Де бре…таман Фатмаѓул влезе во WC и ко почнав да се кострешам шо сега ќе прајт, дали ќе мочат , ќе се депилират, тушират …..ПЛАТЕНА ПОЛИТИЧКА ПРОГРАМА…ексик. Останав така оџвргален, вџашен, целиот во очекување да видам дал во ова серија освен судбини тешки како камења, кои стегнале та натежнале, на плешти момински, млади недо…….ќе се десит нешто малку еротски. А шо и да напрајт Фатмаѓул ќе имат мала примеса на еротика, ама ете пусто ме зафати поголема тешка судбина од нејзината.
И дур трајт ова платенава реков да завршам некоја работа после ќе видам шо ќе ме штрецнит Фатмаѓул. Зедов изврив смоквите во девет води, шкембето го изварив во четири води, варосав во спалната, ми фалеше уште три кила вар ојдов до Лескоец, се вратив ја згасив, зш беше не гасена, доваросав,исправ шо имав за на раце , истегав неколку црнки имав на препониве, ги истружив петициве и реков ај ќе седнам да ја напишам колумнава.
И се вџашив. Во некое ти село Мислешево, на некој ти плоштад ни мој ни твој, некој си таму собрал иљадници луѓе, го пулам вака во суратот не е Џорџе, не е Стево, не е Зоран богами најмалку во суратон сличвит на Илијаза. Немт толкав нос не е како крастајца во глана. Кој да ќе е овај?! Дознав. Даниел. Кајмакоски.
Ниедно знаме, чоеков нити сакат да е мој председател, нити кажа за некој дела, нити шетат по планиње, нити е еденствен кандидат од албанците, нити лажит, нити крадит, а собра иљадници пред све млади луѓе.
Ај то. Пак беше качен на една обична тераса со најобични решетки, нити милионска бина имаше, нити озвучење од илјадници еври, а најбитно е то шо не ги ни викна да дојдат, нити ги качи со сила во автобус, нити им вети сендвичи, нити рече дека другиот рикат а не пејт, нити дека другиот лажит(пејт на плеј бек), не навреди никого, а најмалку им вети дека ако дојдат, во идина ќе им е поарно, дека тој е месијата, дека тој ќе ги спасит, нити пак кажа дека подобар е од некој друг.
А шо е интересно. Без сево ова Кајмакоски победи и ај шо победи, туку победи без да гласет за него нити десните нити левите нити средните нити пак тој им викаше да гласет за него. И ај шо се гласаше за него, туку се гласаше не само од нашата НСРМ ами од држави, нормално поназадни од нашата, од целиот Балкан.
И шо е најбитно да ви кажам дур Фатмаѓул се помочат или шо и да напрајт. Тој не победи тројца, ами 30 000 илјади ги згази. И то како. Само со труд, со работа, со квалитет и најбитното можда…..со искрени чувства, не навреди никого, не рече за другиот дека е кокошкар, дека прајт гафој, дека крадит, дека пиво пијат, дека по плевни спијат. Не.
И сега ајде бре лични мои политичари, а можда и лични мои македончиња у ком лежу зрци гем? Грешка…вака беше….у ком грму лежи зец? Да вака беше. Значи ако работиш ако си коректен, посебно ак си ја гледаш својата работа, ако не вреѓаш друг, ако не пљукаш како подлец, самата конкуренција ќе те исфрлит на површина. А ако си обратно од ова, водата одма ќе те исфрлит како лајно на површина.
Квалитетот ќе ги натерат луѓето да те сакет и тогаш немат да е битно за народот дали прајш гафој, дали си убо облечен, дали зборвиш пред камера како бебе пред огледало, дал си иплашен и во очите оџвргалени како кромид наааааааааааааааааа…
Туку драги мои браќа политичари ( оооо тресење зелени – браќа реков) не ви требит ни скапи агенции за водење на кампања, не ви требит да ни ветвите мед, а не најадовте со гомна, не ви требат автобуси, сендвичи, не ви требит со вашите лаги нон стоп да не држите во ерективна состојба како за секунда дека ќе следит пенетрација, не ви требит…..Ете научете лекција од едно скромно момче од Мислешево како се собират толпа искрен народ.
Ама уште една работа да кажам во ова мое денешно просеравање. Даниел ни оддржа лекција и на нас простава народна маса, на народецот од НСРМ…..не научи шо точно требит да цениме, кого требит да го цениме и зш да го цениме….и пред се без сендвичи и автобуси кого да го поддржиме. Браво за Даниел.
Како и да….опааааа чек заврши блатенава….пардон …платенава политичка програма. Чек да видам шо ќе напрајт Фатме, дал ќе мочнит, дал…. ВО СЛЕДНАТА ЕПИЗОДА……ете не видов дал пустава се помоча или.. абре да ти се прднам и на то политика и на све. Не те оставет ни нарајат и самостално да се помочаш. Пак можда јас како НСРМ-овец сум крив . Незнам?
ЏИМИ
[email protected]
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.