Ааааа ќе им бапнам дома орел. Споменик…двоглав орел. Мада ќе дам моја идеја како да изгледат зш онај оригиналниот ми личит на страчка сплескана. Кажав еднаш. Ќе се возбудат, па ќе се збунат, па ќе им акнам крст поголем од страчката. Па пак ќе се возбудат па ќе сакет да го корнат крстот, па ќе сакет да го ја корнет страчката па ќе сакет меѓу себе да се корнат. И да ти кажам ак сакет очите нека си ги искорнет само да им го одвлечам вниманието за да не ми барет пари. Пари та пари душата ми ја изваја.
И да е само то. Казанчето од клозетот не чинело, канализацијата се запушила, рерната не работела убо, само горното греело, те лебарки ни шетале низ дома, те…..Абе само се бунат и онај малион ми викат дека во куќана све било за нигде, немале ни за леб, условите смрдени….вака како главен јас ќе ги нахушкам нека си копет очите околу страчката и крстот и сите проблеми ќе ги заборает. Ак се глупи. И после то шо лајна јадет. Ќе се смирет. Ко да имало избори. Не така? Глупи едни.
Тук проблем до проблем, да му се прднам. А една работа реши, нешто други излегвит и после Цацко ни е крив шо не мојме држава да напрајме 30 и кусур години. Ама овај новиот проблем ми се чинит е најголем проблем од ко постојт НСРМ, а и пред то. Е како? Ам се појавија тешки криминалци, затајувачи на данок, незнам како да ги наречам веќе, бесправни трговци ли, рушачи на државава шо ги поткопвет темелите на економската стабилност ЛИ….?
Па како ам? Како и да ги наречам, ќе си кажит Јавното Обвинителство или можда Катето од СЈО како ќе ги крстиме, ама битно е шо првиот ваков манипулатор е фатен и можда в корен ќе се засечит неконтролирата продажбата на марулите и копривите. Така да не им текнит на другите ни да сонвет марули и коприви, а не камоли да ги продевет. Е не.
Море луѓе немојте да си играте играчки со државиштево наше. Зш со успешна акција, која траеше можда неколку години откриен е чоек кој произведвел……алооооо убо читаш не падви во несвест….ПРОИЗВЕДВЕЛ и вршел пласирање, нејќам да речам продажба зш од нервоза ќе се намовнам, значи вршел пласирање на страшни супстанции на македонскиот пазар….наменети за понатамошно, ауууу се наежив, понатамошно конзумирање од страна на македонскиот народ. Е ваква дрскост ни била ни ќе бидит. Па морат да принајме бре, НИЕ НЕ СМЕ ЗА ДЕМОКРАТИЈА!!!!. И точка.
Само да не мислит хохштаплеров дека све е случајно. Не бре бате. Секој твој потег е пратен и за све си имат видео запис. Јас ко гледав нерви искинав од неговото провокаторско однесвење према правниот систем на нашата НСРМ. Го гледам ги берит копривите и си ја пејт: “когаааа косииии расплетиииииииииш како коприВаааааааааа….“ и насмеан од уше до уше. И ај шо се смејт тук овај витален пензионер, окорели противник на системот, намерно со провокаторски елементи дур ги береше копривите раповат и скрембловат: “како коприВа, како коприВа, кокококококо…коприВа, како како како како кококококо….коприва“. Абе да ја имав она меѓуножнана женска жила ќе ми пукнеше од нервоза.
И зато требит да се казвет ваквите. Чоеков имат напрено неколку криминални дејанија при производството и пуштање во промет за конзумирање на сомнителните супстаниции. Прво и прво немат никаква лиценца и незнајме каков квалитет се сите 15 коприви и дури, замисли, алооооооо цели, големи, огромни, неисчистени од зеленине делој кој не ги конзумираме, а подметнати за конзумација 20, и со зборој, ДВАЕЕЕЕЕСЕЕЕЕЕЕЕЕЕТ, замисли, марулиииии. Е неможам веќе….ми се накожи ежава.
Абе море ти….не се глупи другиве шо одат во Холандија кај лалилана да земет лиценца. Ај шо ќе земиш лиценца, ами тука имат упаство и за производството ем за марула ем за коприва. Пропишано е колку броја на црви на квадратен сантиметар на лист марула требит да имат. Ако е над ограниченото оваа супстанција имат поразително делување за наталитетот но и морталитетот на конзументите кое мојт да донесит најмалку до демогравска катастрофа. Зш или немат да ти станит или ќе умриш. Друго немат.
Копривата….се собират и се носит во MRC ( Medical Research Council) при LMB (Laboratory of Molecular Biology) на Кембриџ, Англија, да се одредит количество на железо на грам коприва на еден сантим во проценти, па се чекат 2 години за дозвола од комисија за храна при СЗО па се продават. Ако не се напрајт ова, ради железото, мојт да дојт до стврдвење на изметот во чкембето на македонскиот народ, шо би рекле на македонските лајна. Со ова би дошло до експанзија на експлозивноста на стомачната шуплина, така да едноставно ќе им пукнат меојте и македонците масовно ќе се мортализирет и ќе се намалит оваа популација. Можда и ова беше целта со марулите и копривите? Не знам.
Е море криминалци не е лесно да се произведвет и да се пуштет во промет марули и коприви. Шо мислеше ти? Дека шверцуваш 20 шлепери со цигари или 15 тони хеорин па ќе поминиш не забележително и не казнето? Си се заебал.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив