Абе види……ко ќе работиш домаќински немојш да фтниш. Све ќе си дојт на свое место. Еве во НСРМ 25 години си се работит домаќински и све си дојде на свое место. Возрасните се на психијатрија, некој од нив по контејнери, младите по затвори и на улици не вработени, за женидба и мажачка да не прајме муабет. А и шо ќе му е та работа. Брак. Трошок. Еве сега со виртуелниот свет убајна. Запознаваш некоја, секоја вечер уклучвиш камера, неколку пати f5 ревносно и убајна, делириум. Влажна марамица и крај. Ни плачит ни јачит.

Со домаќинско работење се креват и екомонијата во државава. Еве имаме ланец на странски инвестиции посебно ланец, море шо ланец синџири на дуќани. Земи го за пример “Тинекс“. Сегде низ НСРМ. Земи го за пример “Веро“. Џуба џуба. Мада мислам дека овај последниот синџир ги шина на сите. Најраспространет е од сите. Незнам чив е ама знам дека се викат “Дуќанот се продава“. Го имат на сите улици. Да бе. И ќе се отворат уште. На секоја улица по два три. Ај со среќа.

Само едно ме јајт. Кај се женав пред време кај се запустив. Ама ај кој знаел дека сега во Дебрца давет 500 еври на ергени кои ќе се женат. Ееејјјј алооооооо 500-тини, еве и со зборој пет-стоти-ниииииии. Право решение. Зш види. Не е проблем живеачката, проблем е женачката. Зш а се жена дојдоа децата и ќе умриш одма зш не ќе имаш шо да јајш. Мада види ме нервират и народецов наш. На све да се најдело мана, само барет фортома во јајцето. Малку биле парите. Абре оди шетај. Таман си се. Со 100 еври ќе ја напрајш свадбата, ќе си ја поканиш мајка ти. Татко ти немат шо да идат ќе му раскажит мајка ти. Да не се редиш во непотребен трошок. Купвиш по еден пар гашчи за тебе и за невестата, достатисе едно едно ќе ги вртиш. Перење немат зш немаш за прашак, зш 5 кила прашак денес е како пет кила злато. Прво ќе одвојш настрана некое евро за две сиџимчиња и све друго ќе дајш за кондоми. И то пази. Аман. Реди по два по три дан ти оманит, дан ти истечит од негде па да напрајш дете зш ти ојде јабана животот. Зш од тие 500 евреи имаш за првата година за живот за бебето. Зш немат да дојт татко ти ќе ти останет. А ако оманит некако да напрајш дете, ете ти ги сиџимчињата.

Ако се шинав шо се женав одамна, права одлука донесов шо не ојдов да бидам доктор. Ко ти викам. Абре то ти биле гнаси гнасосани од луѓе. Читам денојве некој пациент напишал претставка до минстерството здравство дека некој доктор ко го прегледвел не му се насмеал. Ццц. Абре гнаса гнасосана. Како мојш да не си насмеан. И да не ти си смејт ак требит ќе клајш кондур вуста и така ќе сејш цел ден отворен во устата насмеан. Како ам.

Некако ко да му избегаа докториве од раце на Тодоров. А убо тргна. Посебно со МОЈ термин. Е сега некогаш, да се разбериме не секогаш, некогаш мојот станвит твој, а твојот од некој друг и се прајт малку кармакараши, ама то е шо да прајме. Зато се тука докторите да ја средат ситуацијата, прво да се кезат цело работно време како зеленковци.

Морат Тодоров да измислит и тука некој правилник. Посебно за Костозглобна. Шо се море 3000 пациенти дневно, по 50 на доктор. Се скинаа од седење докторине. И нормално ќе се прајт гужва. Ама Коле мојт то да го средит одма.

Примаш еден пациент го легвиш. Дур се слеквит, вториот го седвиш на количка, третиот го седвиш на маса. Нормално компјутерот го тргаш и ак требит да пишиш нешто пишиш со нога, а раната на четвртиот му ја прегледвиш со носот.

Е сега ќе требит мала концентрација, во та мала гужва, да пазиш дан му клајш шипка во носот на некој, а на онај дан го наполниш со газа во газот а скршен му е колкот или пак дан му ги закрпиш палецот и чулчето на онај шо е со рана во глата. И никако бунгур. Само насмеан. Е после то е рај. Во три ти почвит дежурството. Ќе подооперираш 3-4-ица, ќе прегледаш уште два триесет пациенти, ако дојт хитен случај, пример сообраќајка, ќе и речиш на сестрата дур го оперираш шестиот, да му речит на тој од сообраќајката да не умирит дур не видиш ти дал е за умирање. И то е то. Само не бунгур. Раскезен ко на компресор да си седнат. Ќе средит Тодоров.

ЏИМИ
[email protected]

Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.