Абре таман извајвме карта со Баба да ојме Токио на бурек з`ш овде го напраја 70 денари, Јапонците се затворија ради омикронот. Не бре, не бурек со омикрон. Немат таков, ако е Јапонија. Туку новиот сој на ковидот се викат омикрон. А пусти омикрон тргна од Aфрика. Овај ковид бре неуморен е ко бушманот со кокаколата.

Ете ти сега да продолжиме со поделба меѓу нас. После делташи да си имаме омикронаши. Ај шо се поделивме во политика, вера, нациналност, се поделвиме и како ковидаши сојаши. Ако не дојт некој нов сој јас предложвам да се поделиме вуспич или газно и тогаш ќе сме поделени и редијално и трансфензално и …..

Тук да не играме играчки та да се фрлиме на вацининирање з`ш ојдовме јабана. Не убај вести ни идет од познатото “Радиоми Лева“. Поголем процент од починатати се не вакциносани, потешко врвет, ако закачет ковит, не вакциносани….Дури од сите стручњаци, посебно од НСФА (Научниот Совет на Фејсбук Академија) преку Радиоми Лева стигвет и следните податоци: во последно време дупло поголем број сообраќајни несреќи предизвиквет не вакциносаните, вакцоносаните покасно ги фаќат ж`та, а другиве на втора чаша повраѓет, од разведените значителен процент се не онаквените од онаквените…Е ради овие причини ја поддржувам најновата мерка на СЗО, ако кивниш, а немаш сертификат одма бесилка.

Кај шо реков бесилка, умов ми ојде на овие од Беса. Не бре пратениците, оние од Беса Транс. Нигде ги немат. Ни на телефон, ни на Инстаграм, дури и на ТокТок копав реков дан во меѓувреме Беким газдата играт…..не бре и не. А се зададоа орда на инспектори да го распарчат од контроли, казни, прашања, апсаани….исто како со “Дурмо Турс“. Ете него го стегнаа и немам видено по патиштава појќе од 74 Дурмови автобуси. Ко ти викам.

А таман надлежниве се договорија дека ќе се договорет за кога да се договорет да ги расчешлет сите транспортери, ете дојде и гласање за доверба на Владата на НСРСМ. И ај сега шо е поважно? Чоечките животи или чоечкото мнозинство. Борба за пад или не пад на Владата. Можда поарно да паднеше Владата гарант. Помалку мртви ќе имаше. А ќе имаш и тогаш.

Мада не би требало овај момент да се употребвит во политички цели. Требит да сме со ладни глај. Еве види го Мицалета. Тој е персона со нај ладна гла. Автобусот во пламен, а тој брзи предвремени та предвремени ептем брзи најбрзи избори. Ако мојт дур спијаме брзана птица итрица да ги организират и оп се будиш со нова влада.

Чоекот ја еднуш ја сто пати ја спомна ја не несреќата како причина за брзата птица итрица-избори. Причина за нова влада. Јас вака колку можам да се сетам ко беше ВМРО на власт, тие 11 години, гума не му се руши на накој македонец, а не сообраќајка да имат. Да бе.

Абре не птицата да огранизират избори, тук владата, абре власта да се викат Брзата Птица. Само во НСРСМ ќе требит древниот шаблон на цртаниот да се менит. Милијарда којоти ќе ја бркет птицата.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите