Тууууу колку работа имаше овие деној нашето МНР. Се искинаа се расалија кутрите тие. Мораа дури две вербални остри ноти да упатат до Бугарија и Франција. Како ам. Абе немат играње со Македончето. Да б…им врачивме две ноти на овие две држави. И шуќур шо се вербални, з`ш и со вака се посраа овие две држави. А замисли од појас да му го изваевме кубурон историски? А? Мада тој ние би го користеле ако ептем забрљат некој и….џанк….кубурот. Само се надевам дека го подмачквет редовно з`ш го имаме одавна. Не е употребен ама нека е тука. За зорзоман.
Дури мислам дека не само Франција и Бугарија ами цел свет се плашит од нашиот кубур. Ноѕе им се тресат. И ова требит да се искористит, ваквата позиција и кубурот да му го предајме на Арбера Адеми. Кај кубур туку и карате знајт чоекон. Мафтат ко вентилатор.
И зато јас сум него да го пратиме кај Макрон и во бугарското собрание. Тие нас северномакедонци и Македонија е Бугарија. Тиквари. Ак му влезит Арберче в кабинет на Макрона да му расврлит филџани, чаши, тацни, а ако е ептем љут богами и тастатури и глувци. Како ам. Додуша рака на нога јас многу многу на Макрона не му замервам. Абре како да е сконцентиран за да не грешит ко живејт со Баба. Бар мене не кажвими како е со Баба да живејш. Оди купии антибејби пилули, влошки со крилца, црвени танги…..Абре шо не.
Види вака. Од друга страна да не беше Макрон како и еврокомесарон Оливер Вархеи една држава ќе беше збришана од мапата на светот. Овие двајца ја спасија. Ја спасија Бугарија да не бидит поробена од НСРСМ. Тропнаа двајцава дека се многу загрижени и ги сафќет сите бугарски грижи во преговорите со нас посебни оние каде се спомват територијалните претензи на нашава држава према Бугарија.
А и требит да се загрижени з`ш види вака….ние не сме Русија ко со Украина да се дангараме со месеци. Џанг, танк кубурот и напаѓаме. Искрено мене малку ми се потстресоа ѕивриве дан ги нападниме ако ги нападниме. Не за друго…..ние будали сме ко ќе се изнервираме. Мојме да ги поробиме и после ој снајди се, храни 7 500 000 грла појќе.А?
Мада и за то почнавме да се спремаме посебно ние охриѓаниве. Бам цените до таван за да мојме храна да имаме за поробените. Да бе. Малку народов збесна ради ова ама две работие не сфатија. Прво: дека вишакот на пари ќе е за храна за заробените. З`ш така пишит и во Женевскиот договор. Дур сум кај него кратко. Зато и секоја жена морат да хранит својот маж.
Да продолжам. Второ: сите продукти шо ги добиваме по кафаниве се екслузивни и зато се скапи. Ај неколку примери: Кафето 100 денари…е па колку да е? По ново сега се прајт од пот на африканец. Знајш ти колку егземплари требит да се испотет за ти со едно кафе да се лигајш 2 сати? Е не знајш. Зато лупаш. Скопско 250. Е колку да е. Ак не примети, идат келнерон, ти го отворат пивото и од него опаааа ихааа две голи излегвет. Е како да им го платиш патот до овде ак не е 250. И друго. Пред да заминам на плескавица од муфлон од 400 денари една работа да ти кажам. Ништо од ова немојт да ме изнервират да ми го расипит денот. Мојот премиер ме напрај многу горд. Ја поддржа парадата на гордоста.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.