“Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски прави проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли. Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта………“

Море абе јас пијан сум или некој ме дупит во здрави очи? О даааа. Све ова е напраено. Ама ај вака…..Никој не кажвит од тие 300 автобуси колку дремат за мали дефекти од кој се ваѓат ретровизор за исправниот, од кој се земат лево задно внатрешно тркало зш воа кинескиот се расипал седиштето и го вртит шоферот према десно а тој не сакат….

Ова има проџем. Ама има и проџем за проектот за гасификација на НСРМ. И то викат на цела држава. Еве јас сум во Охрид и гас неам видено. Освен мојов шо го мачкам со павловичева пред огледало после туширање. Или пак мислет на гасот шо се дишит во Скопје со ПМ10 пута 8 или Битола пута 12 појќе од нормалното? Не оту знам.

Ама важно ќе имаме тркало, велосипедски патеки……ај мирен Џими. Полека. Тркалото ќе вртит со таква брзина шо толку многу ќе го растурит ѕидот од катранови честички та така да само мал дел ќе го вдишат скопјани, битолчани, а пак ние кои имаме студенти во споменикарникот нарачен Скупје, ќе го вдишиме многу лесно како да го вдишвиме половиот орган на Холмс, ѕвездата на порно филмојте.

Мада морам да признам и да кажам за мене. Незнам скупјани шо прает за решавање на ова, дур Жерновски го прчит, а Коце се чешлат, ние од Охрид на пример, или еве јас и се јавив на ќерка ми и ептем загрижено и реков дека требит да си купит маска. И то и реков дур седев крај езеро во Даблин. Да пикниш ак те лажам. Нормално. Зш немат шо да се држет собири за изворот на рак на белите дробој, кој за 10 години ќе бидит појава како кивајца, туку многу е важно да се прает собири за то дал СДСМ се издајци и Заев продават крастајци или пак дали Тодоров е појќе каратиста од министер.

Ам немат потреба. Се знајт. Години СДСМ продават крастајци, а Тодоров донесе томограф кој коштат колку Дубајскиот аеродром арно ама се воведе и принцип на само крвосување. Со време требит секој ден да си пушташ крв и да си собираш во тегла од ајвар и ако нешто заболиш ќе си ги земиш во торба со тебе како за бебе шо носиш пелени ко ќе ојш да се породиш. Нормално ако имаш среќа ако не умриш. Ако умриш на пороѓај биди здрава и жива. 

Ако не пак не нека ни е здрав и жив амбасадорот Бејли. Отворено, одважно и авторатативно ги праша младиве отворено да кажат шо им требит да останат во НСРМ , да не си одат од државава. Чоекот јасно праша шо да се прајт да не се одлевет мозоците од државава. Јас пак сфаќам дека требит да се прајт чаре да не течат мозоците на младите. Мада пусти Бејли требаше да се загрижит кај се одлеани, истечени, мозоците на оние шо 30 години ни ја водет државата. Арно ама…..„Луд је.. бип збуњеног“. Момир не туку ми бипај објави како шо ти пуштам. Јасно?

Не течат мозоците на младите. Им течат на оние шо се шалајбазери а биле на некаква функција и ја исексаја цела држава со си млади и стари 30 години. А ако веќе прашвит нека му одговорат младите. Ама пошо веќе младите ги немат во државава која е зад вратата за влез во НАТО и ЕУ јас ќе пробам да му одговорам. 

Зш види. Ваљда Бејли е шашардисан од убајната во држава и не е свесен дека на младите све им е погодено освен некој ситници. Како на пример…младите би останале во државава ако им се дајт помала вредност на таксени марки да пријават испити. Би останале ако додека чекет вработвење во период од 10 години им се овозможит бесплатно бадијалџење во центар на Скопје дур ги гледет мадињаната на Букефал ама под еден услов…..да им се обезбедет маски за ПМ10 зголемени за 11, да се хипнотизирет дека вистина е то дека последно време дека се вработени над 10 тисуча људи. Ама ова да се изведит така шо да се убедет ама да не СЕ осеќет како овци. Не така?

Еваааа на крајот се посрав од радост. Абре години се думав дали да користам двослоен или трослоен г`с папир, дали да ги стегам бубуљуцивие ли не, дали да ја викнам ли не на кафе сФачана Бибе, дали ко ќе одам во јавен клозет да седнам или да клечам со нозете горе, дали да го копам носовИли не, дали….абе незнаев дали требит да чекам да ми кажит некој шо да прам или сам да одлучам? Ама еве денојве господ златен ми прати месија и ми даде знак дека можам сам да одлучам , покрај горе наведените работи, дали да клам шеќер во кафето и ми даде право да одлучам за многу круцијални двоумења во мојот живот како на пример дали да си искубам влакно од чмаров или носов, само заради то шо….шо….шо…јас сум МАКЕДОНИЈА…..и јас сам одлучвам за мојата иднина.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив