Но со објавувањето на категориите, со начинот на кој се избрани, со начинот на кој се пријавувани како кандидати се добива впечаток дека изборот се прави само за да се задоволат личните желби на еден мал круг спортски работници, а притоа не внимавајќи дека на таков начин само се девалвира наградата и успехот што го постигнале спортистите и спортските работници.
Но да почнеме по ред:
1. Начинот на пријавување на кандидати се вршел по пат на апликација и само на таков начин. Замислете најдобриот светски фудбалер Меси да пополни апликација ( јас сум најдобар) и да ја достави до комисијата. Скромоста е една од главните карактерни особини на секој спортист и по неа се гледа големината на истиот.
Пример : доколку имавме светски рекордер од Охрид и притоа тој не доставил апликација нема да беше прогласен за спортист на градот ???
2. Она што посебно е недозволиво е изборот да се изврши без никаква консултација со граѓаните на Охрид ( јавна анкета), без воопшто да се побара мислење и став на пошироката спортска јавност( спортистите и другите чинители на спортот ). Јас сум убеден дека секој од нашите афирмирани електронски портали ќе беше дел од еден таков избор доколку тоа и се побараше, но очигледно некого не го интересира поширокиот став и мислење.
3. Предложените категории пак се посебна приказна. Замислете имате категорија за Најуспешен и најмасовен клуб ( што значи тоа?? ) а воедно имате и категорија Најдобра екипа. Или имате награда за Животно дело а потоа доделувате Посебно признание за две личности, а сите тие со своето искуство и години влегуваат во категоријата за Животно дело.
Или Спортски амбасадор на Охрид е спортист кој игра во Скопје. Не сум знаел дека Скопје не и припаѓа на Македонија. Секоја чест на спортистот, но сепак мислам дека Спортски Амбасадор на Охрид треба да биде прогласен спортист кој со години го афирмирал градот надвор од границите на Македонија.
Или имате награда Најдобра спортискА а се избрани две спортиски.
Според мое мислење Сојузот на спортови треба да претставува организација која со својата работа и принципи ќе се издигне над импровизациите и ќе постави цели со кои од година во година ќе го издигнуваат авторитетот на спортистите и спортските работници преку организирањето на Манифестацијата Спортист на Охрид.
Почитувани спортски работници, направете Правилник за Избор и Прогласување на најуспешните спортисти и спортски работници по терк на современите правилници, а притоа внимавајќи на бројноста и терминологијата на категориите, начинот на евидентирање на кандидатите, критериумите и пропозициите, начинот на избор, изгледот на наградата …
Изберете комисија која цела година ќе ги сублимира и архивира резултатите на спортистите и спортските работници, комисија која ќе ја вклучи јавноста во изборот, комисија која ќе го слушне мислењето на спортистите, на спортските новинари, навивачите, професорите по физичко образование.
На крај почитувани колеги и сограѓани би истакнал дека ова мое гласно размислување нема намера никого да го деградира или навреди особено не спортистите и спортските работници, како и нивната посветеност и резултати ( се извинувам доколку сте ме сфатиле погрешно ).Ова мое гласно размислување е со цел во иднина да се променат работите, да се промени упорното тапкање во место особено во областа на спортот.