Е значит браво. Се намовнав ко разбрав дека дека култниот глумец кој е единствен кој ја оддржвит македонската филмографија на какво такво ниво дури и во светски рамки стапвит на сцена. Драган Павлович Лупатас се враќат на големиот екран и како глумец и како режисер. Пустинцкиот како гостин кај некој јутубер ко раскажа сценариото и сподржината на филмот кој го снимил уште на почетокот на својата кариера.

Дејствието на филмот се одвивало во некое старо фичо во времето. Незнам з`ш јас го немам гледано тој филм ама се скинав од смеење ко раскажвеше исто ко јутивкуберот Стефан Лазаров. Филмот обилувал, по зборовите на овај славен глумец и режисер, со многу романтични, драматични и комични сцени во кои тој и неговите другарчина прво со боксој романтично го расположвет момичето и пристапвет кон т.н. со сила пружвење задоволство.

Сцената било толку радосна и комична шо не само во акцијата во филмот туку се орело од смеење во сцената, ама арно и Латас и Стевенце се раскинаа ко недоветни од смеење во емисијата. Чисто онака да се потсетиме на некои дела на овој артист како “Опљачкај го народот“ па неговото продолжение “Искарај го народот“, “Комуњарчина лајнувчиња“, “Лажиш како турчин“ и др. ремек дела.

Но врв на неговата глумачка кариера му беше една од главните улоги во култниот филм на македонската кинематографија “Началниче“. Заради сите овие успеси Лупатас со Стевета поканет е во најголемата македонска филмска компанија “ОЈО на НСРСМ“ на кастинг за филм кој ќе ја режира самата компанија само во чест на Драганче глумецот. Ние љубителите на неговите дела му посакуваме шо подобра улога да му дает.

Едвај чекам да видам како ќе поминит овај лауерат на кастингот. Но сакам да видам како ќе поминат и медиумите кои тешко, гнасно, бескрупулозно чисто чашитламски и не основано ми го нападнаа Мицале.

Наводно од некои наводни новинари од некои наводни портали, јас би ги нарекол зли језици који оговарају, истакнаа Мице купил барака од милион евра па ќе ја реновирал. А чоекот блага врска немат. Прво тој немојт да ги избројт тие. Второ ниедна барака не е вредна толку. Па бараката, шо наводно ја купил, не е Бејбе, ко она бејбено во филмон од Клинт Иствуд, “Девојка од милион долари“.

Мицко изјави дека то го сторил неговит зет за две сестри од прва брачеда. Згрешив. Зет за сестра. И по логички ми е то. Од каде на “предвремениов“ миљонче? За зет му океј. Можда чоекот работит во НАСА и земат висока плата. А Кики од кај да заработит толку многу пари? Дан местит тендери?А? Дан фукат од народов?А? Дан имат случајно приватни фирми? Е бре ашлаци зли језици. Напраени сте ко Паца од Свирипичино. Наместо косана да си ја измијат јајт трици по улици.  Ќе ти кажвев уште, ама ради сосотојбите во нашата напредна држава морам да одам да месам леб.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите