ЕДНА ПРОПАДНАТА И ЦЕЛОСНО НЕУСПЕШНА ТРИБИНА СВИКАНА ОД НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО ПРОСТОРИИ НА ПРЕТХОДНО ,,ПРЕСКОКНАТА,, ВИСОКООБРАЗОВНА И НАУЧНА УСТАНОВА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МАЛ ДЕЛ НА ЕДЕН ЕСНАФ, А ПРОТКАЕНА СО ПАРТИСКИ СИМБОЛИ И СЕБЕДОДЕЛЕНИ-ОДНАПРЕД -ПРИДОБИВКИ ЗА БОЖЕМЕН ВЛОЖЕН ТРУД, ТРЕБА ДА СЕ ТОЛКУВА И ПАМЕТИ КАКО ВИСТИНСКИ ПРЕСЕДАН ВО ПОЗИТИВНА СМИСЛА ЗА ОХРИД – КАКО ПРИМЕР ДЕКА ДИЛЕТАНТСКИ ПРОЕКТИ, НЕДОВОЛНО СОВЛАДАНА ЛЕКЦИЈА ЗА ПАРЛАМЕНТАРЕН ОДНОС СО ГРАЃАНИТЕ – НЕ МИНУВААТ ТУКУ-ТАКА ПРЕД ЧЕСНИОТ ИНТЕЛЕКТУАЛЕН ПОТЕНЦИЈАЛ ОД ОВА ПОДНЕБЈЕ
Конфузноста што со себе ја понесе самата иницијатива за предлагање нови закони од областа на туризмот преку единствената пратеничка на ДОМ – аналогно на ставот на надлежното Министерство за промена на постојниот Закон за туриситичка дејност – преку понудените предлози за божемната јавна средба обвиени со дебел превез на тајновитост за вистинските цели и намери, се покажа уште на првиот чекор како вистинска магловите желба на поединци за лов во матно. Се покажа, имено дека обидите на поединци за решавање на финансиските проблеми на своите фирми или за создавање профит во стилот ,,од сите страни по малку,, завиткани во обланда со одредена партиска боја – едноставно не проаѓаат повеќе.
За таквиот исход на нивните скриени намери- прикажани како заложба за средување на состојбите во туризмот- или подобро кажано, за фијаското на обидот да се подметнат кукавичји јајца во гнездото на Локалната самоуправа, правниот систем на државата, научната и стручна јавност, овој пат највисока оценка заслужија и охридските пратеници: Грозданов, Секулоска и Митаноски. Иако од разни партии, иако полни со колегијална почит кон пратеничката на ДОМ, Лилјана Попоска, тие како и научната мисла на охридскиот ФТОН, директно упатените стручњаци во таа проблематика и присутните поборници на јавното дебатирање – недвосмислено рекоа НЕ за нешто што е далеку од разрешување на состојбите, а сосема е во функција на вистинска кочница на децентрализацијата и воведување на туристичката дејност во море со контрадикторности, недоречености и апсурдности.
Првото кукавичино јајце на трибината го снесоа самите организатори и нивниот инволвиран партиски ментор. Дречливото пано кое порачуваше дека една партија нуди ,,Конечно,туризам,, -демек Локалната и државата досега давале нудизам- ја разголи финтата за граѓански проект. За таквото подметнување реагираа и ,,од публиката,, но и тројцата погоре спомнати пратеници.
Второто кукавичино јајце во целата оваа фарса наречена ,,развој на туристичкиот потенцијал…,, беше информацијата на Попоска дека таа е предлагач, изготвувач во соработка со Собраниските служби, а иницијатор е ХОТАМ. Како да заборави дека и таа и другиот на само три недели пред тоа поинаку настапуваа на пресови. На една јавна средба, од нивна страна, им беше ветено на заинтерсираните и повиканите дека на наредната средба ќе има конкретен предлог, демек текст за расправа. Сега, на таа расправа, кога се увиде од упатените што всушност сака да се подметне, се исфрли тезата дека ,, не треба да се расправа по членовите напишани во предлог законските проекти, туку онака- општо,,!
Демек, ве викнавме да правиме ,,граѓански парламент,, и да чуеме што мислите за она што ќе расправа Собраниската комисија за туризам, ама ќе зборуваме онака општо. На пример за влијанието на пеперутките врз туристичката понуда, или изработката на кепчиња како збогатување на понудата на сувенири од Македонија..
Без набројување дали е трето по ред кукавичино јајце, не е тоа што она предложеното било препишан Закон важечки во една туристичка велесила, оти, рака на срце, не еден Закон е од некаде препишан или со други земји услогласен. Подметнувањето е во тоа што она што некој си посакал да се влеваат пари во приватни џебови од она што е дадено за развој на дејноста во локалната зедница, а згора на тоа и да лапне по малку од Буџетите на Општините и државата ! Уште поголемото подметнување е во тоа што хрватскиот Закон не кореспондира со територијалната организација на двете држави па оттука некаквите локални, регионални и слични туристички заедници-за Македонија ке бидат во најмала рака продавање магла со народни пари, а во суштина – чисти фантомски творби.
Во гнездото полно со кукавичини јајца наречено,, предлог-закони за туризмот,, најголеми се, сепак, следните : Тотално прескокната научна и стручна мисла; несватливо јасна правна дисхармонија со постоечката легислатива во Македонија; испомешаност на ингеренции; директна правна и деловна штетност по туристичкото стопанство; анахроната желба на поединци “задскриени зад Здруженија на граѓани“ бесконечно да цицаат од Буџетите, а да се топорат притоа дека се ,,приватна иницијатива,,…
Кон сето ова, неодмиинливо мора да се посочи и ,,бисерот,, што го покажа ПРЕДЛАГАЧОТ, демек оној што во Парламентот ќе го брани она што го нуди: Немаше доблест да сослуша стручни забелешки на еден добро упатен стручњак во областа на носењето закони во Парламентот – кој патем кажано беше 4 години таму каде што едвај се протна Лилјана Попоска и каде е само 6 месеци- па едноставно стана од дебатата и си излезе. Демек, ќе се обраќаме сами на себе, а не на Предлагачот …
Едноставно, нашиот мудар народ за ваквите појави и ,,проекти,, добро рекол: ,, Фала ти брату од таква помош кога јас сум тепаниот,,
Никола Манески
авторот е политиколог