И ајде сега. Како да ми се викат државава? Кажи де. Јас појќе имиња да мислам неможам. РМ ( Република Македонија) не можело зш грчкине двоцефки не не сакале како такви. НСРМ (Независна Самостална Република Македонија) само јас го користам никој не ми го прифаќат, а и неморат. ПЈРМ ( Пушачки Јака Република Македонија) ко за најприкладно беше за некого ама стап….немојме појќе така да се викаме.
А како да се викаме ПЈРМ кога од најпушачка нација, која сегде и секому му пушеше полека полека сакет да не сотрет и ни стегет ремените да намалиме или да престаниме со пушење. А како кога од векој сме биле јаки пушачи. Еве сега најновово. Кај до сега не казвеа инспектори ако им пушиме, сега пак ќе не казвеле и полицајците ако им пушиме. Јас ко шо гледам полека полека се намалвит критичната маса на која мојме да и пушиме, а да не не казнат. А ние како пушачки народ, кој многу работи ги решава уз запалено цигаре, уз и со пушење, незнам до кај ќе тераме вака.
Ќе испоцркаме така. Ќе испоумриме. Додуша види. Незнам како е по другиве градој во НСРМ, ама во Охрид од петокот да ти е ќејф да умриш, а да не ги жалиш тие шо ќе ги остајш зад тебе. Да бе. Гробарината ја намалија од 720 на 600 денари годишно. И уште ако напрает ко шо рекоа потака да ја намалет на 200 денари ихихиииии. Ќе остам аманет на три дела да ме пресечет и во три гробој да ме закопет. Како ам. Шо се море 200 денари за гробно место. А не ти менвит дал ќе имаш 2 или 3 гроба зш например за то данок на имот на ни земвит државава.
Абе ќе си се средит све. Еве и во СДСМ веќе се просветвет по малку. Не многу ама колку толку имат некој знаци дека нешто мрдати претат од кај нив од ко се тргна capo di tuti capi, Баненце наш вечен. Рада пример се испрај како лавица и му бапна на Колета неколку прашања за Мијалков и ете ти инетересна борба денојве можда и месециве. Имат шо да пишат новинариве сега да пополнвет теми. Мислам на овие шо не се затворени.
Друго шо покажвит дека СДСМ полека ама сигурно прајт све само да ја кренит македонштината вуспич прав прав пругоре, е то ко одбраа нов шеф на младите СДСМ-овчиња достојно онака македонски прославата ја одбележеа со стара македонска песна “Рачунајте на нас“. Јас додуша очеквев на крајот да ја распалат нај македонската “Играле се делије на сред земље Србије“……ам ај во друга прилика.
Зато морам да бидам искрен дека кој ќе напишит нешто против СДСМ-овциве најискрено ќе го мрзам како прдеж на родителска. Е да не речам дека Стевче Јакимоски е прдеж ама ме изнервира шо ги нападна. Додуша јас мислам дека не го напрај то од шо ги мразит ами можда слабо медицински котират со меморијата. Зш тие СДСМ-овци го примија ко висеше Стевица како ЛДП-овски привезок ко закачен на гајката на фармерките на газот на овие СДСМ-овцие и тие го изваја од ЛДП–овската кал во која тонеше во политиката во НСРМ. Тие го напраја градоначалник и Стевица ако тие праеле далавери ( а не де праелеееееееееее ехееееее) значит и ти си се кашкал. Зато не е убо на довчерашните другарчина да му го свртиш тек така газот….покри си го и ќути си. Зш покриен гас никој не го дупит, пардон не го пљукат. Как да е, имат Билобил, а и вазелин шо помогвет во вакви ситуации.
Многу некако денес се зафатив со политика и замалку ќе заборев да спомнам еден настан кој навистина ме нарана, ме расположи, а и ме релаксира искрено. Додуша ме збуна малце, поточно ме збуна интелегенцијата на луѓето шо го организираја ама ај сега да не барам фортома во јајцето. Значи се оддржа “компиријада“ во селото Горно Јаболчиште. Во Јаболчиште – компиријада. Алал да им е. То ти е исто како во Сливово да се оддржит праскијада, во Пиперово патлиџанијада, Врбјани – јоргованијада, Брезово – тополијада , а пак во охридско Курајца – вагинајада. Пример. Как да е …да се врвело некако во НСРМ. И онака све е рашмонијада.
ЏИМИ
[email protected]
*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.