Абе море ти…..шо зборвиш…хихихих….незнаев дека ова е недела на вицој. Абе се скинав од смеење. Да не речам се посрав од смеење зш глупо е вака јавно да го речам то. Абе…..охохохохо…..ако не ми кажеше дека е недела на вицој…хихихихи…..ќе пукнев од мака. Ко ги читав цела недела вицојте викнав брза помош, да ми клајт нешто да не ми пукнит меов. Абе шо ќе беше ова вицој неделава охохоохохохохо. Уште не можам да се соземам.

Читај го овај: “Медиумите да ги тргнат од своите веб страни сите текстови поврзани со материјалите од прислушуваните разговори што ги објави лидерот на СДСМ Зоран Заев. И повторно никогаш не смеат да ги реобјават и користат, во спротивно кривично ќе одговараат. Медиумите во иднина не смеат да објават ни збор…“ ихихихихихихи. Абе пусти Талат Џафери….опс…..командат Форина де…. како ме изнасмеа….да би пустина не фатил….ама после фатил. Лом е. Ооооооо шок Форина. Ооооо командатевет Форина. Какаше ти ? Ами кај ти е силата ко пукаше на македонците? Шо се посра сега од то дека ќе се разоткриеш пред светот дека си, месождер, националиста, шовиниста…..хихихих….јак виц. Незнаев дека командатевет бил и шегобиец ….мислев дека е само човекобиец.

Ам море шок, мислам зашто, ти се мољам ти заш и да не се објавет сите слушнавме дека је сјебавте државава ти, другар ти Амети и нашите шокој кој беа во спрега со тебе и ти дозволија да одржиш прес и да ни го кажиш најголемиот виц шо постојт на светот. Ама едно не осети….оооооо команданти Форинааа оооооо….те напучија на пресот. Утре да речет…..не , не знајме зш митралезецот Форина се напучи…ихихихихихихи. Јак виц кажа борецу за дрва…..за права де. Кërkoi falje mëkatuar де.

А пази овај виц….умрев….хихихи: “…Тука живеам, имам стан од 60 метри квадратни а немам паркинг. Плаќавме и за дворни места, но паркинг не добивме. До мене има платен паркинг, но немам намера да и плаќам на државата паркинг и за мојата и за колата на сопругата. Јас не се кријам и затоа ја оставив легитимиацијата да знаат кој сум. Ќе се паркирам така додека не ми обезбедат паркинг….“ Овај виц го кажа судијат Солтир Ташков. Абе…..ахаххахахах….незнам кој виц е појак…..лом се да си…

Оооо Солтире оооо……хихихих Солтир. Шо име ќе беше ова. Абе на чоек ко ќе му дајш име Солтир осуден е вицој да кажвит и да не смејт до без свест и да мочаме од смеење. Ме расположи бре судијо бре. Ме изнасмеа. Дури мангава рече дека ќе плаќал казна колку и да требит дур не му обезбеделе паркинг….. ооооооооооооооохохохоохохохо….. ептем јак виц. Ооооо Солчо, дан сакаш да ти резевирет и леб и ќош зад зградата само ти да мочаш. Ах как не ојдов за судија ама од рангот на Солтира. Морееее, бетер од Мујо и Хасо се двајцава.

Да да во негов ранг. Ама јас сум само обичен граѓанин кој не можам дома да паркирам и то позади собрание, а ако се јавам кај надлежните и да се пожалам, морам да остам свој генералии, да кажам кој број на кондури носам, дали на жена ми и е реадовна менструацијата, колку пати редам чепчиња за хемороидиве и дали имам габична инфекција меѓу прстиве, па тие ќе размислеле дали да ќе реагирет.

Мада еднаш морам да бидам искрен ми излегоа во пресрет. Зш приземје сум ми се најави еден ѕиркач и ко се јавив да пријавам ми рекоа ако дојт пак јависе. Јас, зш глуп обичен граѓанин, не сум ко Салтира наш голем маж, само прашав дал требит да го замолам ѕиркачот да ги почекат дур дојдет да го уапсет, за то време да го послужам со кафе пред да се предајт и слично. Абе вицој…..хихихихи…..се кинам од смеење….од шо ме смеат како сум расположен ми идат да го бацам и Форина.

И ако до сега се думав дал да го мразам Заев веќе одлучив. Го мразам. Ме убеди една женичка од Струмица, која беше интервјуирана од Латасовиот Сител, која кажа дека Заев ветил, а не остварил во Струмица. Женичката беше ромка со завршено второ оделение прво полугодие и два големи одмори од второ полугодие и книги за трето. Завиткани. Со мрсна хартија. Со цвеќиња. Браво за Сител. Јака поткрепа нашле и доказ здрав. Ја зезнавте и А1 и Велија во необјективност.

А не. Не е ова виц. Вистина е. Исто вистина е то дека сме имале и најмали даноци во светот. Да да. Се објави та табела. Не е виц. Ај ќе почекаме да објават табела колку бензин мојме да туриме со платата. Па тогаш ќе видиме дали имат виц. Ама ко ќе ја објават ми е страв Форина дан го скинит табелана. Можда пак не ќе добиет подршка. Ама гарантирам дека ќе успејт со закон да забранит да се играт фудбал во НСРМ.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив