Немој појќе да ми си се жалел дека нон стоп имат турски серии и сапуници по телевизииве и дека е досадно да се седнит пред телевизор. За брзо ќе имаме наша сапуница. И то од квалитетнине сапуници шо прает стотина меури со едно стегање на прстот и оние шо убо распрсквеле.

Ете новиот председател на Уставен суд ни кажа дека судот ќе работит ептем транспаретно со снимање и давање на седниците во живо. Само не кажа кога и дали ќе имат репризи на епизодите. Све ова со цел да се вратит довербата на народот во Судството и правото. Само пустиот ете не кажа, а го прашаа, дали Давкова постапила уставно ко го избегна она северноно.

Ко ќе дојдело то на ред, тогаш на седница ќе кажел з`ш друго е све алаш вериш, а на седница е транспаретно. Ништо тајно. И вервам дека на ваков начин ќе почнит народот да вервит во правдата во нашава Македонија. Уф ете и јас се потзаебав. Ја заборајв Северна. Можда новиот председател Дарко ќе ме втикачит и мене на некој седница за дискусија. Важно ќе е транспаретно. Додуша кај нас све е транспаретно и за то им вервиме. Над 30 години цело крадење е транспаретно, а не во некој подрум, и зато јас вервам дека нашиве может и Швајцарија да ја опердушат. Ама ете јас се збунав.

Додуша не сум сам збунат. И Африм Гаши се исплетка целиот ко кажвеше која е неговата држава. Дал кај шо е роден или пак кај шо се родени неговите мама и тато. Ама ете. А искрено за мене не е збунвење туку чоекот се подонади малку. Скокна Мицале и побара од Африма да се извинит на народот во државава з`ш тој од овде земал плата не од Косово. И друго додуша. Ко сите. И чоекот нејсе се извина. Ама незнам дали Мицале сега ќе барат пак извинвање з`ш Африм при извинвињето ја спомна Северна. Можда ќе испаднит сега ај пак извини се ама немој да се замервиш со Мицкота. Или пак сега нека не на цел народ нека се извинит кај Гоца и Мицко. А ќе бидит пофален од ПТРГ (Поранешна Турска Република Грција).

Е сега командант Форина дал е збунат или така си сакат и извршвит две функции ем премиер ем пратеник незнам. Според мене не е збунат туку е дете. Ој ти на детено шо му имаш купено точак, дај му го години да го возит и ко требело и ко не требело, сега да те видам земи му го. Па се навикна чоекот сегде да командуват и сега не му се дават комндата на техничка ли тактичка ли или како сакаш наречија сегашна влада. Не дека чоекот заборај како се прает заседи или како се затворат главен шибер за цел град да останит без вода ама пак сега е тешко да се вратит на то. Чоекот беше изолиран од нормалниот свет 20-тина години, а техникава ојде напред. Додуша водомерите не се дигитални ко сатојне за струја, ама пак каколку толку се ојдени понапред. Мада незнам шо толку се секират.

Сега за све во државава имат академии така да командант Форина мојт да си се запишит на академија за водоводџија.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите