Абе пуста љубомора не кинит како изјава на Тупурко. Ти се случвит нешто, а ти појма немаш зш и шо….исто како изјава од Тупурко. И види. Не да се трудиш, не да работиш, не да имаш успеси во животот, не да си педер….лидер во регионот ако некој ти го фрлит пикот, па пикот го менит во љубомора, бадијала ти е. После то не да работиш, абре ако сакаш од работа од кај газот свртисе однопаку како чорап…..ич….вака не чинит работава….ич.
Еве од нигде никаде пикот ни го фрли Артур Окун, некој си батал економист кој ја мерел невработеноста во државиве и стапките на инфалиција низ цел свет. Го изработил овај македономрзец некаков си „Индекс на мизеријата“ па му дал податоците, вол еден, на “Бизнис инсајдер“ и…….Седни прво написе пол кило шеќер со вода, и замисли недоветниов не акнал на, за нас разочарувачкото , препоептемнајразочаривачкото 8 место на листата на најмизерни земји. Абе да ти се плукнам на то судбината, некош не е арно ко нас вака да работиш цели 30 години и пак некој да не те ценит и те заебават од љубомора.
Ееееее три децениии да работиш за на секоја листа да си лидер, посебно асли машка работа фрливме и на ова листа на мизерија да сме лидери тие не акнаа на осмо место. А три децение праевме да го озвојме првото место. Све шо беше фабрика затворивме, го измисливме ТАТ, пропаднавме гиганти како Лихнида, Отекс, Алумина и да не редам. Напрајве апашка приватизација. Секоја година ја зголемвиме границата за пензија за шо појќе луѓе да не ја дочекет.
А тие шо ќе ја дочекет ко ќе видет дека со то шо му го даваме како пензија не им стигвит ни за андол а не камоли…..абе одма сами си умирет. Си сваќет дека то е им е поевтино. Еве секој ден све појќе, благодарение на здушното работење 30 години на сите власти, имаме луѓе шо срчет за храна во контејнери. И шо појќе да напрајме? Шо? Љубоморни едни. Па ми идат море да се задавам со бајат леб шо го купвам од завчера ко ќе видам дека една посрана Венецуела, Сирија , Џибути, едно……….ах алеле….едно посрано Лесото е помизерно од нас. Е то ти прајт љубомората, да би аир не видел тој македономрзец Артур.
Батали. Ќе го преживејме и тој некоректен удар на квази економистите. Ќе засилиме отпуштање од работа па можда…..Тук спомнав пензионери и ме бендиса ова новиов проект за нив. Ќе се граделе нови пензионерски домови за пензионери кои ради ниските пензии неможеле да си приуштат да одат во приватни.
Само едно не ми е јасно. Кај толку плацој ќе се најдат зш не оти постојт во НСРМ пензионер со пристојна пензија. Ќе требит илјадници домој да се градет. Или например Скопје…кај ќе се најдит плац? Плацој де. Едино ако ги тргниме мадинана од Букефал. Бар три згради ќе се изградет. А и ме бендисвит одлуката да како све до сега така и ова да се почнит од Скопје. Дур завршет работа ќе испоцркет пензионериве во другиве градој и не ќе морат да се продолжит да се градит. Одма парите ги пренасочвиме во некоја пуфла, шмизла или коњетина.
А требит вакво нешто ама побрзо. Зш некој луѓе како шо стареет брзо им се бришит меморијата. Ај шо им се бришит нив, ама мислет дека и нас ни се бришит, дека и ние излапевме и забораваме какви стапој ни мивал истиот. Ко ти викам.
Еве зејго за пример Трифун. Го гледав во интервјуто на Телма. Ама морам да признам дека не цело време зш морав од време на време да одам да повраќам. Е тој ако фати некоја амнезија, амнестија имал и ќе имат, јас бабачко досега памтам да речиме колку Трифко излажал, колку кругој имат напраено како сончоглед, колку пати некого го плукал па истиот го лижел…..па сега ми се лижити и мене и на сите. Памтам јас, а памтат и НСРМ-Овците.
Тука дан заборам. Се наљутиле лидерите на партиите шо со нив пусти Јоханес Хан три сати раговарал со нив а не каснале ни една кифла, а со премиерот ко се сретнал ручал. Е да не се секирет. Да им кажам. Од извори блиски до Биљанини, дознавме дека со нив не седнал да ручат, не зш му се преку глата, туку дека еден од нив ко ќе јадел мљацкал, друг многу ждригал, трет ц`цкал да извајт храната од забите , а четвриот прдел. А со премиерот си ручал зш нему му е дозволено и да мљацкат, ждригат и да ц`цкат дур јајт и да му се прднит на договорот шо ќе го постигнит со еден еврокомесар.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив