Комуњари ги знаете кои се ?Тоа се оние што изгубија !На кои им се потсмеваат старите и новосоздадените почитувачи на власта.кои после големата победа како подвижно пано ја рекламираат сопствената припадност кон победничкиот табор (не им се радувајте тие имаат по најмалку две различни маички)Комуњари умрите!Комуњари затвор за вас ! Комуњари без вас се може(без ДУИ , ДПА ,Нова демократија од Селмани не може). Комуњари не ми текнува што ама се најлошо за вас! Ако се прашувате кој вика толку гласно ќе ви кажам .Најгрлати се ВМРО-овците а не помалку и нивните сателити. Да беше обратно ќе сфатев бидејќи црвените се атеисти ама вака не се сложува со личната карта на продуховени десно ориентирани,конзервативни луѓе.А значи тука е проблемот?.Таа е алката што фали. ЕУРЕКА!
Се работи за импровизација И тоа колективна.Значи не биле атеисти комуњарите (сите) а ниту верници овие другите.Браво за мене открив топла вода! Импровизациите во образованието на своја кожа ги чувствувам (за жал)но сакам да ми објасните што се случува за да ми биде полесно.Како е можно во град зборувам за Струга во кој на последните предвремени избори да не речам 90% ама скоро толку луѓе гласаа за ВМРО(македонци) бројот на ученици запишани на веронаука да е 9 од кои едно е моето дете? Како е можно?Во Скопје во училиштето Вера Циривири Трена- 5 .Беше дадена општа бројка која е далеку од за да ти се верува дека 16000 илјади се определиле за веронаука а 6000 за историја на религии.Не земајте здраво за готово .Тие вторите се сигурно повеќе но се сите македонски деца .А во првите многу се муслиманчиња и католици.Кога сме кај нив сте прочитале натпис во кој муслиманите се бунат што ќе учат веронаука ?.Сте ги слушнале ли католиците да негодуваат?Не драги мои тоа е за нас оставено .За православните по збор(тогаш зошто се буниме што СПЦ не ја признава МПЦ).Ние сме тие кои рушејќи го своето право ќе се избориме и другите да сфатат дека ќе згрешат ако одберат веронаука.Тоа ќе ги направи да бидат заинтересирани за сопствената духовност и традиција а тоа е погубно !!!.Треба да се биде секуларист,глобалист да се бараат нови вредности за новиот светски поредок-глобалното село а не глупи и тупи православци!.Ние обичните смртници не комуницираме на ти со големите ни политичари но би сакала да го прашам г-динот Жерновски као тоа мисли дека училиштата со еден 40 минутен предмет се претвораат во цркви и џамии(заборави и катедрали). Прво господинот е доказ дека треба ваков предмет кој не е гаранција дека ќе стане некој верник но сепак е гаранција дека ќе знае дали реченицата изговорена на тема православна веронаука е точна или неточна. Г-дине Андреј црква е онаму каде по откровение Божје се служи Света Литургија и не онаму кај што се опишува Причестувањето туку кај што се Причестуваме.Ако утре по ваша или нечија друга слободоумна заложба се изучува сексуално воспитување ќе обвините дека тоа се часови на кои се практикува секс? Но тогаш ќе молчите или подобро речено ќе подржувате бидејќи подобро е вашата и мојата ќерка од 12 години да почне да пие анти беби пилули кои во комбинација со презерватив (значи не само кондом)се сигурна заштита од несакана бременост. Да ги воспитаме ќерките дека абортусот не е убиство туку слободен избор( на оваа тема сум посебно глупава бидејќи никако да сфатам како тоа ако не абортираш раѓаш човек а ако абортираш убиваш -што? ништо ,или животно ама пустината и животно е грев да убиеш).Ова е во ред не е во ред да и кажеш на ќерката дека нејзиното тело е свето дека девственоста не му се дава да ја згази првата запалена сексуално незрела будала за потоа да ја користи како трофеј.Не е во ред да провери дали ја сака некој без сексуален однос кој ќе дојде сам по себе но не мора на првата средба!Ова не треба јас да го кажувам. Во најмала рака тоа треба прво Црквата а потоа Владата која е иницијатор. Но заборавив се работи за импровизација. Како инаку ќе ги сфатите верниците кои на Мала Богородица се зафатија со големо чистење.Прекршија ,згазија ,непочитуваа два празници еден веќе споменатиот и вториот Недела кој како ден е даден да биде посветен на Бога. Затоа велам едните се можеби комуњари ама и овие вториве ги следат затоа ги нареков Вмуњари. Ниту за еден не се зголеми бројот на луѓето кои во Недела одат в Црква на Света Литургија. Не е доволно да се рече верувам треба тоа да се покаже! А тоа е тешко без камери! Да завршувам полека. Се надевам дека часовите по веронаука ќе придонесат многу пред се за самите деца и нивниот духовен раст .Ќе им помогнат да го сфатат животот и живеат со вера и надеж дека секое искушение може да се надмине. Сакам да научат дека сите денови се Божји (и Вторник) Дека во пости не се венчава. Визитите ако се во Среда или Петок или за време на четирите Големи Пости се со посна трпеза(не е се до саламата),дека на задуша се носи само нафора(леб) вино и пченица, дека не се оди на гатачи, бајачи не се толкуваат сонови не се изработуваат натални карти, дека не се родени во годината на свињата или змијата! Да знаат дека маскенбалите се пагански обичаи.Со два збора да бидат верни а не суеверни.Толку!Дали деветмина се доволни за ова не знам но и квасец се става малку за многу брашно! Се извинувам на сите кои ги нареков комуњари и вмуњари.Сосема сум свесна дека верник е нешто независно од политичка определба. Но го користев нивниот речник зборовите на омраза кои меѓусебно си ги упатуваат се со надеж дека таквиот вокабулар ќе биде заменет со говорот на љубовта кој се учи на часовите по веронаука.