Многу сакам работливи луѓе. Поготово жени шо многу работет. Например она ја гледав од ВМРО од  Унија на Жени од Струга. Ти се собрале да сумирет шо сработеле последнава година. Според та шо ја гледав и слушав шо сработиле ептем се препичиле. Од работа се искинале. Се равчалиле. Јас неможам да судам дал е така или не зш не сум од Струга. Ваљда работеле. Вака ко ќе шетам низ Струга кој уште е македонски град, многу многу насмеани фаци не гледам. Мада мене многу не ме воодушеви квалитативноста на нивната работи туку квантитавност и начинот на кој работеле т.е. според како шо та го крсти нивното равчалвење, многу помагале.

Да не пукнит пустата рече дека помогвеле на секакви начини  дури негде ако требело и со осмех ако неможеле пинаку. Е сега ќе си пукнам. Не и зедов телефон да и се јавам  да ја земам  на шалтер на Стопанска банка ко ќе ми дојт  ратата за кредитот, да и се насмејт на она на шалтерон наместо да се спружам со пари. Можда ќе ми помогнит. Ако ја читат колумнава ќе ја замолам ако не сакат да ми дајт телефон кај први нека прошетат во мое име по шалтерине и нека се исцепит од смеење. Ете мене така нека ми помогнит. Ак сакат. Зш не сум Стружанец. Мада искрено да бев стружанец ќе се удаев жабине кај се мочет. Зш ептем е  заебано да живејш во Струга, а да се капиш во Охридско Езеро.

Знам дека политичариве ете сега и пилитичаркиве се спремни да помогнат. Јас сум широкограден и имам положено заклетва во која во еден дел  имат:“…..ќе примам помош од секој политичар без разлика на неговата припадност само не од Бранко“. Значит и од ВМРО и СДСМ и од  ДУИ и од сите ама јасно кажвам дека од Банета нејќам. Од него ми е страв да примам помош зш ете еднаш сам кажа дека тој помогвит на еден специфичен начин, онаму кај шо имет проблем со жените, мада и објективно кажа дека немојт да постигнит.  А јас лично не сакам да примам помош од него зш ќе требит да ја примам индиректно преку жена ми. Сполај ти Бране на таква помош.

Политичариве кои и да се не дека не давет помош, туку ние касно осеќаме или покасно или пак ич немојме да ја осетиме помошта, ама знам едни  други шо морат да помогнет и одма мораш да ги осетиш благодетите зш и тие како мене  имет положено заклетва  за помош. И то хипократова. Е де. За докториве зборвам. Само една работа требит да се менит во та пуста хипократова заклетва. На едно место имат, слично како во мојана, и гласит вака:“Во вршењето на должноста према болниот…бла бла бла…..нити политичка нити класна припадност“ . Е требит да згответ нова хипократова заклетва со мала измена “..во зависнот од членската книшка“.

Морат да е вака. Зш еве и нив ги поделија на СДСМ-овци и ВМР-овци. Зш оние шо штрајкувет ти биле СДСМ-овци, а оние шо не штрајкувет ВМР-овци. И сега ај да не бидам груб ама ќе сум искрен. Според  мене самите доктори си дозволија да си се на ова дереџе на кое се така да под хитно морат да ги тргнат сите претставки така да и на едните и на другите да им останет наставките – овци. Нормално сето то во договор со Колета зш мојт да ги пратит на уставен. А дотогаш ние пациентите, дур се договорат тие со спајдермен, ќе се потрудиме да не им сметаме и по можност да не умираме. Јас се надевам дека и комарцине ќе потпричекет да не касет зш сега докторите и министерот имет поважна работа.

Дур сум кај медицинава, ќе забораев. Сега не баш за медицина ама за сексот кој во некој аспекти е дел од медицина. Ако не друго заради копулативните органи кои ги прегледвиме во гинекологија ем урологија. Шо ми беше зборов. А да. Читам ти се кренала некоја организација да се бунит дека во Словенија имал дури пет контрацептивни средства на позитивна листа, а во Македонија ниту едно единствено. Е ова најмногу ме нервират. Не информираност. Како нашето контрапцетивно средство нигде немат на светот. Требит да ја крстиме „Контрацепција на НСРМ“ и да ја патентитраме. Прво е бесплатно, второ е исто за сите, да не речам масовно дури и појќенаменско, а трето немат потреба да шеташ како напален шипарец  по аптекиве. Е сега ак незнајш како се користит то е твој проблем. Ако се информираше ќе видише дека ништо посебно не требит да учиш да за си контрапцтивен.

Се викат ЕВН или ЕСМ така нешто. Како да е сега со ова масовно контрацептивно средство деца јок. Прво зимава со новава цена на струјата полојна од родилното способно население ќе испоумрит од смрзвење. Оние пак шо ќе имет несреќа да преживеет ќе бидат копулативно не способни. Сексуално унакажени. Да не речам кастрирани. Ко ќе стегнит декември по законот на физиката сите тела се собирет. Значи во тие услови и она шо требит да се должит и она шо требит да се ширит се стегат. Едното се прајт ко фазомер другото ко менгеме и ела да те видам, да не речам, она как се викат…е де , да те видам ај онакви го онаквото во таквото и истакви се.А? Така да со тек на време како многу работи шо не се употребвет подолго ќе си закржлает и ќе си се одвикниш.

Мада како е тргната работава за 3-4 месеци ќе ни закржлает и јазикот и желудникот и така да не бадијала реков дека ова котрацептивно средство е ем масовно ем појќе наменско. Не така?

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.