Абре чоеков имат завршено Филозовски факултет или ДИФ? Море пусти Миле се руши од шетање, а е портпарол на Владата на НСРМ. Вака го искинаа од шетање на прес конференции, ам да беше примен ко курир или кафе кувар ќе го заебеше и Усеина. Мада се подумав з`ш чоекот онолку шетат ко ќе дават информации за владава. Дал тие го терет или нешто него одвнатре го терат. Ам како. Мојт за какање да го терат за мочање да го терат, незнајт чоек.
Тук батали то. Пред некој ден, поточно на 02.02. бев во Грција за нивниот најголем национален празник….е незнам каг го викет…нешто слично она кај нас Дуовден, ама инаку се викат само знам дека имаше на крајот ВДЕН….и ти викам си возам кун Канцеропје па……ех не знајш кој град бил Канцеропје…..ме дупиш? Е…и си возам по автопатон “Вазелинос“…..како?…не бре Ванизелос од ПАСОК, ова баш ко шо ти викам “В А З Е Л И Н О С“…. море непендек неможам да докажам….. ај и ова ќе ти објаснам ама не прекинвиме појќе. Значи се мена името и на автопатот ама се бараше соодветно име кое ќе ја асоцират вољата на македонскиот народ за односи. Со грците. Прво беше предлог “Чмаротакис“ ама не стопираа комшиве зарди празников шо бев кај нив. Да не сме присвоелве нивни збор шо им влегвел длабоко во коренот. И на крај зарди нашата голема воља за односи мораме да увезвиме вазелин од кај Грциве го….. е шуќур, Македонец, Македонец ама ете ти текна.
И се думам шо е ова толку палардисвење околу променава на неколку имиња па на крај и на државава. Те протести, те блокади, те ова те она…..абре име како име. Јас ко мал се сеќавам ко мал баба ми викаше: де бре внуче како сакаш викајме само почитвиме. Ете и то е во духот на ова. ПТРГ (Поранешна Турска Република Грција) не викат како сакат ама не почитуват. Ни го дават поевтино вазелинот, не ни го царинит и не разбирам з`ш е цела џева околу имево.
Мада и ние придонесвиме. Убо се пучиме, на време и по неколку пати редиме вазелин ја научивме цела Камасутра, Камаданас, Камајуче, ако не пржит во себе викаме…..како ама море. Како мислиш ти. Само така се градит доверба, само така ќе се успешни односите, ако е обострано, поточно ако заднострано ги разбираме и примаме. И да се разбериме една работа. Не се сложвам дека името е нечив идентите или корен или одраз на неговото битисување на земјинава плоча…..како….и за ова незнајш? Ме дупиш? Ам кажа де онај шо личит на Мирка, онај Мирка шо личит на него…не му го знам името ама двајцата се исти во косата.
Значи не значит дека името кажвит се за онај шо го носит. Е ај шо да му прам на сватон Сречко? Три пати нога имат скршено, два пати рака и еднуш е паднат во септичка јама. И сега Сречко да го викам уште? Или пак стрина Весела. Абре и наденале такво име, а во суратон секогаш е ко стратокумулус. А од тато брачед му Величе мораше за на насвадба да зејт костум од внук му од градинка од една претстава. И ти личит ко на колејнци да ојт, а тој испраен. Зато ти викам дека…….мада немојте да ми ги напаѓате и голем дел, не сите, на оние шо протестирет секој ден за не менвење на името, за стопирање на преговорите со ПТРГ, за Нимиц да се мафнит. Е тука ги подржвам ептем…..шо име ќе да е НИМИЦ, пак тој да ни кажвит какво е нашето? Тушкал еден.
А и друго, незнам зш голем дел од јавноста ја спорат легитимноста на дел од демонстрантите. Јас лично разбрав од извори блиски до Биљана дека голем дел од нив ги вратиле хациендите шо ги имет во Грција….како прво. Дел од нив постапката име во тек. Им се прднаја на све шо имет таму ради патриотизмот во нивната душа. Од сега не станвело збор дека појќе ќе одет натаму, а ако станело, случајно, еве и со бројки *случајно* њама више купвење и пазараење таму и распиштолвење, фрлање пари на бузики и сиртаки. Само на сиртаки. И….Абе ќе се решит ова со имево и то ќе видиш во наша корист. Не бре искрен сум. Не те дупам.
Е довде возев и размислував за овие недоумици зш веќе стигнав. Не бре не до Канцеропје, до Трубарево и тука морав да паркирам ради мерката од Перета за почист воздух во ова наша акраполоа. Од тука ко му ја писнав до Канцеропје пешки, си се раздвижив си подишав, гради си прочистив….. Како?…. Со то шо не влегов со кола во градот 10 луѓе не умреле дента од загаденост???? Ме дупиш
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите