Локални политичари, локални настапи, локални пораки. Па, нормално, локални избори. Стандардни локации : ЈП Градски пазар, с.Трпејца и Градската болница во Охрид. Не сакам да сум циничен, но уши параат приредбите од рангот на детски аматерски театар, дуелите под отворено небо, па се до иконографиите од човечки ресурси со долгометражен политички стаж, и само со таков. Каде се предлозите, каде се решенијата за проблемите?
Ендмски реклами. Истиве пораки ќе беа прифатливи доколку беа за интерна употреба, како дел од обуките кои требаше да се организираат пред започнување на сезоната. Тоа е многу поевтин и поефикасен начин. Но, таквиот начин очигледно е дека не им одговара. Се надевам дека креаторите на овие се се, само не идејни решенија, верувам дека некогаш биле туристи, во соседните земји, и направиле компарација со тамошната љубезност. За добар туризам не е потребна само љубезност. Да беше толку едноставно, одамна многу места на планетата земја ќе беа тоа. Како припадник на едндемски Охрид и како негов ендемски вид, сакам да ве иформирам дека сезоната започна, па време е да престанете со емитување на ендемскиве, затоа што не е пристојно угостителот, кој работи за смешна дневница да се гледа на тв приемникот во локалот, каде што многумина од присутните му се потсмеваат. Не е човечки.
Талентираните млади луѓе од Охрид, кои му донесоа на овој град огромни признанија се не само мои, туку и херои на градот . Доказ за интелектуалниот, спортскиот и креативниот потенцијал на овој град. Подобра промоција нема. Жално е што луѓето кои се во политиката и кои, и тоа како можат да помогнат, чест на исклучоци, повеќето од нив многу малку се грижат за професионалните успеси, а многу повеќе за тоа колку гласови можете да донесете. Само цврстата одлучност и непоколебливост за успех, ќе ве однесе на правиот пат Вас самите, а последователно на тоа и овој град и оваа земја.
Останати. Оние, на кои најмногу забораваме, на кои не им е императив кој ќе победи на следните локални избори. Тие, кои имаат некоја смртоносна болест или ретка генетска болест. Тие кои што неможат своите деца да ги пратат на школување. Тие, на кои не им е важна програмата на фестивалот Охридско лето, затоа што нивната плата е колку една влезница.Тие на кои не им е важно колку е чист Охрид, затоа што ѓубриштата се нивна егзистенција. Тие, кои не размислуваат за летен одмор, затоа што размислуваат како до следниот понеделник. Тие кои се обесправени, заборавени, фрлени на маргините од ова искомплексирано друштво. Тие кои седат во партиските списоци без да знаат за тоа, и каде што некое партиско функционерче ги брои како негови. Сите оние, кои секојдневно живеат покрај нас, но не се агресивни и нападни и кои прават многу повеќе за општеството, отколку што ние мислиме.
2 – двоен морал
0 – состојбата на трансакциските сметки на граѓаните
1 – недоволен (еден) за политикантите
2 – доволен два, колку за подобар впечаток
Дејан Блажески
Либерално демократска партија
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни не се ставови на OhridNews, туку се ставови на авторите и редакцијата на ел. весник не сноси одоговорност за содржината на истите.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com