Значи ко ќе сушнам вакви вести ексик ми идат. Ова коронава ти мавала и на тинејџерки. Еве виде пред некој ден ….кралицата фатила корона. Ц ц ц . Ама пак од друга страна се израдвив шо последниве деној короната била поарно.

Ама првиот ден се изнасекирав ко политичариве за НСРСМ. Ми застана срцето. Здивот ми застана. Не знам дал ќе вервиш ама и дебелово црево ми застана. Два дена капс имав. Ај јас. Абре Англија се парализира. Темза престана да течит. Прв пат во историјата и Биг Бен застана. То ти било хаос. Све живо и диво плачело. Од нигде никаде почнале од десна страна да возет. Ужас.

И докторите и забраниле на Бети да ги извршвит сите потешки обврски. Значи дур короната имат ЕлизаБети, кралицата не смејт да се чешлат, да играт шах, да пијат чај, да шетат по ходник, да мафтат на поданиците, абре ништо тешко. Мојт да дишит и да спијат. Е сега не разбрав дал та ќе јајт или некој од дворецот за нејзе ќе фукат. Ова состојба ќе е вака дур не оздравит короната.

Искрено ми е жал за ЕлизаБети. Жал ми е и за Uкраинцине. Ама искрен да бидам и за Русине. Сите сојузници во светов им акнаа санкции така да не знам как ќе преживеет. Први ние им закачиве. Забрана за летање на АЕРОФЛОТ над македонскиот простор. Е ако ја задржиме оваа забрана бар дестина дена не знам Русија како ќе преживејт како економски така хранително. Охридскиот “Павле“ и така и така з`ш е мал, ама на Скопскион аеродром слетвеа по двајстина дневно Тупољеви и Иљушини. Со оваа санкција сега русиве ако сакет да летет за Пекинг, требит да вртет да вртет, бензин да трошет…

Исто така Владата на НСРСМ, на вонредната седница, нареди целиот македонски народ да ја фрлит руската салата која ја имат како зимница и забрани праење на истата до повлекување на одлуката. А санкција која мислам дека ќе го скршит Путин и ќе го седнит на преговарачка маса е то шо им забранија на Rусите да учествувет на Eвровизија. Е ова санкција ќе ги распичит русите. Да знам дека ќе се спроведит ова ќе барам ние да ја нападниме цела Европа можда и нас ќе ни воведет ваква санкција з`ш не ни идет умот на шо глупост учествуваме и трошиме пари.

Абе цела Европа е со Украина. Помош до помош. Мада мислам дека најголема помош им даде Америка миротворецон. Бајден секој ден му се молел на Господа за Uкраинците. Од ко разбраа за ова Uкраинците си пукет, си гинет, си свиркет и си тушкет. Она им е двор им е чим вака Америка застана зад нив.

И види. Навистина е глупо денес со оружје да се решавет проблемите. Морад да се седнит на маса уз ракија и салата, само не руска и да се преговарат. Преговорите се најголемото “оружје“ денеска за решавање на проблемите. Додуша да признам јас бев на две за ова мислење. Ама ко даде изјава Бујар Османи дека и тој мислит така, дека и тој мислит дека во 21-ви век не со оружје туку со преговори све ќе се решит е тогаш си реков: да во право сум.

Ко мојт десната рака на Амети, кој е другар на командант Вентили, сват на командат Форина, зет за две сестри од прва брачеда на командат Лека, а сите членој на ДУИ наследници на ОНА, да мислит така, која брбушка сум јас да мислам поинаку.

И во право е бре шок Буки шо рече дека со оружје ништо не се постигвит. Освен 20 години власт. Ништо друго.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите