Абре кај ојде ова светов. Добро бре свету, западу или како да ве наречам, знаев знаев ама до олку да сте глупи не знаев. Имам слушано ама не вервев. Знам дека уште дедоТито велеше ама ние сме и напредни и …..Ама изглеа некој е шуплив и не сваќат. „…на Обединетите Нации Метју Нимиц на 1-ви Ноември…..преговори за името….“. Кој бре Нимицу, какви преговори бре….за кое име….Гордо и како прави македонци викаме..ЈОК..да да баш така право македонски..ЈОК ..за преговорите за името..

Абре господ да чуват  и да бранит и голман да станит. Кој бре? Грците ќе ни кажвет како да се викаме? А? На нас. На Македонија шо е југоисточно-балакнско-во ќошон лево, светска сила? А? Па со кого бре…? Абре сватите еднаш Македонија е сила, и то не само сила туку ВЕЛЕ, ПЕРЕ,  па ако требит и МИТРЕ СИЛА. И то не од сега туку од век и веков. Уште од турското ние сме бре силиште. Се е то бре бате тактика.

Да потсетам на турското? А? Еј бре човече, да ја поробиш цела Турција, ај шо ја поробивме туку ја кренавме и овде ја донесовме и вјарем ја напикавме. Да,да. Шо сакавме им праевме 500 ( и со зборој петстотини ) години. Им дававме данок колку сакаме, им се бесевме пред очи, да се згрозат  да повраќет, на стари луѓе им дававме млади момичиња да ги збудалат да им го земат нефесот. Ами како. А пак за данокот во крв ич да не зборвам. Као сме им давале данок во крв? А бре не треси глупости. Нашите тогаш така велеле, арно ама то беше почеток на изумот наречен ТРАНСФУЗИЈА. Е сега така се велело з’ш кој ќе разбереше шо прајме, кој во то време ќе го сватеше зборот ТРАНСФУЗИЈА.  А? Ги цицавме ги цицавме ги  напикавме вќош и ко ни здосадија, после 500 години, ај сиктер да ве немат. И сега ти на нас Грција била…….Абре ај бриши од тука.

Да ти бројам уште. А? А србите ами 92 година. Ко зајци бегаа од Македонија, глата не знае кај им е. Ај шо ги испадивме ко клошари туку кутрите ем не знаеја кај да се пикает, ние пак уште бап, тенкојте, камионите, радиоторите, штекојте, шољите од клозитети и што не им бабнавме. Абре душата им ја извајме. Еее ко ќе ми текнит. Од смеење неможам да се соземам. Абре еден Ричард Гир, ееејјјј, Ричард Гир идеше ко пес молеше да глумит во тој филмот шо го снимавме заедно со тие глумците од Косово, ко варосвеа Србите, ама бре ко рековме не и НЕ. Ко посран си се врати во Америка.

А ти теквит на она играна со учкине, шо ја игравме, индијанци каубојци  во Арачиново? А? Идат онај судијана ( обично такви утакмици судит ) ми се чинит дека се викашеее…….а, Солајна, ( или така нешто, знам дека беше со нешто ама не ми теквит со шо) е тој свирит крај, тие шо ги глумеа индијанците  престанаа, а нашиве пукет ли пукет, и тук наеднаш оп престанаа. Сиве се вџашија шо е работава, ко ние бам сите во автобус, на друг терен шо не им е познат и партал ги напрајве. Е бре ова Македонија е. Не е панаѓур. Сила бре.

 Сватите еднушка дека Македонија не е мачкина кашлица, Македонија не е газин дим (или така нешто, важно знам дека некој внатрешно – надворешен орган беше) ами сила. Ами ова… цел свет не викат ФИРОМ, а ни е ич не ги шишаме, на визити ко ќе си ојме слободно без да се плашиме и со полна уста си се викаме македонци. Ни мојт некој нешто? Стап ни мојт. Сила сме, пересила.

Е бре горд сум. Среќен. Силен. И види. Ако не сум политичар ама сигурен сум, сега на пример,( шо не вервам дека имет храброст со нас така ) грцине да речет ајде еве на 1- ви Ноември ќе ве признајме под името Македонија. Знајш шо следвит. Ни е опаа заинет :”Не сме Македонија, ами ФИРОМ”. Абе не само грцине, ами цел запад го дупиме како сакаме,  ко каубоецот коњот.

А најфаца ми беше она. Западон нас:”..Овај и овај ќе вие председател на државата..”. Ние: “ Важит”. Тие нас:”Овај и овај ќе вие премиер”-Важит. А? Шо мислеа ќе ни се стресет гашчиве и ќе им речиме НЕ. Глупаци. Абре несмејш да им попуштиш, з’ш какви се прст дај им тие двата бубрези ќе ти ги земет. Еднуш да им покажиш дека се плашиш, па ќе ти го напикет стравот внатре и се стори. А ти го напикаа ела после извајго. Е со Македонија играње играчки немат. Ова е бре ПЕРЕСИЛА.

Џими
[email protected]