Професионалната деформација е нешто што поради сопствениот избор станало наше секојдневие.Секој анализира воден од сопствената едукација независно на кој степен е истата.Да не набројувам примери знаете за што
зборувам.Во ова изгор лето ви нудам една освежителна колумна. Што значат нашите лични имиња?,Можеби знаете за сопственото но ќе дознаете и за некои други имиња…
На ова ме наведе една ситуација во која се најдов а чиј развој следи. При една посета кај блиска роднина слушнав една расправија која се водеше помеѓу присутните.Имено снаата сакајќи од една страна да удоволи на домашните (секако од машка страна) но од друга нејзиното дете да има убаво име направила компромис односно името на свекорот Ставре го дала на своето дете но со словенска транскрипција Крсте. И сега едни ја критикуваа а други велеа нејзино дете па како сака .Но именувањето на детето е стопроценти правилно. Се работи за истото име (јас сум класичен филолог односно предавам латински и старогрчки јазик)па објаснив и застанав на страната од снаата. Вакви примери има многу.Јас да си тргнам од најблиските.
Без намера моите и на сестра ми и мене ни дале исто име Таа е Мирјана а јас нејзиниот грчки еквивалент Ирена(мир).Ќерка ми се вика Евгенија а нејзината тетка Благородна.Маргарита е Бисера. Можете да кажете ова е син ми Спасе крстен е по дедо му Сотир или ќерка ми Елефтерија крстена по баба и Слобода како и Вангел кој го добил името по Благоја и во ниеден случај нема грешка. По статистика најчесто машко име е Александар а всушност тоа е Бранко или женскиот пандан Александра односно Бранка. Секој Горан може да биде Силвио а Силвана ,Горана .Госпоѓица Светлана е Луција или Свето ,Фоти одберете сами. Знајте дека Здравко е Валеријан а Валерија Здравка ,Анастасија е Воскресија а Евангелина Благовесна . Но внимавајте има разлика дали детето ќе биде Танас или Атанас и тоа суштествена.
Доколку ја одберете првата варијанта тогаш сте одбрале детето да го наречете смртен но со втората се’ се менува тоа ја негира смртта и бесмртен станува секој Атанас, Васил е крал а Василија ,Василка Васка кралца. Андреј е храбар или мажествен, Анатолиј значи исток ,Антон возвишен,Ангел гласник,Георги господар (земјопоседник)Георгина господарка како и Домника .Петар е Каменко а Една е Уна или Миа како сакате. Никола е народен победник Поликсена гостљубива а Ефросина и Ефимија значат радост,среќа или Ведрана. Може да се биде Теодор или Божидар како и Теодора,Доротеја или Божидарка .Стефан значи венец или кралска круна Климент изданок (најчесто од винова лоза) Софија мудрост а Ксенија странец Љубе е Харис Офелија помош или корист,Тимотеј скапоценост, вредност,Доксе е Славе како што и Глорија е Славка(различните корени се во зависност дали е од ст.грчко или латинско потекло) Ова нема крај .вакви примери има многу ако се пронајдовте добро ако не во друга прилика . Сепак компромисот е добра работа.
Ирена Чакареска