и да остајт некое време  уклучено. Казанчето. Да заминат некој гнасотии.

 

ЏИМИ

 

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите