А бре за малку не ќе напишев колумна. Ај шо не ќе напишев туку немат да разберевте колку се посрав од среќа и зш. Тиииии. А ќе ме зезнеа туристиве. Со отворањето на летната сезона минатата недела со тој диџејот шо пушташе музиче ко за удрени од трофазна, нагрнаа туристиве во Охрид.
Тиииии гужваааааа. Од кај Скопје гледам цела колона од две коли. Од правец на Битола зададени три коли и едно фичо, а позади коњска кола. Запрегата не ја видов шо регистрација беше ама по тенот на шоферот и патниците ќе да беа од Дубаи. И гарант ќе останет цело лето, зш во колата имаа фрижидер, машина за перење , бојлер, шпорет голем, железна ограда од тераса и многу други работи потребни за летен одмор.

Абре едвај стигнав дома и не ќе ви кажев колку сум среќен ко прочитав дека за Илинден во градов наш ќе ни дојдела Цеца. Да да ќе дојдит. И то со си цицки ќе дојт. Прав потег за прослава на Илинден онака како шо доликвит. Гарант концертот ќе го отворит со “Громе мој“ како асоцијација на черешовото топче. Зш то ко рснало ко гром, партал ги напрајло нашите окупатори. Да не беше то топче немат републиката да битисуваше цели 10 дена. Како ам.

После симболично ќе ја плеснит “Ето ето проџе лето“ и ко шо си е Цеца пуста гарант во зависност од гостите шо ќе се таму ќе им посветит лично нив песнички. Ако е Латас тука ќе ја плеснит “Драгане мој“, ако дојт Заев “Грешка“, ако е Роза Топуркоска тука “Кукавица“, “Роџен са грешком“ за Амди Бајрам, на Банета ќе ми ја залепит “Бивши“, ако е тука Никола “Иди док си млад“ и гарант на крај ќе ја поздравит цела НСМР со “Расуло“.

Само едно ми е страв. Дан не дојт зш ги поскапеа патариниве. Не дека немат пари ама дан подпаднит под влијание на мислењето на некој дека не требеше да поскапет. Јас спадвам во тие шо се сложвам со поскапвењето. Зш по патиштава наши ем се возиме ем се лапарапаскопираме. Без сечење ги исфрламе камењава од бубрези. Поскапвењето е од 10 до 90 денари во зависност од големината на каменот во бубрегот и длабочината на дупките во одреден правец на сообраќајот и времетраењето на помочвење на каменот.

Е сега јас на пример би менал да се ослободат од плаќање патарина високите свештени лица како на пример Владиката на МПЦ Тимотеј зш тој немат да имат никакви придобивки од дупките по македонските сообраќајници. Тој мојт и стена да имат во бубрегот и не на дупка, на кратер да поминит со оние џипиштана и дури ни око да не му клепнит, а не да ја осетит лапарапаскопијата.

Пак кај шо го спомнав пусти Тимотеј, да не пукнит, прочитав кај шо рече за одземањето на земјиштето во Св.Наум : “……..но ваквиот начин на одземање на имотот е некоректен и нечесен. …………. Уште повеќе се противиме затоа што таму ќе има содржини кои ќе го нарушат духот на манастирското дејствување….“

Ме воодушеви. Абе пусти Тимчо, ѓаол е тој, речит е. И во право е дека содржините ќе го нарушат духот на манастирското дејствување. Нему не му е до илјадниците евра шо сега ги фукат од тезгите и рестораните ами за духот му е како шо рече. А сегашниот дух е поткрепен со месишта, плескавици, сувенири, алки, закачали, ластици, мотуши, котуши и триста други џангурии.

Тук друго мене ме јајт. Денес 14 – ти јули. За денес Ослободителната војска на Скопје или Ushtria Clirimtare e Shkupit вети дека ако не се ослободени оние од случајот “монструм“, шо подубија малку пет луѓе ќе започнеле со сериозни акции против НСРМ-овската полиција. Требит да се барат чаре. Е сега незнам дал да се ослобoдат или некако да се испазариме со нив. Пример да им дајме 10-тина стечајци, и онака кај да е голем дел од нив ќе рикнат, па да си решавет крстословки на плештите овие од ОВС. А? Не знам. Зш НСРМ не е батал држава секој да не уценвит. Ние сме веле сила…. море шо веле, величе сила е НСРМ.

ЏИМИ
[email protected]