Секојдневие во Охрид и Македонија. Сите веруваме. Во нешто или во некого. Немора да е се поврзано со црвката. Едни веруваат во добра туристичка сезона. Други имаат надеж да примаат редовно плата. Верницни се утврдени. Верниците се фокусирани на детали кои други не ги гледаат. Го гледаат животот со своите наочари. Мислат секогаш тие се најпаметните и најсовршените. Ајде да веруваме во она што сами сакаме да веруваме. Без притисоци и форсирање. Јас верувам во Џенгис и Карам.
 
Се разбира, илузија е да живееме во фер општество. И да имаме  100% доверба во се и секого. Симпатизерите на новиот градоначалник се сигурни, сега конечно ќе има промени, свежи иновации, модерни пристапи. Се ќе е ок. Дали тоа е сигурно, реалност, или тоа е само идеалната желба која сакаме да се исполни? Навивачите од опозицијате се јасни. Според нив тие се пронаоѓачи на се, најинтелигентните и најумните момчиња во класот. Кого да веруваме сега?

Зошто толку поклонување, премолчување кон газди, шефој, советници, пратеници, градоначалници, партии, премиерот. Како да не веруваме во самите себе. Тоа неможам да го разбирам. Тоа наведнување од Македонскиот народ. Таа претерана скромност кон „високите“ кадри. Водачите во сите сектори успеаа да ги заробат жителите во Македонија и да им го режираат животот. Со модерно заканување и модерно малтретирање. Во најидеалниот свет веруваме во искреноста на човекот, во господ, фамилија, вера, црква, љубов, пријателство, комшии, во доктори, адвокати, судии, новинари, медиуми, учители, професори, полиција, колеги, чиста екологија, банки, во здрава храна, политичари, историјата и иднината. Но кого да веруваме навистина со надеж. Се, сите, секого, или?

Лето 2012. Се запознав со Карам, познат како мерач од Ресен. И со Џенгис од Струга, магионичар со лек за коса. Мерач и Магионачар. Секогаш бев сигурен дека апсолутно никогаш нема да се занимавам со вакви матни типови. Ама ќе се измамиш прв пат во живот. Веруваш во нешто. Иако сум критичар на овие мистериозни личности, истовремено бев малку фасциниран од нивните мисли и сили. Ги почитувам за тоа што го прават. Природно. Од наследство. Или во име на господ. Демек. Според мене овие стари начини на спиритуално лекување (кушање) се измеслени од човештвото и си врват со векови како приказни. И ние веруваме со свои позитивни критики во тоа. Имаме надеж. За помош.

Имав стандардни физички проблеми со грбот. Отидов со измешани чувства. Едноставно сакав да сум сведок на таа скриена фантазија. Седнав на едно пластично столче. Карам, пензионер од турско потелкло со сериозна фаца, ме гледа во очи. Прашува што работам и како се случи ова. Ја масира кратко деснава рака, со прситите мава на вениве, брои истовремено со затворени очи. И после 35 секунди вели кратко и јасно: „Ќе ти поминит!“ Толку траеше се. Другиот ден бев во Охрид кај дипломиран професионален физиотерапевт. Имав спортска масажа. После 6 дена ми помина се. Благодарение на самото движење со телово. Со вежби се излечив. Како и секогаш после класични повреди. Помислив на тоа што ми рече Карам. „Ќе ти поминит“….Да, навистина ми помина. Само кој беше успешниот лекар? Мерачот или физиотерапевтот? Веруваш во тој што сакаш или…….

Истото лето. Што да правам со косава. Ќелавост ја уништи постепено и мојава глава и изглед. Еден ми вели: има лек за ова. Не се секирај. Друг вели, тоа ти е судбина. Сакаш или не. Мора да ја прифатиш реалноста. Одам до кај бербер Џенгис. Пиеме кафе покрај Дримот во Струга. Џенгис на се ми личит само не на некој посебен „лекар“. Но за една минута се премислив. Си реков, ајде покажија твојата сила. Џенгис комуницира со шептење. Ми објаснува на кој начин како дете од дедо му е го добил рецептот од лекот против косопаст. Негова тајна.

Регуларниот живот околу нас си тече. Туристи, сонце, кафичи, ресторани, музика, девојки. А каде сум јас заглавен. Седиме во неговиот дуќан. После едно време доаѓа млад тип со ќесе. Внатре е лекот. Во мало шишенце. Мирис гадно. На лук и киселина. Џенгис со обична крпа грубо ја масират кожава. Ме боли јако. Ама трпи за убајни. Става мали капки од лекот на главава. Забрането е да се туширам 24 часа. Вака секој две недела треба да правам. Бев дисциплиниран и верував во леков. Џенгис има и доста успешни клиенти на кои им се вратила косата. Но пред неколку месеци го фрлив лекот. Деновиве одам на бербер. Мајсторе, кец со машината.

Што е верба? Надеж за подобро утре.

Влатко од Амстердам

*Ставовите
изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.