Абе читам:….. “Смешна работа, ама така е. Ќе ги прашам само како ги поделија комарците по етничка или политичка основа? Јас не ги делам, во Струга има граѓани и туристи од целиот свет што треба летото мирно и спокојно да го поминат.-изјави градоналаникот на Струга Зијадин Села.“……и не ми е јасно шо лупна биталсов Ринго Стар…..ај реков пак….“ Смешна работа, ама така е. Ќе ги прашам само како ги поделија комарците по етничка или политичка основа? Јас не ги делам, во Струга има граѓани и туристи од целиот свет што треба летото мирно и спокојно да го поминат…… 

Си реков како можит комарци да делиш на етничка основа. Застанав на тераса ги гледам….абе да им се прднам сите ми беа исти. Нити видов некој комарец со кече, нити со фес, нити со  шајкача….Комарец ко комарец. Да те каснит,  да те потечит, да ти ја исцицат крвта и да се чешаш цел живот. Мада то ни го прает и политичариве ама не ги викаме комарци. Не така?

Ама ај си реков. Јес дека чоекон не се чешлат и е мрсен во косана ама ваљда имат под неа нешто па мојт да мислит. И реков дај да не лупам бадијала да го пишам по колумни пред то да истражам малку  навистина дан  имат такви или онакви комарци. И види чудо најдов многу работи.

Само шо напишав на википедија КОМАРЕЦ опааа ми излегвит “борец за права“ – македонија 2001 година. Мајката реков. Сепак имало различни комарци. После то ми излезе некоја врста на “под дифолт загрозени комарци“. Читам за нив викат вака: “овие видови на комарци се осеќет загрозени секогаш и секогаш се жалет и напаѓет во ројој при цицање на крвта. Никогаш не одет само по сам и колку и да ви ја цицет крвта не се задоволни. Немат никаква заштита од нив не те спасвит ни аутан…..колку и да им дајте малку им е и одма се собирет во ројој, како племе и многу зујат. А ако нешто не им  дајш, како например, крастасјца, зш комарци не јадат крастајци, тие пак се бунат и викет дека не си им дал зш ги мрзиш овие “под дифолт загрозени комарци“.

Виш сепак овај Селак, пардон , Села не лупал ко максим по дивизија. Продолжив со истрагата за комарците. Најдов….“комарци уметници“….мајката….викат….“на овие комарци усниот парат не им е како боцкало и цицало туку како некоја врста нож им е со која прает многу разни уметнички дела. Како подлога за цртање обично барет чоечки плешти и со ножот цртет по цели плешти. Често, шо е за чудење, знает да пишет и букви по грбојте на луѓето, мада викат на википедија, до сега е откриено дека знает само три букви: “У“, “Ч“, “К“ . Сеуште од научниците се истражвит зш само баш овие букви ги знает овај вид на комарци.“

Најдов уште многу видови на сродни вакви комарци имаше доста интересни работи ама една работа ме изненади шо викат дека овие различни видови комарци, кој се од исти тип, меѓу себе како видој се мешет ама со други типови не. Хм? И се многу ретки, влезени се на црвена листа на заштита. И ми текна. Највероватно Струга е полна со вакви комарци и зато имет одлучено да не прскет за да ги заштите овие комарци. Зато Ринго Стар нека не се лутит.

Еве најново шо најдов можда е доказ дека сепак биталсон мојт да имат право дека и на национална основа се поделени комарцине ама не дека некој ги делит ами сами си сакале така. Зато нека не дрндат многу. Ќе ти праеле некое комаречко здрушение шо ќе се викало “Албафон“ наменето само за такви комарци. Не биле задоволни од третманот на другите оператори посебно од јазикот.

Јас пак мислев она ко ќе си недостапен шо го викат : парапагуаси нукаш  н`  диспозицоин.  Ју   љутами провони  мовон.……дека е на албански, а то ти било на папуо ново гвинејски јазик. Ко така аку нека си имет свој оператор. Дури слободно нека го крстет „Комарец фон“.

Најдов уште многу податоци за ваквиве комарци ама немам  време да пишам. Морам да одам за Скопје. Зедов колчиња, конец, две врешчи гној, GPS, чекан, геодет и пушка двоцефка. Да бе. Разбрав дека Скопје она шо е останато празно од плоштадон ќе го делеле по парцели по мене по тебе пак реков да земам и јас една. За бавча, за ова она….А двоцефкава? Па да , гужва ќе е, скоро ништо слободно не е останато за делење дан ми притребит со некого ко со чоек да се разберам.Или ак се разберам, да неморат за то да ја употребам, можда да имат типична скопска парада, така да……Уф ќе забораев и “Аутан“.  Таму ти било полно со комарчишта.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите
изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.