Седам гледам ТВ и од ова лустеров специјален глем на огледало ми се гледет гашчиве, а имам фармерки. Санќим ко кај Голубинка со провиден фустан. Страшна работа. А на ТВ:
– Прашање за вас г-ѓо шо се јавувате од монденското Јурумлари. Наш фудбалер… _арко Панчев….да видите вака да ви помогнам. Биле двајца другари Марко и Дарко. Марко живеел во НСРМ и умрел од глад од ко ги платил сметкие. И останал само…..останал само…???
– Жарко Панчев
– Не не г-ѓо биле биле Марко и Дарко, Марко го немат, а останал…..останал…..
– Марко Панчев
– Не не….ај вака…..останал тој шо почвит на буквата шо не е А, не е Б, не е В, не е Г туку следнат е …и сега…е _арко
– Ѓарко Панчев.
– Не не пред Ѓ која буква е а? Која?
– Д.
– Додајте ја на арко.
– Дарко Панчев
– Бравооооооооооооооооооо Дарко Панчев…ваши се цели, огромни 217 денари..
Тииии колку го сакам овај квиз, САДЕ КЕШ, тии колку го сакам тој шо го смислил, тиии колку го сакам тој Ѓокица Лукаревски, виток прав манекен е и препоептемнај шегобиен, до него една момиченце ко избегано од од џамојне од Амстердам од ред лајт дистрикт улицана. Ам се сосаа сите водители во НСРМ.
И дур се посрав од радост шо имаме вакви квизој викам ….ТАКСИ….повелете г-дине…Аре море ти шо….шо да повелам, дај лиценцата да ти ја видам. Опааааа…..море….како ти имаш лиценца, а немаш положено ТОЕФЛ, ИЕЛТС, ФЦЕ, ЦАЕ….а? Камо ти положено, стопанска географија, земјоделска педологоја, историско-нуачен туризам, гинекологија… а? Мислиш ти така јас ќе се возам со неписмен таксиста. Абре ти сfати дека државава за арно ваше прајт вака? Положвиш све и после то пичиш во НАСА. Да ти се плукнам во лиценца без положена политичка економија. Абре шо таксиста си ти ?
Дур сме кај лиценциве. Сум ЗА. Сакам да станиме лиценцирана НСРМ. Абе кој онакво Ариф ќе ми идат да ми чистит говнана во шахтине од зградана ако немат лиценца. Како ам. Ионака секој градоначалник не не редит на маслац и не ни ја средвит канализацијана, зградана ние зад плештине нивни, бар шахтине да ни ги отпушвит лиценциран говнаџија како ам. И то да си се воведат различни лиценци во соодност на видот, тврдоста и бојата на македонските говна, зш рака на нога имат многу видови на гомна во нашат држава. Море да се воведит и лиценца за родител. Ам како. Ако немаш лиценца немојш да бидиш родител. Крастајци.
Ми текна. Цела недела се зборвеше за крастајците или крастајчето на Заев. Се споредвеа со политика на СДСМ. Само не разбрав зш ги спомвеа, нешто демек однадвор мазни , внатре азни. Наводно биле отровни. Ако е така не гледам причина да се зборвит за крастајците на Зајко зш зајко јајт зелка, а и поубо шо се отровни. Ако биле отровни. Незнам.
И да се разбериме…никако не мојт да се споредет корнишоните на Зајко, со оние некогашните од СДСМ-овцине и од Банета. Зш со овие од Зајко касвиш еднаш и те снемвит за секунда без да се мачиш. А тие од Банета и криви и дебели и големи……па човече то болит растурат, а никако да умриш. Само се мачиш. Не дека газојве ни се џубокс ама можеше Бранко годините ко ни напиквеше крастајци и песок во очи ко ни фрлаше, да ги сечкат на кругчиња. Пак ќе си ги примевме ама полесно а не…
Ме бендисаа и овие од ЕВН. Алал да им е. Поделија новогодишни пакетчиња за најранливите дечиња во Училиштето за деца со посебни потреби “Златан Сремац“ – Скопје како и децата од Домот за доенчиња во Битола, а и дечињата кои во моментов се на лекување во Институтот со белодробни заболувања Козле и Детската Хирургија при Клинички Центар. А како е тргната работата уш од сега ќе требит да се припремет за до година да поделат, не пакетчиња, ами пакетишта по нервните клиники низ НСРМ, зш со ова цена на струјата галиба таму ќе завршиме појќето.
ЏИМИ
[email protected]
*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.