Под хитно….ама ептем под хитно да се менат два закони. Абре чим велам вака да не ве разденит два закони да се менат. За пензонери и за контрацептивни средства или ти по нашки за секс. Одмааа, сакала техничка влада, сакала металуршка влада ама овие два закони да се менат или донесат. Да се баталат сите активности околу изборите, нека не се трошит време за избирачкиот список, да се донесат овие два закони и точка. Сите да се фрлиме на работење и деца праење зш после ќе е касно. Не ќе цветет рози во НСРМ цел век.
Ни еден да не заминал пензија испод 104 години. А оние шо си заминале со ретроактивен декрет да се вратат назад. Абре ако сакате вградвете им колкој, копулативно органи, заби, очи…абре назааад на работа. Одма. Море не си играјте со економската иднина на нашата држава. Кога сега ни се даде шанса да ја опрајме државава, да застаниме на цврсти нозе несмејме да го пропуштиме ова.
Нека се купат и автоматски колички за старите да одат на работа. Немат мрдање. Ако имат луѓе со изваени бубрези да им се врата и на работа. Ако имат стари шо им се тресет рацете да им се дајт антитрес и на работа. Кој имат голема диоптрија да им се закачат лупи на очите и на работа. Тие шо се со без џигер да им се клајт та телешки та свински и на работа. Кој примат дијализа со си апарат на работа. Како ам.
Пет минути да не отерет и одма нов закон за секс. На тие шо им е напраена орхидектомија, одма да им се клает нови тестиси и на секс. Жените кои имале зафат на хистеректомија хитно да им се клајт функицонална матка и да се фрлат на секс. ОДМА. Исто така на овие двосмерниве…хитно операција. Немат појќе дебелото црево да им се врзвит со тенкото ами прво со матка, па матката со тенкото. Не само така да се трошат телесните сокој не така ? Можда не вервите. Ама од сите кризи матката ќе не пасит. Сите да се фрлиме на праење деца. Абре со секој контакт морат да излезат бар две деца зш не јаде матната.
Декрет за забрана за користење кондоми. Ниеден кондом да не видам по трафикине и маркетине. Кај ќе видам ќе ги рушвам. Оброците да се заменет со секс. Паројте наместо ручек вечера и две маренди да упражњавет пердашење пет пати дневно. Ако е можно….море шо е ако е можно, морат под хитно на жените да им се вградет две вагини секоја со своја матка како би имале две матки паралелно. Дупло да раѓет и ако е можно, море шо ако е можно, морат да раѓет близнаци дури и декретски тризнаци.
Да се укинит и драконски да се казвит поза 69. Немат трошење време на играње играчки. Деца ни требет. Парот шо ќе бидит фатен во ова поза под казна се затворат хитно. Мажот со триесет нимфоманки, а жената со треисет јапанци кој ќе ги увезиме само за децопрајателна работа. Сите да се мобилизираме. Сите да се фрлиме на секс.
После. Со декрет бременоста да се намалит на 3 месеци, а не 9, да се раѓет деца чопоративно на 3 по можност и недоносчиња на месец и пол. Немат мрдање. Ова шанса сега шо ни ја даде Владо Попоски директорот на агенција за вработвење не смејт да се испуштит. Никако.
А се роди дете одма да се носит во фабрикине за амерички батаци. За два месеци да го напрает полуматурант, после 4 месеци да имат факултет завршено , а ако е ојдено детето на занает да е станат сам свој мајстор. Да да. Зш НСРМ – ОВЦИВЕ немет време за чекање. Јасно?
Господ здравје да му дајт на Влатчета шо ми ги отвори очиве зш јас мислев досега, 30 години дека оние се огласи за затварање на работни места. А то ти биле огласи за отворање на работни места и то по 500 дневно. Море ќе си умревме глупи како телиња ( извините телиња – така се велит во нашиов свет полн со животиње) и шо е најлошо ем ќе ни останеше народов не вработен ем ќе увезвевме работници од странство. Тииии..
Зш види. Ко шо ни кажа Попоскиов на нас глупациве, ќе ни требет ич малку ич малку 250 000 луѓе годишно да се вработвет. И имат место за 250 000. Ова не е дупење во здрави очи ова е чиста вистина. Абре кој знаеше досега да му се прднам да му се напрдам. Ам ко сум глуп. Да знаев и јас ќе си клаев матка, зш ко шо ме дупат политичариве 30 години ќе се изнародев деца. Цел чопор.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив