Шо туку ова она бре против Данела имаш ти? Е шо ако вети дека ќе имат бесплатен превоз? Од кај знајше жената дека ЈСП толку е задолжен од предходниот градоначалник. Од кај знајше фаќачката на медни рачиња дека уште пред 15 години е земен кредит заради кој сега не можит да дајт плати? Па жената бре шупел еден, еден ден пред изборите стигна од Сао Тома ен Принципе. Му го напрај мозокот шашма на Мицалета и овај ја поддржа во кампањата.
Тук кај шо го спомнав него. Бооооо каков ќејф на душата ми напрај чоекот. Можда е ваков таков, ама ме бендиса ко го видов в црква да палит свешча за здравје. Беше со онај председатељот од Борчета царон во Охрид. Да бе. За здравје палеше свеќа. Идила. На знаев дека едно се.
Палит свешча и му ја нареди: Господе прости ми шо го онадам народов, шо кажвам дека сум против овега до мене, а врзани сме ко тенко со дебело црево, не му земај за зло шо Таче е неспособен да го водит овај народ, исто така не фрлај му сатани на Зајко з`ш толку му е умот, ослобида ја од сите долгови мојата сетра маџарска Зоне, шо го испокра овај народ, прости му у дај му мирен сон на овај до мене шо зеде пари од братјата за да го отворит цар Борислав, и пак мене шо сум му другар, …..и реде така реде до Кљусета и назад.
Алал да му. Мада имам една мала замерка. Мојше бар една мала свешча од 2 денари да запалит за народецов македонски за да се спасит од сиве овие волци. Реков мала замерка.
Можда пак требеше уште една свешча, уште една прошка и уште еден блосов да мавнит за Тачета. З`ш јас ко чув се рушив од плачење. Се откопачив од плачење ко кажа Таче дека ко течеле преговорите со Бугари и Франција, за предлогот, толку мноу се соживеал со народов наш, толку то го мачело, а се сочуствувал со нас, па нападите шо сме ги имале однадвор и одвнатре, така шо чуствувал болка како некој со нож да му го парат меот.
Јас отпрво не кладов дикат многу ко прочитав, нож, мев си реков еваааааа….со царски дан го породија. Ексик реков. Еве и кај него се спомвит ЦАР, ми ојде умов дека и тој нешто со Бориса е замешан. Мада прво и прво знам дека тој не се дружит со такви ко Мицалета, нити восочни фигури имат местено ко Зоне.
Тогаш да ти кажам искрено напрајв опсежна анализа и дојдов до следен закљукок: 90 проценти од македонскиот народ барат да се пораѓет со царски рез мислејќи дека децата шо ќе им се родет се царој. А не им теквит дека раѓет глаучи. Зато се користит царскот рез. Е зато не ни ојт во држава. Абе одамна велев јас гинекологијата е тесно поврзана со просперитетот.
Јасно и гласно. Како шо јасно и гласно објасна Васо Ристов, директорот на Националниот балет и опера дека немат цензура во “Абре македонче“. Туку стихот : “нека разберат клетите фашисти македонско име нема да загине“, е испеан како: “нека разберат душманите клети македонско име нема да загине“ не заради цензура туку дека е испеана автетичната верзија од 1970 година. Можда Васе да рошнеше во поавтетична верзија ќе најдеше: “нека разберат кутрите душмани, дек ние сме клетите македонци“. А? Абре македонче, абре…е па паси.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.