Море море да неможел чоек да се прошетат во црно облечен. Одма кревање џева, одма кревање тензија и пласирање дезинформации. Наводно, велам наводно, луѓе во црно шетале во Арачиново и во Тетово и легитимирале луѓе и ти биле од УЧК. Море луѓе. Не туку со сила прајте си нешто шо не е.
Прво и прво. Еве јас од мои извори блиски до Биљана дознав дека луѓето не се од УЧК ами ти биле оџачари. Не е точно дека ги легитимирале луѓето туку едноставно ги прашвеле дали им се затнати македонските оџаци та овие да им ги отнат. Плус то се јави и заменик министерот шок Земри Ќамили и рече шо и да е е под контрола е.

И да дојтит до пукање ќе се пукат контролирано. Изјава за мерак и од, ваљда, големиот мозок. Јас пак се сеќавам на еден министер за одбрана кој пред појќе од една деценија исто кажа дека се работело за група изолирани поединци???????????? кои ги држиме под контрола. Истиот министер си намачка паштета, си јадеше и го снема а ние го јадовме стапот од поединците кои се изолирани како групи. Изјава……држме мајко ќе се посерам.

А шо лајно народ сме шуќур шо не поминајa оние со машинине за дрва сечење од инет ќе речевме , ете идат со си тенкој и маскирани се со црна боја за кондури на лицето.

Кај Микија во кабинетот видов урамени лопати. И една пруга. Се воодушевив. Вистински работи кои ја покажвет природата на работата на еден чоек. Е јас ко ќе станам хирург уште по оригинален ќе бидам. Ќе клам дел од органите шо ќе ги извам. Замисли полна канцаларија со живи хемороиди, слепи црева и понекое маде и то в песок како симбол навоздугнување на НСРМ. За песокот мислев. Убајна.

Абе ова медицинава е чудо. И мене ме бендиса овај проектов “Ало докторе“. Си се јавив и јас. Многу ефикасно е а плус не ти требит ни мој ни твој термин и кратко е. Рекоа му вервеле на докторите. И јас. Си го прашав докторот дал во НСРМ имат депресија и дал ова шо мене ми идет секого да операм, сам да се операм, да касам од сабајле кој ќе видам, ова шо одвреме навреме ми идат да се напијам солна киселина….дал е то знак на депресија и дали почвам да се скренвам докторе? Никако. Во НСРМ немат депресија. Имат во Скандинавија. Ама за секој случај гледај го Латас. Бам слушалката. Фала ало докторе и сега си шупам.

А убајна и ова со проектов за труднициве по Фесј Бук. Едноставно секоја трудница мојт да си ја сликат ја праќат сликата и докторот и кажвит: по ова шо гледам на сликава отворена си само четири прсти почекај уште три четири и послем ќе чатираме. Мада или сликава е матна или ти не си депилирана неколку месеци не гледам баш најубо за да се осигураме дај уклучи скајп и ќе тераме работа.

И дискрецијата е загарантирана. Зш кој ќе познајт која е твојата. Е да се сликаја жениве за табло така како матурантки ќе беше заебано. Ама вака проектов е џам и не бадијала се донесе ваков проект од паметните луѓе. Јас го поздравувам овај проект, никако не мислам дека е нешто банално, селско, неостварливо и морам да кажам дек е мал чекор за вагината, а голем за човештвото.

– Ако не успееме политички, не заслужуваме да ја водиме опозицијата и можиме да речиме дека ова опозиција е слаба – рече Заев на трибинат во Битола која е првата од планираните шеснаесет. Јас не сложвам со Зајко дека ова опозиција е слаба. За да е слаба или јака требит да постојт, а не да е испикана како глувци по дупки кој никој немојт да ги најт.

Уште Зоранчо рече дека имал такви докази против Колета шо ко ќе презентирал овај за три дена ќе даел оставка. Јас едно не разбрав. За три дена ќе дајт оставка за секош или оставката ќе трајт три дена? Ама имам молба до Заев. Аман Зоки, не чекај да понимат уште петнаесет трибини за да ги презентираш доказите, аман веќе одма презентирај ги зш нестрплив сум да видам колку способна опозиција си, ајде целиот сум намовнат. Немој вака да ми прајш години и ме држиш како гола жена пред оргазам. Ајде веќе еднаш сите во НСМР на било кој начин, ама да свршиме.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.