Би и помина. 2024 – та година. Не се ни осети како помина. Без да осетиш. А државава остана јалова. Сега не` чекет нови битки со нови сили во новата година. Но, обично прајме едно резиме на поминатото за да мојме орни да ја започниме новата мисија. Во оваа шо замина имавме доста настани шо ја одбележаја, клаја некој темели за понатака. Некој мили некој не мил некој збунувачки.
На пример најголем момент, а за мене збунка беа изборите. Излеговме на избори, гласавме, ја менавме власта. За мене не јасно остана дали ја менавме партијата или само името на власта и све је исто, само њега нема.
Во старата ни го снема Груби. Мене ќе ми фалет неговите најоптимистичките изјави на светот, а на држвава ќе и фалит некое миљонче еври. Утешително е шо неговото другарче шок Ахмети велит дека сепак Артан не бега од правдата но правдата ќе ја докажвит пред некоја власт која немат да е осветничка. И се прашвам з`ш ова влада би била осветничка? Едино како им е криво шо им намали од колачот шо требет да го лапнет. Помалку ќе имат.
Рамиз Мерко годинава ја помина со 9 кривични пријави. А уште е градоначалник. И сега сакаш да ми кажиш дека не е збунка? 9 внучиња да му се родија немаше да имат толку честитки колки кривични пријави.
Годинава шо помина беше одбележана и со многу жртви, за жал, во борбата за лични карти. Ојде јабана голем број на народ, а кривецот не се дозна. Не беше ни МВР на чело со онај со мустаци на челоно ни некој друг од власта туку народот кој дремел две години. А пак овие како р`снаа во гужви по документи јас реков сега ко ќе се распрснат кој Дубаи, кој малдиви кој Суринам…..ам море градов толкав е за на пазар не ти требит возачка. Ам ај.
Во старата имаше моменти и кај шо се расплакав. Ме расплака Стево Пендар. Во анкетниот лист за имот чоекот наведе дека возел југо. И како да не плачиш. Мерко ауди од 80 000 евреи, Стево југо од 1000. Бар електричен тротинет да земеше ак не друго коштат 1200-1300 еври. И му одгаварат на фацана косата да му се вејт.
Е сега не се збунвев сам јас во 2024-та. Се збуна и Африм Гаши. Незнаеше која е неговата држава дали она кај шо е роден или она кај шо е сега функцинеор и земат пари од народот. И до некаде е во право. И она шо му дала здив и она шо му дала парица се важни. Мада одма реагира Мицале и му рече ноти ноти Гаши и побара извинување од него према народот. Овај се стресе и на сите медиуми и банери покајнички побара извинување.
Негде на средина на годината Мицале уморен од трчање за изборите му ја писна до Америка, си ја зеде цела фамилија да не е сам, да се одморит. Малку се насекирав шо кажа дека нешто колената го вијале па морал да летат во бизнис класа. Ама со физикална ги среди. Овде земвеше физикална, з`ш Бајден не знаел. СДС заборај дека Таче истото го напрај со фамилијата и почна да го критикуват и пљукат. Ама малку се подзаебаја з`ш пљукаа на горе.
Имаше уште многу работи во 2024 година ама нејќам да трошам време дан не ми останит време да ви ја черститам новата 2025 година з`ш за некој сајт ќе дојт, да би не дошла. Наместо протокаларните честитки за во 2025 година јас ќе го замолам БОГА
Да ни дајт
ПАМЕТ да го мениме то шо мојме
СИЛА да го издржиме она шо не мојме да го мениме
РАЗУМ да напрајме разлика помеѓу првото и другото.
ЏИМИ
П.С. се читаме два три дена после грчкиот празник. После 02.02 2025
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите