Ми теквит ко почна мојата колумна колку критики имаше зш е на охридски дијалект. Многу. Ги примав критиките ги сослушвев и бев упорен. И истрајав. Еве толку години си ојт колумната на истиот дијалект, охридскиот. Народот како така дури повеќе од успешно го профати тој дијалект како заштитен знак на мојата колумна. Си се навикна. Сега дури гледам дека охридскиот се вметвит и во цртаните филмој (Телма),  а богами е заштитен знак, мада со неколку фаленки и во доста скечој на К-15.

Но дали јас требит да се навикнам и да го прифатам ова:“….не че можам да кажам со сигурност дека че го спасиме на фирмана со овој  мерки….“. Ц, ц, ц, . Де Мерко. Градоначалник си на Струга. Ако овај колумнист е само колумнист ти си  “баба“ на градот струга. Ти си званичен функционер во каква таква ама независна самостална Република Македонија. Другар му пак Ваит Ајро, директорот на струшкиот дел на проаква, вработените ги почести со принуден одмор, а нас не почасти со само нему познат македонски јазик “…исто така и јас че се одам на принуден ама ја ќе ја извршувам обрвските добровољно….“. А пак за поглавицата нивни Али Амети и да не зборвам колку многу го владејт македонскиот.

Сега, едно не ми е јасно. Како во една држава каде некој што е во држава 100 години, за да добиет државјанство морат да полагат македонски. А тие се обични луѓе, овие алал да им е функционери се. Дан се разбериме криво. На почеток зборвев за дијалект. А сега за јазик. Македонскиот.

Од друга страна јас сум многу насекиран то шо водоводната мрежа била тотраена исто како шо беа насекирани Мерко и Аце ко нафукаја партиски војници  и то цела фаланга после секој изборен процес. Ептем ми е мака. Само шо Аце и Мерко немат да одат на принуден, одат други.
Иако е дискутабилно…… дали кокошката је бил прва или јајцето је била прв…

Нејсе. Јас не сум сигурна дал че го спасат фирмана Проаква ама знам дека спајдермен ќе го спасит здравствово. Слушнав банал пак во некоја болница и пак фатил пушачки, спијачи и многу други чи. Чоекон сегде банвит не најавено можда и така требит, ама еве јас го поканвам најавено да банит во болницана во Охрид. Имат да начекат она шо барат. Гарант ќе ги фатит стубојне како дремат така неизградени со години, а зарди то сите пациенти па и доктори го попушвет. Да ги искарат о  да си се доградет сами. А ако не си се, одма тој да ги. 

Дојди Колчо да видиш како се снајџвет како магионичари докторите зш во прдеж место работат дури по три одделениа. Да видиш дал заслужвит една позната охридска хирургија  да пропадвит така со такви врни хирурзи во два квадрати. Незнам дали тие во Штип ко ги најде заспани беа покриени со ќебиња, ама охрид и сестри и доктори носат јакни, зш како ја остајвте вие болницава како грд споменик, од едно соба до друга соба а на исто одделение морат со такси да одат. Докажи дека не прајш маркетинг со одење по болници. Докажи дека си за народов. Дојди во Охрид.

Пак најсетне Кољо ко ќе видиш охридската глупост од болница, пак бани и во некој контењер. Ако не друго побргу ќе ги најдиш бебињата шо ги фрлет. Ко ќе најдиш некое можда ќе се насекираш зш истите така завршвет пред да го почнат својот живот. Види дал  и то имат врска со медицината, или пак со економијата или пак со стандардот или пак да намалевте некој споменик да ја направте охридската болница. Ај и за то имат време сега ќе прајме нова фасада во Скопје то е побитно од средвење на социјални и медицински проблеми. А оние лондончанине нека јадат трици шо од љубомора не прогласија за лидер според индексот на беда. То није истина.Зли језици оговарају.

Јас незнам од каде ваков зклучок. Незнам и како не избраа дека сме бедни. Нека ми кажат една причина. Дан е то невработебноста? Не земањето плата???? Земањето плата од 100 евра после 6 месеци?А? Одењето на принудни одмори?А? То дека на пензионерите им е поевтино да умрат отколку да се лечат? А? Скапите лекој? Дан е то шо ни требит кредит за платиме струја и парно дан   е?ААААААА?  То дан е причина?????????!!!!!!!!!!!!!!!

Уф. Пламнав. Ме болат неправди. Можда ќе поднапишев уште некој збор. Ама го слушнав Латас дека Сител бил најгледан во Македонија и заедно се потпосравме. И то битно беше шо 4 пати погледан бил од Канал 5. Алал да ви е. Ја акнавте А1 и сега сте 4 пати погледани, ами здрвете го и Канал 5 ќе сте 8 пати погледани. После Алфа па ќе сте  најгледани.  Бар тука е проста математиката. Тук да одам да се заплакнам. Само не ќе е лошо и Латас да се заплакнит и еден грст влице да си втикачит. Да се освестит шо прајт.

ЏИМИ
[email protected]

* Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.