Чек малку чек од Брза Пошта ме ѕвонат: Вака бате, од кружниот тек прво по булевар “Мерко“, од тука вртиш првата десно и преку мостот “Мерко Рамиз“, па лево до крај на “Мерко Рамиз“ бр.44. Ѕвони и ќе ти отворит внук ми Мерко.
Е шо се збуни. Све крстив по нашиот спасител. Тук продолжи ти со то шо ти ги даде упаствата ММФ за да го крениме не само струшкиот, македонскиот, ами на но нозе да го крениме и Меѓународниот фонд преку, пожртвувањата, со сила гнетењето, па онаквењето на бато Мерко.
Мирен бе мирен. Ар не му давај Линекс. Каков Линекс. Матинај му рицино бре чоече. Нека прштит, нека шиштит нек се празнит спасителот на угостителите. А знајш уште колку кафани вечерва тој требит да посетит? Знајш уште колку телешки бифтеци требит да изејт? Колку фамилии ќе наткренит со прометот шо го прајт? И запамти….после секој 5-та кафана пола литар рицино масло и пола литар солена вода.
Нека џрџат од сегде за да мојт да ја завршит мисијата на спасвење на угостителите. А резултатите одма се гледет. Џафер вчера ко го отвораше ресторанон дојде со точак со рушена гума денес ене ти Мерџо паркирано. Е сега и ти…. половно, половно. Чекај овај е прв пик на сосила гнетење. Чек ти да го видиш вториот пик шо ќе бидит. Па па па. Баш вчера разговарав со ЗССЗП, т.е., со Завод за Светска Статистика За Промет и ми кажаа дека струшките угостители напрајле појќе промет од Лас Вегас со казинана.
Зато ти викам…земи боца рицино и матинај му. Браво Мерко. Браво пожртвувателу. Пред некој ден ми вети дека ќе ме помогнит и мене да отворам фирма. Да бе ми вети, жими него и сите политичари ми вети. Че прајт жртва и за мене.
Тргна брате тргна. Ќе се средиме ич не ми се секирај. Еве вчера ми дојде на рајат душата и со изјавата на онај јапонскиот инфектолог Јасоми Ени Сонито во врска со вакцините. Абе ги слушам јас 5 месеци и Зајко и Филипче ама никако да ги разберам дал ќе имаме и кога или немат да имаме вакцини.
Но излезе Самурај Јасоми и јасно, гласно и концизно кажа дека: 平和な生活を送りたいなら、友情を築いてください。 それは繁栄のための人生の基盤の柱で. И верви ми, ми дојде душата на место з`ш го разбрав појќе од првиве двајца.
Како? Ок. Дај му уште 300 милилитри рицино одврзи го и пушти нека ржит нека касат по ресторани.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите