Море, море кај ојде ова Македонијава наша во техникава. Тиииии. Ги заминавме и Буркина Фасо, Либиска Џамахирија, Занзибар, Северна Осетија и многу многу други развиени и напредни земји. Ко ти викам. Кај се видело то бе. Ко слушнав се в џашиф. Од среќа се потпосрав санким во катастар скица извајв за 4 сати. Богами. Види. Мене одма пораката ми стана јасна, дека млекото “Дукат“ ти е исто ко трудна жена. Јасно и гласно. Супер е рекламана. Ама како успеаја бре ајнштајниве за реклама да ги спојат доброто со корисното, гинекологија со млекопроизводството. Тато му рече на синот дека млекото е толку убо затворено со та тапата шо никој ништо не му мојт, како шо бебето било кај бремената мама затворено???? Така рече мама. На рекламана. 
Додуша малку се збунав. Пробав да напрам компарација за уште појќе да ја сфатам пораката на рекламата. Ако мама е шишето…значи….бебето е млеко?! Не. Ако шишето е  полно со млеко, а мама бремената и е исто ко шишето тогаш мама ја наполна некој со млеко?!ДА.Не. Чекај сега, полека. Шишето било многу убо затворено и млекото било безбедно како бебето кај мама. Е сега ако млекото е безбедно заради чепот…..кај и е на мама клаен чепот???? А пак мама ако имат таков херметички чеп тогаш како тато…Как да е. Пораката е јасна:  бремена мама е како “Дукат“ шише. И…во очекување ќе сме некој ајнштајн да дајт интересно решение за реклама на јако вакумирана чајна…пример.
Додуша и да ја снимет ваквата реклама не оти знам дал ќе ја видам. Зш од ко поевтина бензинов за два денара аздисан сум со колана. Не сум застанат. Да можев да ја пикнам дома и од дневнана до в клозет ќе одев со незје. Како ам. И сега гости не примам дома. Јок. Поефтино ми е да ги примам в кола и да ги возам од колку дома да ми се акосет и да потрошам кафе, ракија, мезе а недај боже да ми побарат млеко “Дукат“. И уште да ми речит со уста чепон да го отворам. Бљак. 
Как да е. Јас се развозив, а Али Амети брозборе. Македонски. Алал да му е. Одавна е прооден ама сега дури прозборе. Само не му ги слушнав првите зборој. Обично се мама или тата ама јас не слушнав. И се осеќам многу оштетен шо не го чув. Ај шо не го чув ами неможев нигде на гости да се најдам во муабет. Море по визити, по родендени се пиеше се јадеше се славеше за Алија. Ѓурѓовден го напрајвме во чест на Аметче наш. Па и не е шала. Ајде да се присетиме како ни беше дома децана ко ни прозбореа?! А? А ова е бетер од твое дете. Зш овај е наше дете. На сите во Македонија. Додуша е и америчко ама нас ни го тупнаја да го гледаме. И не само да го гледаме да го воспитвиме. Одма да им јавиме на американцине за ова и тие да заземат став за ова вест, па после да ни кажат каков став ние да зазејме према нив. Само морам да пазиме како ќе им се наместиме….со ставот. 
И ако не разбрав Али шо кажа ептем  го разбрав Гордан на пресот на СДС шо дакаше да кажит. Кажа чоекот јасно и гласно дека имаме преотповарена администрација, на која платата не и мрда и дека е сигурен дека ќе има уште појќе партиски вработвења. Тиии бре колку е ова дете паметно. Ја откри Америка.  И тој и СДС нешто се сетија. Пак оформија и совет за економија и социјала кој ќе делуват за спас на Македонија и ќе предложвит решенија за нашава никаква економија. И на пресот нагласи дека тие како опозиција ќе го поддржеле секој чекор за добро на државава. Е арно де. 
И им вервам искрено да ви кажам. Ги биват за чистење гомнејнци. Ама за да знајш да исчистиш гомнејнци требит да знајш како се прает. Бар така мислам јас. Тука шо прајме? Од каде СДС искуство со праење лакрдии? Со партиско вработвење? Нити сте биле некогаш на власт нити ак сте биле, а не сте биле, сте заебале ништо. Додуша еднаш бевте кратко само за да го фатите тој октоподот арно ама пак тој пуст се најде со многу краци и наместо да го оперите кизнајт со што го раневте пак пустиот пушти краци и до ден денес растат и ела скратиму ги сега. 
Море Горданчо дете голомеше. Не само заради цената ами и заради умот ние не пијаме нафта. Народот. Нити пак трева пасиме. Мада кај да е ќе пропасиме со цениве ама друго ми е муабетот. Ами ти и другарчињата не една…ами сто шанси имавте. И то тие шанси ви ги даде овај народов истиов на кој сега ти му продаваш мадиња за бубрези. Само жими Али Амети шо прозборе ти не си крив. Нити Баненце твој. Ние. Ние како народ сме криви. Само незнам дали нашата вина е од објективни или субјективни причини. Зш кај овај прост народ не постоет други бои освен црна и бела. А искрено и оние третите кои и да се некако се промрквет околу овие две бои. Никако да се обоет во некоја јасна боја. Или се сиви блиску до црни, или се светло окер блиску до бели….или…А овај народ шо да прајт кутар. Нон стоп е меѓу две зла. Или змија да му го апнит или магаре да му го бапнит. А искрено и едно и друго имаме пробано. Двете се заебани…болит. 
ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите
изнесени во рубриката Писма-Колумни не се ставови на OhridNews, туку се
ставови на авторите и редакцијата на ел. весник не сноси одоговорност
за содржината на истите.