Ар не ти викав јас да не се кладиш да не трчаш?А? Ко ти викав слушај паталец и сезнаец, а не гаталец. Пак опна опклада по 3 патарини од Охрид до Скопје преку Битола. Се изгоре се запусти. Три пати да одам Скопје преку Битола ајт ти ојде цела плата. А уште во јануар шо падвит во март ти викав дека јуни ова година се падвит во сектембарон октомбарон после 1-ви мај, ти не. Како? Па и роденден ќе си славиш во септември.

Како зш. На 19-ти јуни не си роден? И сега шо не е јасно. 19-ти септември ти е роденденот. Абре батали то јулиански то грегоријански календар. Ние одавна, а посебно од ко се северносавме, работиме по алемански календар. Е гуглај ќе најш. Или пак по најново то ти е “меркелијански календар“ (меркелише календарензи заб.авт). Е како можело. Абре за нив кој мојт “Октобер фест“ да им е во септември мојт све и не траскај зелени.

Све си е со причина. Сето ова е напраено за да не клает на испит. Еве 30 години не клавет на испит со датумот за преговори не цедет не само низ цедилка туку видиш почнаа и низ туљбен да не црцкет. Сега во јунскиов септември ни претстојт најголемиот испит за да ни кажет на кој датум ќе ни го кажет датумот кога требит да си знајме за на кој датум ќе ни го кажет датум за да почнет со нас преговори, за на кој датум ќе преговарет. Јасно?

А сето ова го напрај ја за добро да не анализирет и со време да се зафатат со Северна Заморчедонија за дан испаднит да ни дает датум за преговори баш на Нова Година точно на 29 февруари. Не какај многу престапна е догодина и тогаш падвит овај пат Нова Година. Е сега и на Меркелица и требит време да ни ги напрајт последните испитвења пред конечниот испит: да ни земит гомнени примероци зш каде во ЕУ ако имаш хеликобактери? Само за еден пап тест се чекат по два месеци. Биопсија на хемороид се прајт во Папуа Нова Гвинеа…. и други рабоќе.

А главниот испит ќе ни го втикачит во тој бутурен септември кој е јуни, а се падвит во декември з`ш сакат да видит дал знајме и како го прајме ајварот. И не само ајвар туку сите тракатанци шо ги прајме за зимница ама само од пиперки, за да видит дал доволно ќе напрајме и дал доволно ќе имаме да презимиме да не речам да преживејме.

З`ш џанам не оти се знајт денес, мојот да дојт до промени на целиот календар та септември да се паднит април другата година. А плус то разбрав дека уште ко се родила во Хамбург, односно од мало моме била пиперкарка. Да да…да ми вервиш. Дедо и ѝ имат кажано на баба ми з`ш се дружат заедно ко ќе одат в бања Косоврасти. Е тогаш веќе сите порти ќе ни се отворени за во ЕУ.

Не не не чек. Евааа каква зелена ќе мавнев. Како ќе биле бре отворени сите порти без да се спремит Муко бре аман шо будалија стресив. Дотогаш Меркелка требит да ја научит “….ја отвори црни Мукоооо портаааатаааааааа, да ти видам море Мукооооо…“. Да бе. Ад друга страна пак и на Мукета му требит време да се дотерат да се средит и ете чоекот си барат отшета зш беспотребно беше малтретиран по судој.

И требит да барат. Па кондури бре чоекот искина мавајќи ги тие држачите на вратата од парламентот. Па после со она мачноно судење бре цела коса му испадна и то за џабе судење. Па искрено јас неможам да замислам дека сегашниов Муко е истиот онај шо беше со афро фрузура ко беше портир. И нека си земит и тој и сите другарчиња. Како ам.

Е дури тогаш на Меркелка све ќе ѝ е јасно ќе мојт….мада види за мене уште една работа не ми јасна во моментов. Нешто околу Мицкота. Ме интересират кај терат. Можда и Зајко незнајт кај терат ама друг пат. Многу ме бунит и ми фрлат нејаснотии со пресојне и изјавине. Не бре не. Никош немат да речам “на шо онакво е“.  Јас би рекол на шо расол е. З`ш волку просеравање немам сретнато наместо да ја консолидират партијана. А само расол мојт да го протервит вака. З`ш како е тргнат со шлокање на расолницава све се плашам дека некој ден ќе побарат оставка и од папана.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите