Леле мори мајко колку сум среќен шо ме роди во НСРМ. Додуша ко ме роди бевме СРМ во СФРЈ, па после РМ надвор од СФРЈ, која едно време беше ФНРЈ па стана СФРЈ со си К и М и Војв., па без К и М, која после то беше СРЦГ и ја водеше С.М. па стана СРЈ, па СР, па С, и сега ко да се стремит да си станит БП. Е ова последново не сум сигурен ама мислам дека значит Белградски Пашалак.

Евааа кај забегав. Зборот ми беше дека мамичка моја…..тук чекај прво ова. Кај шо ги спомнав овие горниве скратеници…..незнаев како да се изразам да…..абе не сакав да ти речам ама сакав да ти го плеснам в очи. Преку копулативниот орган ми е со некој работи ама ајде кажи да те видам. Ај со нашава слобода на изразување изрази се. А кажа, а слободно сабјата во вратот и глата куглање.

Е зато се сетив. Ко извештеаите од МВР. Скратеници и иницијали па шие ми га Хорхе…Ѓуро де. Еве личен пример и ај да те видам разбериме. Комшијана мој со иницијали Пер. Петкоск. , шо работи во една фирма, да не откривам многу, ама балансират нешто шо се редит на колите, а то се тркалат и е втора смена секој ден, имат лево плаво око, десното не ти кажвам пукни, жена му работит во градинка, погоди сам каде, ама не е во периферија, а една градинка е во центар, се викат Цвета, плава е, чек малку……извини ми се јави Пето Петкоски онај шо живејт на Питу Гули 479 во црвена куќа, мажје на Цвета…е ај погоди кој е сега де да те видам.

Тука фала на мамичка. Ме роди во НСРМ, да дајт Господ севишните шо ја водат државава да и ја кренат платата следниот пат за цели 600 наместо 518 денари, ко ќе ојт на преглед ако и се примочат, златен Господ да имат тоалетна во клозетот и најбитното…..ако требит да бидит оперирана аман севишнниот Тодоров, да средит некако докторите да не дежурет по 24 сати и да прает 12 операции. Како шо среди да не се пушит, ваљда ќе средит докторите нему да не му го пушат.

Пак забегав како да живеам во забегана држава. Дефинитивно мама ме роди и ме помилува на косата во ова држава и јас доживеав ова недела просветлување на неколку пати. Прво ме просветли, ааа не ти кажвам која е манекенката. Откри си сам. Една наша преинтелегента манекенка, припадничка на НСРМ-воскиот џет сет. Е истата молеше секоја година да е во жири на Охрид Фест да ја гледале на телевизија…и БИ. Нееееее….Боже пази не откривам….никако…. и јас сум махер ко…..Имат иницијали Д.Т., воглавном се појавуват во брашно комбинација, да не речам бело, пре интелегентна е во однос на грамажата на мозокот.

Беше гостинка на една емисија и искрен да бидам ми ги отвори очите и покрај шо имам диоптрија и кажа многу големи мисли од малиот мозок. А можам да змислам колку ќе ме просветлеше ако мислите ги повратеше од големиот мозок. Ваууууу…..Ќе бев најпрепопросветлен санќим сум бил на ренген за злато на Фински аеродром. И ја разбрав најголемата филозофија на нашето битисување на обичните смртници. Ме поучи личната дека не требит да ги сметам другите како конкуренција туку конкуренција сум си бил самиот себе.

И јас одма. Балтазар. Ако се опулам во огледало и се видам бричен убав, одма требит самиот себе да го надбричам за го победам мене. Ако јас.. пример… викам…пример…. победам и да бидам мис на државава одма морам да се сконцентрирам да бидам геј на државава за да ….. абе алал да и е. Искрено јас вервам дека та ко го сфатила ова, ко се видела на огледало и ко видела дека имат две цицки, одма си клала уште една, за да мојт да си ја победит, а воедно и да си се победит себе. Или пак имат напраено инфекција меѓу двете нејзини цицки, за да и се појавит чир кој како и да е поубав од двете нејзини цицки и да си имат три.

Воууу откритие. Нејзино. А не не не …никако не ти кажвам која е. Можда ќе се сетиш вака….ако сакаш да пратиш …..абе шо филозофирам многу. Дур не се појави та, сите мислевме дека ако сакаш да искажиш љубов према некого прајш со рацете срце и…..Алоооо умре то. Сега со рацете прајш вагина и викаш: АЈ ЛАЈК МАЦЕДОНИА.

Ме просветли да ти кажам искрено и 2 x Господин Стевица. Рече дека ние сме биле православци, види тиииии… јас мислев сум гремлин, и зато не сме требале да протестираме стално. То да сме го остаеле на протестантите. Тие да протестирале. И пак кај мене Балтазар. Значи муслиманите нон стоп јадам мусли. По житието на квадратниот Стеф. И се задумав и се напрајв среќен. Фала му на Бофа шо не сум будист.

Чек малку. Сакам да го видам овај за временскава прогназа на Сител. Изгледа го пушти реумата и пак е..

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив