Морееее шо шилеџе ти бил овај Шилегов. Па па па па. Само да ги нервират луѓево. И то се дрзна да ја нервират Силвана Бонева. Јак маж. Абре најде нејзе да ја чепкаш? Најди некој шо не е збунат како неа. Знајш дека чим дојт зима, а и сега со ова загадување во Скопје, та се плашит ептем. Зш мојт да паднит магла и плус избуната од Шилегов мојт да излезит од комисија бап пред некоја зграда кај шо имат три стана. Скраја да е, четири. После женава немојт како од собрание тек така да си излегвит да поминвит по патаринине да набиват дневници и патни трошкој одејќе дома на работа по мобилниот, по полначот, по тангата, по триста дрангулии.

Да бе. Ко шо ги спомна Митрополитот г.Пимен дрангулите за Св.Никола. Ни рече и не порече и не научи дека требит да носиме плишани мечиња во црквите, за децата, а не пари на икони, масла и други дрангулии. Од кога бе оче за тебе маслото е станато дрангулија? Или пак можда од ко почнаа да фрчат мерцедеси низ црквите од тогаш маслото, а можда и лебот е дрангулија за свештените лица. И кога еднаш ќе слушнам да не` викните в црква да дојме нешто да зејме, а не нон стоп да идаме и нешто да носиме. Живот.

Се изнервирав со чоеков ко Бонева со Шилегов. Незнам зш све ми е тргнато на нервоза денојве. И то кај најде сега ко од полнош ми почна нај сиромашниот, досадниот и со ништо исполнет период во животов. Абе како ќе преживеам до почвење на пред изборната кампања зш од полнош е забранета секаква политичка платена програма на медиумиве.

Осеќам дека ќе се осеќам како Бонева во магла, ко изгубен….абе знајш шо значиш толку време да не гледаш убај разни спотој. Да си отцепен од светов? Да не знајш кој шо кажал во бомбите, колку километри пат е напраен, шо е ќе беспари шо не, кој е глуп, кој е паметен. Ништо. Животов ќе ни е сувилајна со праз. Беден. Празен. И после ќе немало самоубиства, болести. Ама некако ќе издржиме до предизборната кампања. Кај не ошло.

Ама до тогаш ќе пратиме друга кампања која веќе започна. Да бе. Покренаа овие как се викет бре, тииииии, овие бе шо не бричат на суво секој месец по 200 еври, да ЕВН, за да се зголемела, питачката, пардон, читачката култура кај народот покренаа кампања под мотото “И ние имаме приказна да раскажиме“.

Е ако политичариве ги немат некое време во реклами и ако сме збунати незнаејќи дал и јас сум ова држава и дал можам сам да одлучам, ЕВН ќе ми го кренит поривот за да читам книги. А истовремено ќе шибет реклами колку се воздигвиме духовно ко ќе ги плаќаме сметкине за струја. И така е. Јас едно време не плаќав редовно ама после рекламите ко почнав да одам па да не претерам, шалтерон за плаќање ко да го заменав со Св.Петка.

Зш види, кога и да одам Св.Петка, ќе си запалам свеќа, ќе се помолам ама никогаш бре не ми капнала ни една најмала солза. Е истото го прам на шалтер за плаќање на струја, си палам свеќа, за мене, е сега не горе ко во манастирот, туку долу, си ја спомвам и НСРМ, ама на крајот ко ќе речит службеничкана ајде вие сте на ред, абре ко ќе му писнам, ко ќе му рснам плачење, мрсулаење едвај го добројвам парите. Е како зш плачам. Ам страв мие следниот месец дан немам шо да јадам и дан не дојдам пак на духовно воздигнување и да не можам да се осеќам исполнет, некако ко да ме полнел некој…пример….ЕВН….не бе се зезам.

Ама не се зезет оние од МПМ. Кажаа дека на Михајловски му завршил договорот, а не дека чоекот е избркан. И дека немат врска шо скокна чоекот да ги бранит колегите ко им ја намалија платата за цел финансиска консолидација. Исто така немат врска не продолжувањето на договорот шо чоекот е критичар на секоја власт.

Додуша и да сакет да му го продолжет неможет зш Горан имат потпишано од оние недоговорни договори во кој изричито е забрането да се продолжвет договорите после нивното истеквење. Зш ако истечит нешто ај да те видам врати го назад. А мислам дека и неубо се чешлал последно време па…

Ќе пишев уште. Ама морам да се спремам за онај проектон, не додуша истиот ко од ЕВН, туку сличен. Дури и насловот му е сличен. Само имат мала разлика. Проектот на народот ќе се викат “И ние ЌЕ имаме приказна да раскажиме“.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив