Еј еј ….замисли сликава. Сите премиери од 90- та наваму наредени еден до друг врвет низ Триумфалнана, а на плоштадон ечит ЛИДЕРИ, ЛИДЕРИ, ЛИДЕРИ……па па па душава башча. Народ динка. Два миљони жители шест миљони излезени. Абе дојдени од Албанија, Бугарија од ПТРГ ( Поранешна Турска Република Грција). А овие пак премиериве едната рака на мадиња со другата мафтет и наместо македонски шал околу вратот низалки. Ама не од пиперки.
Кој низалка од марки, кој евра, кој долари……уф ми се нарана душава. А народот сардини. Место се немат. Кој качен на лав, кој на глана, кој на мадињана од букефал и ечит: “Ние си се пучиме вие ни го качите, носиме вазелин, да не не мачите. ЛИДЕРИ, ЛИДЕРИ, ЛИДЕРИ“. А во Бандар Сери Бегаван (Брунеј), Бушкег (Киргистан), Пном Пен, Бисао, Буџумбура (Бурунди) и други поче главни градови во водечки, лидерски светски просперитетни држави, на големи екраништа, паноа, платна го прославувет нашето лидерство во регионов за корупција.
Неосетено чувство за нас како македонци. Невидена гордост, глајте кренати, меојте спуштени истртушени, исушени, празни ама горди. Јас горд горд препоептемнајгорд шо живеам во ваква лидерска држава. Се осеќам горд како да сум победил на светско првенство, како ко ќе ме фатит пролив, па ко ќе брзам со колана, па по скалине, па малку се мачиш да отклучиш, па влегвиш, леташ седвиш и се посервиш. Абре триесет години ние гордо се посервиме.
Алоооо 90-то место на листа на корупција, алооооооо. Абре секоја минута да се копруптираш немојш да си лидер ако немаш во тиквата. Е ние имаме, имаме ами како. Ама пусто ќе си пукнам од мака како не заебаа Косово и Суринам. Многу ми е криво. Како успеаја да не победат и да се по коруптирани од нас и ние катаден гордо се бориме.
И сега замисли ти излегвит некоја измишљотина наречена СЈО и ти се борит да го скинит трудот на 10 премиери шо сработиле последниве 30 години. Иди бре бегај. Додуша кај шо ги спомнав, тие Обвинителство се или филмска продукција. Ам ај Титаник, Тортура, ТНТ, Таргет…..и други наслови санќим филмој се снимет. Пак немојш жанрот да му го одредиш.
Би дошло некако романтичен, трилер, со комично – хорорски секвенц. И уште појќе шо ме бунит…..сите филмој се почнати и нако да завршет, не го знам крајот. А три режисери имет и неколку асистенти. Не дај Боже да снимаја порно. Не завршен не ќе знаев децата дал ќе се земат а то го чекаш цело време. Ам така де. Само отворет никако да затворет случај. Нека си го менет името во ОРК, отворачи на рибни конзерви.
Пак и јас будала шо се нервирам ко никој во НСРМ не работит. Уф ќе грешев душа према битолчани, према двојче, тројче како беше онај глумецон. Гледам еден ден на телевизија 300 битолчани наводно се испокршиле по мразојте битолски. Оф море шкембари, ов море акмаци. Пак наводно легнати во болнички кревети, наводно имет болки, наводно скршиле наводна рака или наводна нога, на наводните мразој, во наводна Битола.
Ох море акмаци едни. Лепено, сечено, монтирано. Пак јас шупел замалку ќе им повервев. Арно ама ко рекоа од наводна локална самоуправа, не наводна, од локална самоуправа од Битола дека тротоарите и улиците се исчистени како никош до сега зедов малку да истражам. То ти било изненадување за битолчани односно дел од ветените 25 лизгалишта на мраз за панзионерите.
Јес да не ви најавија за овај проект, капитален, ама сакаја да ве изненадет ама за кого се трудиш бре алоооооооо. Од толку место по улицине, цели 10 сантими за лагодно движење вие се закачивте по лизгалиштата бре чкембари едни? Ексик да ви е, јаз`к со ваков народ, неблагодарен, не воспитан, не образован. Кршете се, диплете се. Не е чоек да ви прајт зимско олимписко село. Да ви се…Ова чкембариве не се да ги изненадиш со некој проект. Пак капитален…..ИЧ!
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите