Само напред луѓе, само напред. Немат предавање. Патот ќе е трновит, ќе не разранит ама на крајот ќе победиме, исповрзани со завои, искинати и кај требит и кај не требит, гипсирани ама качени на тронот на победникот. Како ам. Јас сигурен сум дека ќе имаме споменик до “Воинот на коњ“, само незнам дал ќе сме вoинот, дал коњот, дал мадлаците од коњот, ама ќе не имат браќа. Ќе се зборвит за нас секаде и во цел свет. И в ќерали и в нужници и јавни куќи. Абре сегде во сите институции шо се важни само и само за нашиот напредок.
А дека не мразат се гледат на секој чекор. А како да не не’ мразат ко сме успешна држава кој ита кон прогресот и со секој ден и и сваком погледу све више се НАТО-изираме и ЕУ-таназираме. Како и да блиску сме до еутаназија. Сопки ваму таму ама ние све прескоквиме. Еве сега мојт да имат нова пречка и то ‘зш турците се прает дупачи.
Мене не ме плашит шо Холандија мојт да клајт вето ради законот за СЈО. Која е бре Холандија? Шо моќна е бре толку? Та не е држава. Море та е вагинален чад во однос на Кипар кој е во можност да клајт општо вето за проширвење ‘зш турците дупат земја околу Кипар зарди гас. Пак и ова турциве не ми се јасни. Шо дупење ќе беше то?
Да дупиш земја ради гас. Е сега некој ќе речит шо врска имат НСРСМ со то шо Турција дупит, а нас Кипар ќе не дупчит? Е имат. Прочитај во историјата, ама побргу ‘зш ќе ја менат и ќе видиш дека ние ги напрајвме дупачи. Ам 500 години овде им се пучевеме и од тогаш ко се раздупија ела запри ги сега. Ам како.
Е Кипар е опасен за нас. Не Холандија за СЈО. Еве рече Зајко ќе си го викнит Мицалета и ќе се договорет. Некој викат немат шанса Мицко да не се согласит. Зајко е моќен ќе го седнит ќе го напучит Мицалета за дискусија, ќе му кажит колку е битно ние да ја осетиме ЕУ-таназијата и овај немат каде ќе гласат. Ама јас не вервам дека та тактика е добра. Мицко незнајт да се пучит. Как да е да го решет то.
‘Зш жалосно е да се закочиме кога тргнавме со засил да прогресирвиме. Еве јас на пример и зедов на баба мобилен со Андроит 22. Како ам. Покрај то шо ќе прајт селфи, ќе се гледат на камера со дечко ѝ, ќе постират слики од набања на ФБ, топлес, танга, нормално од први јули ќе ѝ требит и да скенират фискални за да ѝ се повратит ДДВ-то.
И ќе ѝ се повратит ако ја данлодират апликацијата шо ја најавија шо ни требит. Истото ќе го напрајт и стрина шо живејт Свирипичино, сестра ѝ на баба од Косоврасти, снаа за две сестри од прва брачеда на дедо на баба од Папрадиште….како? Не бе не се секирај. Сите овие и плус многу како нив баратет со пликации и мобилни ко виртуози то не е проблем. Мојт мал проблем да е интернетот ама ќе се средит за профункционират сево ова.
Абре морат да напикаме во најсекспилната девојка во светот. Ами како. Зш само така ние то гет умпрувет, баче, аува пипле, анд ви а мор анд мор урупианс, коз еу атракт ас, лид ас, анд уроп маст би мост сексипал лајди то мотивајт ин дис дарекш!
Абре копуци македонци. Појасно, попаметно, по суптилно и по секси од ова кажано амин, АМИН! Зато бре матар факарс, летс го ту да влезиме во ЕУ и во НАТО. Донт чеканинг мор енд море тајм. КЛИАР ?
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите