Морат да го послушаме Оливера. Морат да им се клајме на располагање и да им помогниме на американскине демократи во борба против македонската корупција. А ќе средат. Чим америве се зафатет со некоја борба неминивност е на крај да победат. Како во борбата на Север и Југ, како во Ирак, како во Виетнам, како во….абре во све.
Еве јас прв се давам на располагање за помош. Нек се почнит од Баба. Баба за Баба ама борба за корупција. Против де. Морат да се испитат з`ш Баба наместо зголемвење на пензијата во кризава доби бесплатни 100 тампони. Како така? Мене ми е ова сиптоматично и мислам дека ова е прв и круцијален чекор за Бајден да се зафатит како шо требит во државава. Како прво Баба, аку е од Дебрца, не крварит негде отприлика 30 години. А најбитното е шо Баба е невина. И оп глеш у ком зецу грми леж. Кај ќе ги пикат тампоните?
Јас можда сум прв шо почна да им помогвит на антикорупцискине амерички единици ама Мицко е втор. Ко даваше изјава за нив рече чоекот: го поддржвам ова со американциве з`ш и врапчињана на гранкине гледет дека овде е полно со коруптирани луѓе. Дента Мицале ко идал на работа ти чактисал над 10 ина возила со над 100 000 еври вредност.
Абре ова не да е откритие туку е мега. Јас на пример за ова да ми текнит да го кажам ќе требит муви да лапам, да лапам, зелка да јадам да јадам и пак немат ова да го приметам. А на Мицале за ова откритие можда требит и Климентова награда да му се дајт. Ај Нобел не е наш ама Климент е наш. Пак и да се пофалам, не еднуш сум ти велел дека Мицале е геније за запажање на коруптивни моменти и е цар. Не така?
Ќе имат успех ко ти викам јас. Ќе имат па мајка е Таља да е. Ако сакат и Бујарка нека е, ама ќе имат. Ама да се тргнит од народов. З`ш тука е р`кулецот на целото коруптивно општество. Одма да се проверит з`ш онај со марулата беше помалку осуден од онај со ќебапите. З`ш и мало дете знајт дека за да украдиш ќебапи, кој некој ги месел, солел, обликвел и на крај потрошил два сати да ги испечит е поголема работа одколку да продаваш марула без ДДВ. Едноставно ја киниш и ја продаваш.
Морат да вервиме во американците, морат да вервиме во нас , морат да вервиве во Бектеши ко велит дека товарот на енергетската криза немат да паднит на грбот на народот. Ќе си паднит на меот. Ако така велит Крешник така е. Јасно и чисто рече чоечето дека она шо требит кај да е струјата да поскапит 10% не е како шо ни изгледат.
То ти е исто ко на порничине. Идат мажот порано од на работа, жена му ја ја вкопвит кај шо прајт родео над комшијата и та му викат: “Не драги не е така како шо изгледат“. Е како е? Му ја цедам црнкана на папукон? И да се кренела за 10% то немат да имало импакт на цената. Е на шо ќе имат инпакт? На црнката? Па комшвкана ќе ја стегнит?А? Или Крешимир ојт по она бугарскана: Тази дупка не е дупка.
Ај не ме нервирај дан ти јавам дека имам бомба клаено во некое школо. Па после ела најдиме да те видам. А ќе ме најш на куку. Стап ќе ме најш. А како ќе ме најш и мене и оние ката ден шо дојавуваат за бомби ко дојавите им се преку гулаби абероносци. Ај докажи чив е гулабот. Ај откри чија е заканата за бомба. Па не се глупи дојаувачите. Пред да ја пратет порака, му ги земет сите документи на гулабот заканоносач, му ги ваѓет регистрациите, го шатирет и ој сега да те видам препознај го чив е. Не така ?
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.