Браво бре шок Мерко. Браво бре јуначино. Одма да се крстит мост, улица, школа, игралишти или дрво на него. Шо ќе беше ова солидарност. Шо ќе беше ова борец за права, жртва. Па па па ….Ваков солидарен тип немам сретнато уште од времето на Клара Цеткин и Роза Луксембург. Абре чоекон е жртва до жртва. Не оту имат дивоградби во Струга, туку чоекот си рече ајде да се солидаризират со Костeта да не тургат само тој ете и Мерко ќе опнит некоја платформа.

Бичим Клара. Роза. Жртва. Некни се солидаризираше со ресторанине да им помогнит, jaди пусти, само за овие да преживеет. А арно не увери сите ко рече дека требит убо да се видит дали езероно е напикано во платформине или платформине во езероно.

Ќе да е првоно з`ш еве јас приметив дека еве кај мене веќе е до пред зграда дојдено езероно. Вчера ко си идев од на работа му се пулам јас нему, на езероно, то мене, ко чудно, ко да ми се спремаше кај да е денојве да се качит поскали и мојт да ми влезит в ходник. Безобразно. Ко шо им се втикачи на струшкине платформи. И сега замисли од ходник да ми влезит в дневна, па в спална ..и? Да ми го рушет цел стана а? Мајката. А јас и ни крив ни должен. Еве јас му давам идеја: нека се рушит езероно з`ш то е едно, а платформи се милијарда. Ем со еден удар миљарда платворми ем помалку трошок.

Мада и јас да не му даев идеја кај да е денојве ќе му текнеше. Додуша и солидарносва ме воодушеви. Ај за него, ама Буки Османи не само шо ме воодушеви туку и ме намовна дури р`снав да плачам ко даде изјава денес. Прв пат НСРСМ учестуваше на Самит на НАТО како полноправна членка и свитка џам. Буки рече дека не само ние како држава туку и Алијансата ќе имат корист од нас.

Јас би рекол дури Алијансата ќе имат појќе корист. Ние со нашето приклучување како воена сила имат да грмит НАТО. Кун малиот можда ништожниот контингент на војска и оружје ко ќе ги приклучиме нашите 4 пушки, 8 тегнала со 8 комплетни шаржери на пацки, три сабји, еден до два авиони тииииии….И уште ако ги напрајме тенкојне шо ги зеде Бучко па па па па….нека писнит сега та Кина, та Русија та кој сакат.

Па пуштаме цели четири војници Авганистан, пет во Туркменистан, 6 во Качигистан, 3 и пол во Казахстан, абре имаме војска во кој било стан да пиштиме. Ам ак ѝ закачиме 5-6 чпиуни на Русија? Пачајцине ќе му се стресат на Путина. Додуша тука сме најјаки. Имаме чпиуни низ цел свет по сите држави да пратиме. Ак требит и во Боцвана стотина ќе пратиме. Ко ти викам. Е НАТО мори НАТО појма немаш шо доби.

Не бадијала Бајден се борит за правата за Македонија. Не бадијала чоекот ни БФФ. Како ам. Јас да ти кажам секој ден чекам да не земит како пеесет и прва држава или бар како втор федерален округ. Ко ти викам. Абре сите спорој ни го решвит з`ш и нив им требиме не само на НАТО. Се споревме со Грција не напрај грци се среди со нив. Еве сега амин не им дават на бугарине да не признат како бугари. Ко ќе се напрајме ќе влезиме во ЕУ.

И да се десит нешто Африка да не кочит имат ќе не напрает Џибутанци и ќе си станиме Африканци и за инет во склоп на Џибути. И то з аинет со уставно име како Северна Македонија з`ш Џибути е во источна Африка. Море, морат да сфатиш дека Македонија е веле сила. Море како веле, пере сила е пуста та наша држава насушна.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите