Абе мајку му стара како и да се свртиш г`зот пак ти идет од позади. Како и бата Ковачески, ко си ги зеде ќерка му и жена му во Америкине, така и Мицко си го зеде 18-годишното синче во најдемократската држава. Тогаш лаеа ДПМНЕ и сега си го однесоа синот, сега лает СДС а тогаш си ја зедоа ќерката. Зато ви викам она со г`зот е така и никако поинаку. Карвани идат и си одат, а кучињата над 30 години лаат.
Од Владата на НСРСМ официјално кажаа дека синчето на Мицалета само си платило, односно гордиот татенце и дека тоа не било дел од официјалната посета на татка си. Едноставно детето од мало ептем сакат да ојт по родендени така и сега ојде да му честитат на дедо НАТО 75 години од раѓањето.
Се даде објаснение и за сликата кај шо е сонцето мало со Едвард Џозеф, американски екпсерт, дека то било огромна желба на Џозефа, да не речам од мали нозе да го запознајт Јованчо.
Исто така, од свој џеб плати и Бесија Иљази, екс економски директор на токсикологија, 10 600 еври за плати на 18 луѓе кои незаконски ги вработила за време на предизборието. И зато незнам з`ш е казната. Жената си беше супер, не зборвеше македонски, само албански и им даде забрани на вработените да контактираат со новинарите. Не бадијала екс министерот Илир Демири на сите пресој ја бранеше зоњуше Бесија дури и еднаш на новинарите ги праша каде биле сиве овие години и шо баш сега се фатиле за Бесија. Појасно амин. Зато велам јас Бранко е крив. Не Бесија. А најмногу новинарите. И тие се зафатиле со нив наместо да истражвет многу потешки случаи. Како на пример: кој ги украде бинеците од градинка, з`ш мармаладот не е џем или зш комарците постапвет безобразно и курвински го напаѓет човековото тело додека ова е во спавателна состојба. Свињи свињосани. Незнам з`ш не ја прогласија оваа млада дама за шериф, која не сакаше ни преведувач за македонски да користит дури беше директор баш во Македонија.
Се зафативме со политикава без да спомниме колку Охрид сваког дана све више и више напреџује во областа на туризмот. Секоја година пичиме вуспич прав прав пругоре. Старото кое е ептем успешно го унапредуваме, а и внесвиме новини за нашите туристи да се задоволни за до в година од задоволство да ни дојдат во шо помал број. На пример се воведоа и клими на тезгите и то на сите. И на оние шо се продават костени и на оние шо продавет костени. На тезгите и панаѓурските барачина кај шо се продавет гашчи, прслуци, терлаци и ноктарчиња за орелски нокти как да си метнех, се монтираа и кабини за проба и шлајферици за педикир. Веќе она старото и заостанато “ајде ченкиии варени и печениииии“ по плажите шо го слушавме уште од минатиот век изумре. Сега се слушат “ајдееее марихуааанааа за сите и за деца и за возрасни, машки и женски, стари и младиииии“. Кај да се свртиш во градов мојш да најш од овој градинарски производ и то тазе сушен и готов за конзумација. Немаш потреба како порано, дур бевме заостанати, на скришни места да се купвит и конзумират, сега се чадит како локомотива и по плажите.
Исто така, ја зголемивме услугата за масажа на туристите. Секоја вечер по некој турист е измасиран. Дури според билтенот на МВР то се случвит, само за да им се погодит, се ангажирет четири масери на еден турист. Пичи.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите