Абе шо мојш да ми прајш. Го сакам и крај. И мислам дека како шо го сакам Бујарчо никого не сум сакал вака. Нити баба Аврамица ко ми мачкаше еурокрем на лепче не ја сакав толку колку Османчо. Како велет: абе не е битно шо велиш туку битно е да имаш аргумент за то. Дури и Жозеп Борел во Брисел паднал на г`с од зборвењето на Бујар во Брисел. Посочил дека Македонија не само шо послушно работит по конците на големите туку е пример во целиот регион со културата на дијалог и компромисното решавање на отворените прашања.

А ние затвориме компромисно некое прашање, џанг Бугарија ни отворат ново. А компромисот се гледат во то шо ние го затвораме онака како ќе ни свирнет. Само некако последно време бре брате почнаа да ни ја свирајт гајдата та болат и ноѕе и колена и кичма све болит. Та пуста кичма македонска толку ја свиткавме шо веќе мојме и газето да си го лижниме. А и шо друго ни остана од ко ги излижавме сите европски газина.

Исто Бујарчо нагласи дека руската инвазија на Украина покажвит колку е итна европската интеграција на НСРСМ. А за сега од интеграција ние ја осеќаме само она(ана) од ДУИ. А Бујарчо итноста ја барат за да се намалеле влинанијата на не демократските земји во Европа. Никако пак да го спомнит администраторот Бугарија. А и искрено по итно од то за 7 години да не потпримат во ЕУ немат. То е нај итно. Само незнам дали пред потримат требит да стојт МОЖДА. Исто не ми е јасно дали за 7 години ќе не потпримат или ќе го потпримиме. Ене кај е 2030. Ќе видиме.

За мене со ваквите катадневни големи мисли преточени во изјави Бујар станвит вистински херој. А пак денојве заврши предавањето за борба против корупцијата насловена како “Бидете херои на чесноста“. Во склоп на ова акција беше спроведена и анкета на ученици кои истакнаа дека се бркет големи врски од страна на родителите за повисоки оценки за миленичињата нивни.

А и како да е поинаку. И децата сфатија дека најдобар начин за успех дал на тендер дал за оценка во средна или основно е тетка корупција. Замавот е голем зато јас би тргнал по теркот на Холндија со марихуаната. Ако немојш да ја контролираш легализирај ја.

Па покрај “македонски јазик“ нека си имат стален предмет “корупција“. И така сите на старт ќе сме егал. А за понатаму кој како е талентиран нека напредвит, магистратура, докторати….Кого го биват нека станит “дипломиран корумпиратор за тендери“, кого не, нека останит како коруптивен техничар.

Или пак нека е обичен предавач за корупција во градинките. Па и од тука нека се задоет дечињата како понатака во животот. Нека си знает уште пред да прозборат кој е патот до успехот. Е сега ќе требит тро појќе да се порабоит на воведување на корупцијата во породилиштата ама ќе најме ние и тука чаре. Царој сме. Ај нека се почнит со акцијата “Корумпирајме или не излегвам од мама“. Така нешто. Или “Корумпиран роди се, во животот проби се“. Ќе ја ујдисаме.

ЏИМ
Фото: Охридњуз/Фрипик

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите