Душички. За гретоа. Жив ќе се изедам шо ги имам пцуено, клетви мавано, оговарано……да бе. Вид виделина да не видам да се џенемосам. Се извинвам вака јавно и гласно пред цел свет. Незнам како прошка да побарам од цела влада на НСРСМ. Јас плукај ги, а тие пусти гладни гладносани и така етиопски им даваме да решавет за нашата судбина, пак уште не задоволни сме. Пак барај в затвор да одет. Пак да виселе на бесилка. Ах пусти наши пратеници на каква мака била.

Ај вака да те прашам…..шо салата мојт да е та мешана за 30 денари? А? Лист марула три смешки од крастајци, осмина патлиџан и шишка од пиперка. Шо мојт да е друго за тие пари. Како мојт Маричиќ да се најајт со суџук од 50 денари. Гарант е 2 сантими. Абре за да носит вистински одлуки требит метро и пол колбас алооооо. Да примит храна мозокот та свесно да носит одлуки. На шо личело то тавче гравче за 35 денари. Шој мат во него. Сркај Таче гола вода. Гарант и сол не му фрлет за 35 денари. Сега ми е јасно з`ш кој како излези на прес тресит зелени. Гладни изнемоштени.

Или пак порција ориз за 35 денари. Алоооооо стапчињана за јадење ориз се 50 денари, а не порција цела. Гарант куварот им носит од дома шо му останало од сутлијашот од вчера. Не така? Ам шо сакаш за тие пари. И бутчиња во него да ти клает дан сакаш. Е шпагети се тие со си сирење за 60 денари, освен стари врвци од кондури со некоја скрама наместо сирење. Ебате беља. Пак јас викај по нив, плукај…..а тие не ухранети. Со ланч пакет од дома мама шо им спремила. Море заслужвам со очиве биљи да игрет, од цревава кајшој да ми напрает, да би……Министри, параминистри сите шо се во влада еве јавно извинете. Прејавно. Препоептен ма најјавно: ИЗВИНИТЕ. Абре ојте во студенска менза изнајајте се. Таму се повисоки цените и реципроцитетно и порциите се поголеми.

Можда пак и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, беше гладен ко рече дека државава е закочена на патот кун ЕУ заради висок степен на корупција, криминал, непотизам и не казнивост. Абе овај мислам дека 6 недели не е јаден. Кај гледат тој вакви работи. Казнениот закон шо се мена дан му значит не казливост? Патот Охрид – Кичево шо се нафатираја 100 влади дан е криминал? Она со онкологија пак дан е криминал? Или пак шо секој си ја имат на работа цела фамилија дан е непотизам?

Шоферон од штипскион градоначалник шо крадел нафта од општинскине коли да не случајно ти наликвит на криминал? Судииве шо изреквет смешни казни дан се корумпирани. Абре Дирк и тие се гладни и така прает грешки. Зато брате ајт и ти во студенска менза, најајсе и не туку треси зелени.

Зато пак Оливер Спасоски се најаде, се напука и по повод 23 – ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба изјави: “…Продолжуваме по европскиот пат, во интерес на сите граѓани, за демократска и просперитетна Република Северна Македонија…“ и ждригна.

Дур сме кај јадењево дан заборам. Мицко гитла од дома. Клале туршија и Мицко ја изел предвреме. Пред да се сторит.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите