Ехехеееее уште од мал сакав…..шо бе од мал….море од фетус животна желба ми беше да бидам политичар. И имав предиспозиции. Да бе. Зш неколку клучни работи требит да ги исполнвиш за да станиш политичар. На пример од мал една исполнав. Брбав по цел ден како детенце, така викет мама и тато, а никој не ме разбирал. По десет пати ме прашвеле едно те исто јас пак едно те исто сум кажвел за никој да не ме разберит.
Друго….сум се какал кај ќе стигнам, а друг бришел по мене. И тој услов исполнат. После…прајш шо сакаш, а не одговараш за ништо. И јас сум бил таков. Крши, гнаси, пљукај, какај и никој ништо не ти прајт. Абе роден за политичар. Од све шо ќе сум му ветел на татко ми дека ќе напрам ни пола работа не сум ја завршвел и ко ќе ме прашал зш не е напраено јас сум му велел: “Е како да го напрам то ко бате пред мене ептем го заеба“.
Е сега една работа не ми беше јасна. Зш викет дека политиката е курва?? Ај шо е викет нека ја викет ама мене друго ме мачеше. Ако политиката е курва, а јас ако бев политичар испадвеше дека јас ќе сум курв. Машки род. Значи и Бранко е курв и Никола е курв и Бучко е курв и секој шо е политичар е курв. Не така? Ам ај сега вака. Ако сите овие шо ги кажав секој за себе си е курв и ако седнат заедно на една маса и те прашам: шо се оние шо седат онде на масана? Шо ќе ми речиш? Курви? Не е точно. Зш то е веќе именка од женски род, а сите овие се машки. Значи политичарите не се курви. Да сме начисто.
Мада и покрај ова ќе се фрлев во политичките кругој ама покрај она горе шо кажав дека како услови ги исполнвам една работа неможам да ја исполнам. Е мене оково ми трепнуе. А за да си политичар најбитно е око да не ти трепнуе. Ко на Банета. Е то е политичар. И пол. Скоро два. Ете сега е фрлен во потрага на клучните гласој и прајт обиколка во Дабиле, Босилово, Големо Коњари, Дорломбос, Добрејци и други метрополи многу битни за следните избори. Во една од тие метрополи рече дека тие ко биле на власт не граделе споменици ами вложвеле во автопатој????? Рече и око не му трепна. Е то е политичар. Да тресниш зелена и око ич да не ти трепнуе.
Е сега ако чоекот мислит на автопатон од влезон на Елшани до сред село или пак она кривинана кај Чешиново….е тогаш пеки. Во право е. Градел автопати. Тој ќе градеше и во Дебрца негова, ама знаеше дека ќе манит земјотрес и ќе беше бадијала. Иначе ќе напрајше автострата од Слатино до Белчишта. Рече, не напрај, се покака не одговараше и друг му ги покриват гомнејнците, а за то шо е зезнато одма ќе речит овај пред мене го напрај то. Виш. Ко јас ко бев мал, исто ко мене. Ко дете. Само реков мене ме јајт та пуста јанѕа шо мене окото ми трепнуе. А на Банета не му трепнуе. Ама дан му влезит прав….од автопативе шо ги изградил.
И друга работа. Да си политичар требит да си све. Ко Колета. Тодоров. Ловец на пајаци, откривач на пушачи и пушачки, експерт за тоалетна галантерија и друга позамантерија дури и се напрај медицинска сестра. Седна на шалтер. Е да ти кажам сега ми е башча срцево ко ќе седам в чекална два сати, а од другата страна Спајдермен насмеан. Ти испотен, преку бииииип све ти е дојдено, нервозен и после два сати стигвиш на шалтер спремен да ја поздравиш и мајка и и сестра и на та шо е на шалтер ко то опаааа…..наместо некоја со образи в црвени како со ќерамида и фрузура како од на мотор да се возела….ене…Кокица. Насмеан. И како да не се радвиш. Абре оса е чоекот. Сега очеквам да посетит некоја гинекологија, да бидит малку бабица и ќе се испотепам да ме породит. Или жолчка да ми истајт. Шо да е нешто. По нешто да го памтам. Не само по пушењето. Пример.
И зато, покрај то шо знам да лажам, знам да се покакам, да ветам да не напрам, море ако требит ќе се оперисам и немат ни оково да ми трепнуе ама пак ми гледат тешка работа ова политикава. Е нити мене, а еве гледам и на сите во Охрид слабо ни ојт со политикава. Ние си се бавиме со туризам. Еве сега таман, на почеток на летнава тустичка сезона, шо би се рекло во право време, почнавме да градиме атрактивни споменици шо ќе ги викаме “кружни текој“. Зш да не. Ко может скопјанине да градет коњи и мадиња ние до толку сме не кадри да напрајме неколку крукчиња?
Овие пак од ВМРО изјавија не било сега време. Жити мајка? Е кога. Во септември ко ќе немат туристи? Тогаш? Ко ќе не гледат никој??? Ам ова море за нив се прајт. Ова е све во цел на турисичка атракција. Зш види вака. Дур се прајт кружен тек на пример на влезон во Охрид од Билјанини Извори туристиве ќе се пренасочват преку стрелачконо, па лево до видобишта, прав прав пругоре кун Олмец, Велгошти. Од тука преку нивје кај АГП долно Лакочереј, Орман и оп ќе си излезат на влазот на Охрид од кај Скопје. Виде? И сега ти текна шо е целата работа? А? Ај подумај? Ете така….рурален туризам. Е то сакам да работам како охриѓанец. Да прам патој сред лето, да копам дупки по патојве наши сред лето после да ги пополнвам. Море реконструкција во август да манам на плоштадон?А? Туристички работник да сум, градежник, а не политичар. Да не речам курв.
[email protected]