Анкетните листој за имот на кандидатите за председател ми ги отворија очиве нааа ко кромид. Не ми помогнаја да одлучам за кого да гласам но ме просветлија за кого да не гласам. Прв на листата за НЕ ми е Пендар. Како да гласам за него ко не е домаќин да не речам расипикуќа е. Уште од градинка е вшупен во политика, а тој да ти возел олд тајмер кој ретко мојш да го видиш на улуциве. Ооооо Стевооо се возело југо од 1000 еври живти леб?

Абре вентилот да ти тушит немојш да најш друг, а да не прајме мубает за некој друг дел. Како свирка да речиме. Ене стрико ми југото негово го прилагоди за кокошарник со шите шартој. Наместо задните седишта си имат клаено падок за петлите. Кај рачната е седалото, а лево и десно кај предните седишта си е леглото. Од тука преку олук во моторот јајцата паѓет во јајчарникот. А згора на покровот се напараени гнездата и колибрите за кокошките. И замисли вакво нешто возит Стево. Со си слама. Шо праел толку години или поточно на шо ги трошел парите.

Или пак кај трчат гревчено Османи? Изгледа сите пари ги имат даено за тупено иначе з`ш би напишал дека имат старо ауди А6, заем од 26 000 еври и кредит од 58 000. И мала плата. Гревче. Го шијам. Бар неам заем. Мада за кредити мојт да ми се фатит. И сега некај ваков сиромав парталко да ми ја водит држава? И тој копук.

Е Арбен Таравари ме купи. Можно е да гласам за него. Не оти и тој пријавил кизнајт шо, ама колекцијата на слики од македонски автори ме падна на гас. Била вредна околу 4000 евра. Така да ко ќе напрајт 200 години Господ знајт колку ќе вредит.

Е Гоца може да проџе. Се думам за нејзе. На нејзино име додуша со си сопатникот имала девизна сметка со 11.000 евра, штедна девизна сметка со 55.000 евра и 3.500 долари и денарска штедна книшка со 320.000 денари. Не се некој кизнајт колку пари. Мада за нејзе ми ојт да гласам з`ш многу убо објасни за сексот. Ме просветли. Објасни дека сексот е многу креативна работа и дека требит да си бил иновативен иначе ќе си бил досаден и партнерот одма ќе ме откачел. Ќе не научит и за јога секс и за тантра секс. Абе све.

Е мислам дека у овом зецом грми леж. Сите кандидати би требало да удрет во кампањата на прашањето на сексот. Нели 5 години требит да не онадет и требит да ги пропагирет начините на то кој како ќе не одит. Е то се кључните прашања кои требит да одлучат на кого да му го дајме нашиот … Абре све сиромаштија. Копуци. Ко ќе гласам ќе ги плачам на ливчето.

Е сега уште немам размислувано за парламенрните. Тука морам да напрам по опсежна анализа дури се спремам да напрам и визибилити студија. З`ш не е исто еден да те боцкат или 120 алчни стрелци да си игрет пикадо со газето твое.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите