Добро бре луѓе овај Мејли го купи цел ВИП????????  Колку телефони имат на ВИП??? Ам ова не е Љубаништа. Абре кај да свртам: го добивте Мејли. А кај мене во именик запишан Пере. Се шашардисаа и телфониве. Јас сврти кај Каралија доби го Мејли. Сврти кај Димета од Галеб….го добивте Мејли. Шо чоек ќе беше овај Мејли??? Абре пратеник да беше олку телфони немат да имаше. Советник во време на Ацета да беше немат појќе од десет телефони да му даеше. А не ова, мајката, кај да свртиш го добиваш него…Мејли.

Мада по имево не ќе да е од кај нас. Мејли. Ко странец да е. Додуша не секогаш името кажвит од кај си. Ехеее колку познавам јас шо се викет Вилсон, Клепоатра, Алберт…..мислиш дека се од….а тие се од Пештани, Требеништа, Долно дупени, Паликура….

Еве сега овај (су)братов…Сушанто Рој. Си мислиш од Индија е, а то сега еве една недела имат Mакедонец е. И да ти кажам ќејф ми е шо му дадоа државjанство. Важно чоекот помина низ цела законска процедура и врз основа на член 11 од Законот за државјанство ги помина сите филтри на Државни институции за добивање на македонско државјанство.

Еден од тие филтри е филтерот за мустаци. Чоекот имат мустаци како колбас лукајнца. А се знаело од век и веков мустаците се главна одлика на секој македонец. После имат филтер за некој шо придонесол или ќе придонесит за развојот и афирмација на НСРМ. Е сега малку истражвев јас и најдов дека Сушамирко Ројовски ти бил скијач.

Така да ќе придонесит за поголема, на и онака големата афирмација, на алпските дисциплини на македонските скијачи. Посебно со назнака на слаломистите кој 20 години (не)возат те лево те десно во нашата НСРМ. Мада од една страна поарно државјанство на еден скијач од колку ко Бранко ко им даде 300 000 државјанства на оние со бели капи на глана, како се викет….а….да. ..куварине. Ваљда и тие го поминаа член 11???!!!

Ама да се разбериме. И тој ќе имат добивка. Ќе станит горд Mакедонец. Зш денес кој не е Mакедонец незнајт шо е гордост. Да речиме, да не ојме подалеку, еве јас ми идет да се потпосерам од радост, одвреме на време, ко ќе ми текнит дека сум Mакедонец. Дури и да бев македонче од бавча, скопјанишчана шо го виките магдонос или магдоуше незнам,  за посен грав, ќе бев горд. Како ам.

Абре кај и да се свртиш низ историјава наша ќе видиш дека ние како македонци секогаш сме се држеле и по цена на живот не сме одстапвеле од основнате македонска кауза, која низ векови сме ја практикувале и зато до ден денес ги уживаме овие благодети – кај и да ојш ,кој и да дојт- како македонски син секогаш имај во тебе ВАЗЕЛИН. Како ам. И пред никого не остапвиме. Мачкај чмарот, open it wide  и во јуриш ма кој и да стојт пред тебе.

Еве сега грциштава ги дупиме како сакаме. Како каубоецот коњот. Прво каков инает им тераме и ги зезаме со имево. Хорхе им  прати писмо џо сакат да се сретнит со нив, тие рекоа нејќеме, а појма немет ако прифатеа дека Хорхе немат да им ојдеше ко шо ги избрка тие за самитот шо не му дојдоа. Каков инает им тераме…еве години се бориме да не признает како Република Македонија, а тие ни велет или Северна или Горна или Гремлинска….а да ти кажам искрено, слушајме ти мене. Утре да речат тие: еве бидете РМ ние за инет ќе речиме отсечно титовско НЕ….сакаме да сме Горна….како ам.

После ….ако ти е колата за фарбање не си будала да ја фарбаш овде да даваш пари. Си ојш кај нив и уз одмор му матинаш 1500 евра за пет дена, ем ќе се науживаш ем ќе ти ја исфарбет. Дури и зш НСРМ големо државиште е,  си нарачвиш и тие ти пишет ГР – Голема Република. Фалит Македонија, за да е ГРМ, ама кој ги вртит. Дома ќе си ја додам М. Да бе. Еве јас тргвам денојве. Уште од овде редам вазелин за да не ме чекат полицаецон на грчка граница, да му одземам време дур се мачкам па да се изнервират, зш ако се изнервират нема да ми е убо мене дур ме….

Зато сум горд. А и ти ќе си уште по горд ак те потсетам на турското. Да те постетам? Еј бре човече, да ја поробиш цела Турција, ај шо ја поробивме туку ја кренавме и овде ја донесовме и вјарем ја напикавме. Да,да. Шо сакавме им праевме 500 ( и со зборој петсто) години. Им дававме данок колку сакаме, им се бесевме пред очи, да се згрозат да повраќет, на стари луѓе им дававме млади момичиња да ги збудалат, да им го земат нефесот.

Абре ко ти викам јас немат погорд народ од нас, народ кој точно стојт на свој нозе и низ векој знајт шо сакат. Јасно да ти е….алоооо….немат играње со магдоносчево.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите
изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.